Работник во производство пакувач

За компанијата: Предизвиците во областа на човечките ресурси не се само наша секојдневна работа, туку се и наша страст. Нашето знаење и експертиза ни дозволуваат да имаме уникатен пристап кон секоја задача. Нашите клиенти... повеќе за компанијата »

 

Вивакс е македонска компанија која постои 30 години и брои повеќе од 110 вработени. Постојаното вложување во модернизација на производствените процеси, ја прават една од најуспешните компании на Балканот, во полето на производство на овошни сокови.

Секој напредок и достигнат успех на компанијата е резултат на успешното функционирање на целиот тим, желбата за заедничка работа и позитивната енергија.

Искористете ја можноста за кариера во Вивакс и аплицирајте за позицијата:
РАБОТНИК ВО ПРОИЗВОДСТВО – ПАКУВАЧИ

Одговорности и задачи:

  • Работи на производни линии за припрема и полнење на сокови.

Потребни квалификации:

  • Минимум ССС.
  • Со или без работно искуство.

Од кандидатот очекуваме:

  • Способност за работа во тим.
  • Самоиницијативност, исполнителност и чесност.
  • Организираност и одговорност.
  • Способност за извршување на работни задачи, врзани со рокови.
  • Ефективна вербална комуникација.

Ви нудиме:

  • Mесечна плата за првиот месец на работа (со можност на зголемување на платата од вториот месец на работа) во висина од 26.000 – 30.000 денари (во зависност од предходното работно искуство на кандидатот на иста или слична позиција и додатоците на плата по основ на: минат труд, ноќен труд, прекувремена работа и други, согласно законските прописи)
  • Исплата на регрес за годишен одмор;
  • Можност за напредување во работата и награди за работна успешност и посветено извршување на работните задачи;
  • Обезбеден оброк;
  • Работа во пријатна и позитивна атмосфера.

Сите заинтересирани кандидати нека испратат свое CV со фотографија не постара од 6 (шест) месеци и мотивационо писмо на e-mail:  [најави се за да го видиш е-маилот]  со задолжителна назнака “РАБОТНИК ВО ПРОИЗВОДСТВО“.

Конкурсот е отворен 10 работни дена од неговото објавување (од 27.06.2024 до 10.07.2024).

Напомена:

  • Само апликациите кои ќе влезат во потесен круг, ќе бидат контактирани.
  • Апликациите без назнака за позицијата на која аплицира кандидатот, НЕМА да бидат разгледани!

 

Сакаш да те препорачаме кај компаниите?

барај огласи за вработување » барај останати огласи »