Промовирани огласи »

Министерот за економија Крешник Бектеши очекува од денеска да почне намалувањето на цените на одредени прехранбени производи поради одлуката на Владата со која производителите на храна ќе добијат субвенционирана цена за електричната енергија.

Бектеши вчера вечер во гостување во емисијата „10 минути“ на ТВ 21 појасни дека од производителите на прехранбени производи ќе треба да им понудат на маркетите нови намалени цени, но дека треба да се има предвид и фактот дека маркетите имаат залихи од претходно.

Одредени маркети имаат залихи од претходно. Од утре треба да почне намалувањето на цените. Производителите на прехранбени производи од утре ќе почнат да им нудат на маркетите нови цени кои се намалени согласно одлуките за субвенционирана електрична енергија, рече Бектеши.

Најавува и засилени контроли од страна на Пазарниот инспекторат, а ги повика и граѓаните доколку забележат злоупотреби кај трговците, да ги пријават.

Во однос на топлинската енергија, Бектеши соопшти дека се обезбедени доволно количини на природен гас за топланите и дека граѓаните до крајот на грејната сезона ќе бидат во континуитет снабдении со парно греење. 

Промовирани огласи »

Вечерва се падна голема Лото добивка од 32.921.304 денари или над 500.000 евра на извлекувањето на среќните броеви.

Добитната комбинација е 2, 10, 11, 12, 24, 36, 37, а лото ливчето било уплатено во објект „Детелинка“ во Кичево.

Засега нема повеќе информации за идентитетот на среќниот добитник.

Промовирани огласи »

Нова американска студија на Партнерството за аналитички истражувања во безбедноста на сообраќајот (PARTS) открива дека активните безбедносни системи во автомобилите значително го намалуваат бројот на сообраќајни несреќи.

Поточно, судирите одзади со други возила беа намалени за 49% кога возилото беше опремено со предупредување за преден судир и автоматско сопирање, во споредба со автомобилите кои се судрија со други возила и не беа опремени со ниту еден систем. Системите, исто така, помогнаа да се намалат повредите при несреќа за 53%, според списанието „HAK“.

Системите за автоматско сопирање се клучот за безбедноста бидејќи ако автомобилот е опремен само со систем за предупредување на возилото напред, судирите се намалуваат за само 16%, а стапката на повреди се намалува за 19%.

Студијата, исто така, ја разгледала ефективноста на системите за предупредување за напуштање лента и системите за одржување лента. Комбинацијата на предупредување за напуштање лента и помош при задржување лента помогна да се намалат судирите за 8%, а исто така да се намалат повредите за 7%.

Промовирани огласи »

Од утре 518 потрошувачи од слободниот пазар ќе користат поевтина струја преку ЕСМ. Училиштата и претпријатијата за водни услуги ќе плаќаат 95 евра за мегават час, а производителите на храна – 80. Надлежните се уште немаат пресметка колку струја ќе влечат новите приклучоци, ама премиерот ветува дека увозот ќе се намалува, бидејќи за скоро ќе проработат термоелектраните Осломеј и Неготино.

Со ставањето на сите капацитети во производство ќе се намали потребата од увоз на електична енергија со оглед на тоа што ќе имаме зголемено производство во државата. Граѓаните не треба да се грижат, затоа што финансиската конструкција беше обезбедена со ребалансот на буџетот- Димитар Ковачевски, премиер.

Дел од компаниите реагираа дека се одбиени поради тоа што имаат фотоволтаици. Од ЕСМ преку соопштение велат дека не одлучуваат кои броила ќе бидат одобрени за приклучување за снабдување преку ЕСМ Продажба од 1 декември 2022г. Наведената обврска е во рамките на правниот субјект во рамките на ЕВН кој ја врши дистрибуцијата, и одобрувањето и прифаќањето се врши согласно правилата на работа на наведеното правно лице, велат од ЕСМ

Цената на продуктите ќе мора да ја намалат сите. И корисниците на поевтина струја и оние кои не аплицирале или не ја добиле помошта. Од ВМРО-ДПМНЕ побараа и други мерки за дополнитно намалување на цените.

Ја повикувам пазарната инспекција да контролира повеќе во маркетите за да види дали цените навистина ќе бидат намалени. А за дополнително да се намалат цените може да се интервенира со активирање на стоковните резерви и со замрзнување на цените на производите.– Бојан Стојановски, пратеник на ВМРО-ДПМНЕ .

Стопанската комора, пак, која со месеци бараше владина поддршка, сега не ги коментира ефектите од оваа мерка.

Тоа е прашање кое не е тема на денешниов настан – Елена Милевска Штрбевска, заменик претседател на Стопанска комора.

Во меѓувреме, за првпат по два месеца, берзанската цена на струјата скокна на 400 евра за мегават час. Домашните компании кои нема да користат субвенционирана струја, ќе ја плаќаат оваа цена. Во вакви услови, ЕСМ продажба продолжува да купува струја. За утре е планирана нова набавка тешка осум милиони евра. Набавени се над 23 илјади мегават-часа струја за само четири дена во декември. За новиот оглас, Мицкоски на ФБ реагираше дека плаќањето е со аванс, за авансно да добиваат провизии.

Повеќе вести...
барај огласи за вработување » барај останати огласи »