Промовирани огласи »

 Сојузот на синдикатите на Македонија апелира Уставниот суд да го поддржи договореното помеѓу социјалните партнери – недела да биде неработен ден за најголем број на работници освен за дејностите кои социјалните партнери ги определија како исклучоци поради неопходноста од континуирано одвивање на одредени производни процеси.

Потсетуваме дека и рефератот на овој предмет беше да не се поведе постапка, што значи Законот за измените и дополнувањата на Законот за работните односи со кој се уреди правото недела да биде неработен ден да остане во правниот поредок и недела да остане неработен ден, а очекуваме ваквиот реферат, овој пат да биде поддржан едногласно од сите уставни судии имајќи во предвид дека претходниот пат одлуката не беше донесена поради потребниот кворум, но 4 уставни судии го поддржаа рефератот, велат од ССМ.

Оттаму посочуваат дека во никој случај правата од работен однос во демократските држави не смее и не може да се креираат само врз основа на волјата и барањата на оние работодавачи кои, како што велат, се мотивирани само од својата желба за поголем профит, без притоа да се води грижа за остварување на  работничките и човековите  права.

Поради сето ова го повикуваме Уставниот суд да не ја прифати иницијативата на Стопанската комора како спротивна на Уставот и да ги остави во сила одредбите од законските решенија со кои недела е неработен ден за најголем број на работници и на тој начин да придонесе за зацврстување на правниот поредок и правната сигурност на работниците и граѓаните во државата, се наведува во соопштението од ССМ.

Уставниот суд денеска треба да одлучува по Рефератот подготвен по претходно поднесената иницијатива од страна на Стопанската комора на Северна Македонија, со која е оспорен Законот за изменување и дополнување на Законот за работните односи, којшто во својата содржина опфаќа „работа во недела”.

Промовирани огласи »

Министерот за економија Крешник Бектеши очекува од денеска да почне намалувањето на цените на одредени прехранбени производи поради одлуката на Владата со која производителите на храна ќе добијат субвенционирана цена за електричната енергија.

Бектеши вчера вечер во гостување во емисијата „10 минути“ на ТВ 21 појасни дека од производителите на прехранбени производи ќе треба да им понудат на маркетите нови намалени цени, но дека треба да се има предвид и фактот дека маркетите имаат залихи од претходно.

Одредени маркети имаат залихи од претходно. Од утре треба да почне намалувањето на цените. Производителите на прехранбени производи од утре ќе почнат да им нудат на маркетите нови цени кои се намалени согласно одлуките за субвенционирана електрична енергија, рече Бектеши.

Најавува и засилени контроли од страна на Пазарниот инспекторат, а ги повика и граѓаните доколку забележат злоупотреби кај трговците, да ги пријават.

Во однос на топлинската енергија, Бектеши соопшти дека се обезбедени доволно количини на природен гас за топланите и дека граѓаните до крајот на грејната сезона ќе бидат во континуитет снабдении со парно греење. 

Промовирани огласи »

Вечерва се падна голема Лото добивка од 32.921.304 денари или над 500.000 евра на извлекувањето на среќните броеви.

Добитната комбинација е 2, 10, 11, 12, 24, 36, 37, а лото ливчето било уплатено во објект „Детелинка“ во Кичево.

Засега нема повеќе информации за идентитетот на среќниот добитник.

Промовирани огласи »

Нова американска студија на Партнерството за аналитички истражувања во безбедноста на сообраќајот (PARTS) открива дека активните безбедносни системи во автомобилите значително го намалуваат бројот на сообраќајни несреќи.

Поточно, судирите одзади со други возила беа намалени за 49% кога возилото беше опремено со предупредување за преден судир и автоматско сопирање, во споредба со автомобилите кои се судрија со други возила и не беа опремени со ниту еден систем. Системите, исто така, помогнаа да се намалат повредите при несреќа за 53%, според списанието „HAK“.

Системите за автоматско сопирање се клучот за безбедноста бидејќи ако автомобилот е опремен само со систем за предупредување на возилото напред, судирите се намалуваат за само 16%, а стапката на повреди се намалува за 19%.

Студијата, исто така, ја разгледала ефективноста на системите за предупредување за напуштање лента и системите за одржување лента. Комбинацијата на предупредување за напуштање лента и помош при задржување лента помогна да се намалат судирите за 8%, а исто така да се намалат повредите за 7%.

Повеќе вести...
барај огласи за вработување » барај останати огласи »