Шеф плати патување во Дизниленд на 10.000 свои вработени и нивните семејства.
Милијардерот и сопственик на мултинационалниот фонд „Citadel LLC“, Кен Грифин, решил да ги награди своите вработени и нивните најблиски со патување во Дизниленд на Флорида. Тој ја доби титулата „најдобар шеф досега“. Како што објави Форбс, неговиот хеџ фонд е вреден приближно 31,7 милијарди долари, што го прави 40-ти најбогат човек во светот. Шефот им се заблагодарил на вработените за одличниот бизнис и рекол дека им претстои „неверојатна иднина“.
Портпаролот на Цитаделот, Зија Ахмед, откри како милијардерот плаќал авионски билети од Њујорк, Хјустон, Париз, Цирих и други градови, но платил и за хотелско сместување, билети за Дизниленд и храна, која вклучувала сè, од јагнешко месо до суши и паела. Грифин го изнајмил просторот во Дизниленд исклучиво за вработените во Цитадел и им платил на Колдплеј, Карли Реј Џепсен и диџеј Дипло за да ги забавуваат работниците и нивните семејства.
Ова не е прв ваков случај. Претходно, имаше и газди кои на своите вработени им нудеа гратис одмор на луксузни места.