Промовирани огласи »

Новогодишните и Божиќните празници се приближуваат, но во главниот град сè уште нема празнична атмосфера. 

Јавноста во неколку наврати коментираше и прашуваше дали Скопје ќе блесне за престојните празници, а скромен одговор на тоа прашање, даде градоначалничката на Град Скопје, Данела Арсовска, во гостувањето во емисијата „360 степени“. Арсовска даде позитивен одговор и најави детали на прес-конференција.

Ќе имаме една посебна прес-конференција на којашто ќе ги истакнеме сите оние работи кои ќе се одвиваат, не само за новогодишното украсување, туку и за програмата која ја планираме за скопјани за новогодишната ноќ и верувам дека треба да биде споделена со целата јавност со деталите - рече Арсовска.

Промовирани огласи »

Нискобуџетниот авиопревозник „Визер“ ќе прекине да сообраќа на авионски линии од Скопје и од Охрид до четири европски градови.

Авионите на оваа компанија нема да летаат од Скопје кон Финска, односно, Турку и Билунд, и линијата до Турин, а се укинува и линијата Охрид-Фридрихсхафен, објавува exyuaviation.com

Летовите за Турку беа воведени во 2019 година, додека за Билунд во декември минатата година.

Освен што оваа авиокомпанија укинува летово од Скопје, ќе бидат прекинати и авиолиниите меѓу меѓу Шарлeроа во Брисел и Љубљана, Белград и аеродромот Хан во Франкфурт, како и меѓу Тузла и Ваксјо во Шведска.

Промовирани огласи »

Шеф плати патување во Дизниленд на 10.000 свои вработени и нивните семејства.

Милијардерот и сопственик на мултинационалниот фонд „Citadel LLC“, Кен Грифин, решил да ги награди своите вработени и нивните најблиски со патување во Дизниленд на Флорида. Тој ја доби титулата „најдобар шеф досега“. Како што објави Форбс, неговиот хеџ фонд е вреден приближно 31,7 милијарди долари, што го прави 40-ти најбогат човек во светот. Шефот им се заблагодарил на вработените за одличниот бизнис и рекол дека им претстои „неверојатна иднина“.

Портпаролот на Цитаделот, Зија Ахмед, откри како милијардерот плаќал авионски билети од Њујорк, Хјустон, Париз, Цирих и други градови, но платил и за хотелско сместување, билети за Дизниленд и храна, која вклучувала сè, од јагнешко месо до суши и паела. Грифин го изнајмил просторот во Дизниленд исклучиво за вработените во Цитадел и им платил на Колдплеј, Карли Реј Џепсен и диџеј Дипло за да ги забавуваат работниците и нивните семејства.

Ова не е прв ваков случај. Претходно, имаше и газди кои на своите вработени им нудеа гратис одмор на луксузни места. 

Промовирани огласи »

Владата донесе Одлука за прераспределба на средства помеѓу буџетските корисници на централната власт и помеѓу фондовите.

Имајќи ја предвид обврската за исплата на регрес за годишен одмор за 2022 година до крајот на тековната година (К-15), како и правосилните судски пресуди и најавените понатамошни судски постапки за остварување на правото за неисплатен регрес за годишен одмор за 2020 година, а со цел намалување на товарот врз Буџетот по основ на судски и адвокатски трошоци, на предлог на Министерството за финансии, Владата донесе заклучок со којшто буџетските корисници и единките корисници опфатени со Гранскиот колективен договор ќе бидат задолжени потребните средства за исплата на регрес за годишен одмор за 2020 и 2022 година во нето износ од по 9.000 денари, да ги обезбедат во рамките на одобрениот Буџет за 2022 година, со внатрешна прераспределба помеѓу расходни ставки.

За буџетските корисници и единките корисници опфатени со Гранскиот колективен договор, коишто немаат реални можности да ги обезбедат потребните средства за исплата на регрес за 2020 и 2022 година со внатрешна прераспределба во рамките на сопствениот Буџет за 2022 година, предвидено е да се обезбедат средствата со Одлуката за прераспределба на средства помеѓу буџетските корисници и фондовите.

Повеќе вести...
барај огласи за вработување » барај останати огласи »