Промовирани огласи »

KARIERA.mk и оваа година е поддржувач на настанот Жени претприемачки - „Жена на годината“ кој се оддржа вчера во „Музејот на македонската борба“  – Скопје.

Со многу позитивна енергија вчера, во „Музејот на македонската борба“ во Скопје, се одржа прогласувањето на победничките во македонскиот избор на „Жена на годината 2022”

Во продолжение, следува листата со овогодинешните победнички во сите категории од изборот „Жена на годината 2022“:

Жена на годината – Слаѓана Вујошевиќ
Жена со трајни вредности – Виолета Томовска
Жена менаџерка на годината – Билјана Караманолевска
Жена млада менаџерка на годината – Светлана Кордумова
Жена со најголеми достигнувања во науката и технологијата – Мартина Димовска
Жена со најголеми достигнувања во културата – Пламенка Трајковска
Жена со најголеми достигнувања во спортот – Оливера Наковска Бикова
Жена со најголеми достигнувања за општеството – Ребека Јанковска-Ристески
Жена со најдобар стил – Дита Старова Ќерими
Инфлуенсерка на годината – Александра Шијакоска

Целта на самиот избор е да се оддаде признание на жените кои со својот професионален и општествен ангажман континуирано поставуваат високи стандарди како деловно така и општествено и се вистински херои кои неуморно се борат при остварување на своите цели изминатата година.

Промовирани огласи »

До Нова година остануваат 16 дена, но засега нема конкретни детали за тоа каква ќе биде програмата за Новогодишната ноќ во Град Скопје.

Градоначалничката на Град Скопје, Данела Арсовска пред речиси една недела кажа дека ќе има прес-конференција на која ќе се истакнат сите работи кои ќе се одвиваат, односно украсувањето и програмата, но засега нема конкретни потези, а времето полека тече.

На плоштадот „Македонија“ во главниот град на државата веќе „никнаа“ куќички кои најверојатно ќе бидат дел од програмата, но од надлежните органи засега не се откриваат повеќе детали.

Промовирани огласи »

Генералниот директор на ЕСМ, Васко Ковачевски, најави намалување на цената на електрична енергија на регулираниот пазар за малите потрошувачи, бидејќи како што вели актуелните цени се причина за затворање на голем број на економски субјекти.

Индустриската струја вообичаено е поскапа од таа за домаќинствата, а од 1 јули нејзината цена уште повеќе се зголеми во однос на таа за домовите.

Владата прави напор во делот на малите потрошувачи да има намалување на цената. Тоа се 65.000 субјекти, а имаме информација дека 7.000 правни субјекти вќе затвориле. Треба да се помогне на таа категорија на потрошувачи, тука ќе има значително намалување на цената, најави Ковачевски.

Првиот човек на ЕСМ потврди дека цената на парното останува иста до 31 април, односно до крајот на грејната сезона, додека кај електричната енергија за домаќинствата се размислува да има поевтинување за потрошувачката во првите два тарифни блока.

Промовирани огласи »

Поранешниот фудбалски репрезентативец на Италија и легендарен дефанзивец на Интер, Марко Матераци, е дел од кампањата на Нептун Македонија за време на одржувањето на Светското првенство во фудбал 2022 година.

Со вклучувањето на Матераци, компанијата уште еднаш потврди дека на своите потрошувачи секогаш организира многу интересни активации со познати личности надвор од границите на нашата држава. За врвно уживање во фудбалот додека траат натпреварите на СП во Катар, компанијата Нептун Македонија за купувачите обезбеди најдобри понуди со најголем избор на производи, како и многу подароци за сите следбеници на социјалните мрежи на брендот Нептун.

Повеќе вести...
барај огласи за вработување » барај останати огласи »