Илон Маск повторно ги продава акциите на Тесла. За два дена, од понеделник до среда, тој го намали уделот вреден 3,6 милијарди долари. Ова е втора голема продажба по купувањето на Twitter. Сопственичкиот удел на Маск во „Тесла“ падна на 13,4 отсто од 17 отсто за една година.
Маск ги продаде акциите на компанијата во вредност од 3,6 милијарди долари, со што вкупниот износ оваа година достигна речиси 40 милијарди. Инвеститорите сега се уште понервозни бидејќи неговата продажба дополнително ја намалува цената на акцијата - вредноста моментално е најниска во претходните две години - 156 долари. Само утринава акцијата загуби околу 2,5 отсто од вредноста.
Маск продаде 22 милиони акции на највредната автомобилска компанија во светот во период од три дена, од понеделник до среда. Ова е втора голема продажба на акции откако Маск го купи Твитер за 44 милијарди долари во октомври.