Промовирани огласи »

Американскиот долар денеска е на надолна траекторија, бидејќи подобрувањето на пазарното расположение доведе до пораст на цените на акциите и поризични валути.

Индексот на доларот, кој ја следи вредноста на доларот во однос на кошницата на големи ривали, падна за 0,4 отсто на 104.410 поени, неутрализирајќи дел од минатонеделните добивки по одлуките на Федералните резерви и Европската централна банка да ги зголемат клучните каматни стапки, пренесува Ројтерс. 

Закрепнувањето на  расположението за ризик на инвеститорите на пазарите ги поттикна европските акции по големата распродажба минатата недела, при што валутите, вклучително и еврото и фута, надоместија некои од загубите забележани во претходните две сесии.

Еврото поскапе за 0,4 отсто, на 1,06260 долари, додека британската фунта за 0,7 отсто, на 1,22195 долари. И покрај денешното закрепнување, вредноста на двете овие валути сè уште е под нивото на кое беа пред минатонеделните движења на централната банка.

Јапонскиот јен, исто така, порасна за 0,4 отсто на 136,155 јени за долар поради медиумските извештаи дека владата ќе размисли за ревидирање на клучната монетарна политика за борба против дефлацијата кога ќе биде назначен новиот гувернер на Банката на Јапонија во април.

Британската агенција потсетува дека владата во Токио и Банката на Јапонија во 2013 година потпишаа заедничка изјава со која ја обврзаа централната банка што поскоро да ја доведе инфлацијата на целното ниво од 2,0 отсто.

Промовирани огласи »

Сојузот на синдикати на Македонија соопшти дека досега пристигнале пријави од над 4.400 работници дека сè уште не им е исплатен регрес за годишен одмор, односно К-15, објави „Алсат“.

Инспекторатот за труд веќе извршил околу 500 надзори и на 190 работодавачи им наложил дека мора да исплатат регрес на вработените.

Откако ќе се задолжи работодавецот со оваа пријава од Државниот инспекторат за труд, истиот е должен не само да плати казна за неисплатен К-15, туку да го исплати и регресот за годишен одмор. Казните се огромни, а следи и затворска казна од три месеци до една година за тие кои извршиле злоупотреба, односно исплатиле пари, па ги побарале назад, вели Иван Пешевски од ССМ за „Алсат“.

Промовирани огласи »

Иако имаше ветувања од надлежните за поевтинување на цените на прехрамбените продукти, во пракса цените низ скопските маркети и натаму високи. 

Според најновите податоци на Ценометар поевтинување има кај маслото за јадење и кај млекото. 

Бананите и лимонот и натаму „држат“ цена. Најевтини се во Стокомак и Кам, додека во останатите скопски маркети се продаваат по цена од 89, па дури и 90 денари за килограм банани, а лимонот, за 79, 85 денари.

Табла јајца чини околу 280 денари. Млекото е со цена од 72-82 денари, зависно од производителот.

Кашкавал нема поевтин од 500 денари за килограм, мелено месо нема поевтино до 330 денари.

Рибата ослиќ се движи од 155 – 225 денари за килограм низ маркетите.

Намалување има на цената на маслото за јадење.Односно сега може да најдете шише зејтин и по цена од 106 денари.

Промовирани огласи »

ЈП Паркинзи на Општина Центар во соработка со Сообраќајната полиција - Скопје изминатата недела казниле 211 непрописно паркирани возила.

Во периодот од 12.12. до 18.12.2022 година, со помош на специјалните возила „Пајак“ на ЈП ПОЦ отстранети се 95 непрописно паркирани возила, а со поставување на механичко средство „Блокатор“ санкционирани се 116 возила кои биле затекнати на резидентни паркиралишта, а не биле корисници-резиденти на секторот во којшто биле паркирани, соопштија од ЈП Паркинзи.

Од претпријатието апелираат до граѓаните да внимаваат каде се паркираат со своите возила.

Повеќе вести...
барај огласи за вработување » барај останати огласи »