Промовирани огласи »

Сојузот на синдикати на Македонија соопшти дека досега пристигнале пријави од над 4.400 работници дека сè уште не им е исплатен регрес за годишен одмор, односно К-15, објави „Алсат“.

Инспекторатот за труд веќе извршил околу 500 надзори и на 190 работодавачи им наложил дека мора да исплатат регрес на вработените.

Откако ќе се задолжи работодавецот со оваа пријава од Државниот инспекторат за труд, истиот е должен не само да плати казна за неисплатен К-15, туку да го исплати и регресот за годишен одмор. Казните се огромни, а следи и затворска казна од три месеци до една година за тие кои извршиле злоупотреба, односно исплатиле пари, па ги побарале назад, вели Иван Пешевски од ССМ за „Алсат“.

Промовирани огласи »

Иако имаше ветувања од надлежните за поевтинување на цените на прехрамбените продукти, во пракса цените низ скопските маркети и натаму високи. 

Според најновите податоци на Ценометар поевтинување има кај маслото за јадење и кај млекото. 

Бананите и лимонот и натаму „држат“ цена. Најевтини се во Стокомак и Кам, додека во останатите скопски маркети се продаваат по цена од 89, па дури и 90 денари за килограм банани, а лимонот, за 79, 85 денари.

Табла јајца чини околу 280 денари. Млекото е со цена од 72-82 денари, зависно од производителот.

Кашкавал нема поевтин од 500 денари за килограм, мелено месо нема поевтино до 330 денари.

Рибата ослиќ се движи од 155 – 225 денари за килограм низ маркетите.

Намалување има на цената на маслото за јадење.Односно сега може да најдете шише зејтин и по цена од 106 денари.

Промовирани огласи »

ЈП Паркинзи на Општина Центар во соработка со Сообраќајната полиција - Скопје изминатата недела казниле 211 непрописно паркирани возила.

Во периодот од 12.12. до 18.12.2022 година, со помош на специјалните возила „Пајак“ на ЈП ПОЦ отстранети се 95 непрописно паркирани возила, а со поставување на механичко средство „Блокатор“ санкционирани се 116 возила кои биле затекнати на резидентни паркиралишта, а не биле корисници-резиденти на секторот во којшто биле паркирани, соопштија од ЈП Паркинзи.

Од претпријатието апелираат до граѓаните да внимаваат каде се паркираат со своите возила.

Промовирани огласи »

Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ) соопшти дека се врши зголемување на малопродажните цени на нафтените дерифати во просек за 0,18 отсто.

Цените на бензините не се менуваат, односно БС-95 ќе се продава за 76 денари за литар, додека цената на БС-98 ќе остане 78,5 денари за литар.

Цената на Еуродизел се зголемува и од вечерва еден литар ќе чини 81 денари, додека скокна и цената на екстра лесното масло за домаќинствата за половина денар и ќе изнесува 79 денари за литар.

Повеќе вести...
барај огласи за вработување » барај останати огласи »