Промовирани огласи »

Не секој може да ја избере најдобрата работна понуда. Затоа, доколку имате повеќе понуди за разгледување бидете смирени и насмејте се. Тоа значи дека сте барани и дека вашето искуство е потребно. Најдобар начин да ја изберете најдобрата понуда за работа е прво да ги видете вашите приоритети и да одлучите што точно барате, дали голема плата, добар углед на компанијата или луѓето со кои ќе работите.

За да ви бидат полесни работите, еве неколку совети кои можат да ви помогнат да го изберете најдоброто меѓу многуте понуди за работа:

Дознајте повеќе за компанијата

Сигурно веќе  сте истражувањувале за компанијата пред да присуствувате на интервјуто. Прочитајте повеќе за компанијата. Во денешно време повеќето од фирмите имаат свои веб-страници кои имаат детални информации за нивното минато, сегашност и иднина. Разгледајте ги различните аспекти на компанијата и ако имате конкретни прашања за компанијата, обидете се да ги најдете.

Разгледајте добро како изгледа канцеларијата

Сигурно канцеларијата ви оставила некој впечаток кога прв пат отидовте таму на интервју.  Дали имаше доволно дисциплина и дали чувствувавте дека луѓето таму работат страсно и ентузијастички? Затворете ги очите и замислете дека работите во таа канцеларија. Ако ви се допаѓа она што го визуелизирате, тогаш можеби тоа е работата за вас.

Споредете ги поволностите и платите

Компаниите функционират поинаку кога станува збор за платата и другите поволности. Проучете ја внимателно понудата и видете какви поволности и придобивки ги нуди секоја компанија. Погледнете ги сите дополнителни бенефиции што можеби ги даваат. Ваквата споредба е корисна при изборот на најдобрата понуда за работа.

Балансот помеѓу работата и приватниот животот

Најважниот аспект на една компанија е балансот помеѓу работата и приватниот животот што го нуди. Работа која е стресна и не ви дозволува да посветувате време на семејството и најблиските не вреди да ја прифатете дури и ако ќе заработувате повеќе. Можеби ќе сакате да прифатете таква работа поради платата, но со текот на времето ќе се чувствувате стресно што можеби ќе после тоа ќе размислувате за отказ.

Промовирани огласи »

Нов предизвик во светот на ИТ индустријата. Градење на иднината со силни партнерски односи!

Квантокс Технолоџи и Сандберг Капитал потпишаа партнерство за понатамошен раст и ширење на компанијата, со цел да ја донесат на уште повисоко ниво. Инвестицијата од 20 милиони евра е насочена кон постигнување на значителен скок за идниот одржлив развој на Квантокс, стекнување нови таленти и стратешка глобална експанзија.

Сандберг Капитал е приватна словачка компанија, основана во 2014-та година.

Главно фокусирана на инвестиции во мали и средни компании во Република Словачка и региони од Централна и Источна Европа, вклучувајќи  и институционални инвеститори како што е Европскиот Инвестициски Фонд.

Ова партнерство е едно од 5-те најдобри инвестиции во регионот досега, потпишано со компании од Србија.

Со поддршка на Сандберг, Квантокс Технолоџи планира да направи успешни откритија на новите пазари, градејќи уште посилни односи со клиентите со поголема слобода и креативност во креирањето на новите софтверски решенија.

„Со склучувањето на партнерството, сакаме да ја прошириме нашата експертиза и дополнително да ја зајакнеме нашата позиција како водечки ИТ работодавач во регионот. Исто така, оваа инвестиција ќе ни овозможи да имаме поголемо присуство на европскиот и американскиот пазар, што ќе значи многу за нашите клиенти преку зголемување на опсегот на услуги во доставување дигитални решенија од висока класа и обезбедување на сеопфатна ИТ поддршка“, вели Вук Поповиќ, извршен директор на Квантокс Технолоџи.

Фокусот на компанијата останува ист – во откривање на нови предизвици и зајакнување на Квантокс тимот. Партнерството е само чекор напред кој ќе го донесе Квантокс поблиску до долгорочен раст, одржливост и стабилност.

„Со оглед на повеќекратните инвестиции на Сандберг во ИТ секторот, гледаме сè посилен притисок за дигитализација низ економијата. Во исто време, гледаме сериозен недостиг од ИТ професионалци што можеби ги спречува компаниите да растат и да ги постигнат своите стратешки цели. Инвестицијата во Quantox ја одразува нашата долгорочна стратегија за партнерство со амбициозни претприемачи во сектори кои директно или индиректно помагаат во дигиталната трансформација на економијата“, рече Михал Рибович, партнер во Sandberg Capital.

Матеј Кленовски, од Сандберг Капитал, верува дека Квантокс и Сандберг делат слична визија за раст и имаат исти амбиции и перспективи за идните достигнувања.

„Квантокс како компанија, покрај тоа што вработува голем број ИТ професионалци и има голема способност да привлече клиенти од различни индустрии, навистина е посветена на развојот на локалната ИТ заедница. Веруваме дека оваа компанија е повеќе од подготвена за следниот чекор и ние сме подготвени да ги следиме, давајќи поддршка преку нашето искуство, знаење и капитал “.

Двајцата партнери ќе бидат фокусирани на зајакнување на бизнисот на Квантокс - преку воспоставување на локално присуство, проширување на спектарот на услуги за да одговорат на барањата на клиентите од сите делови на светот и подобрување на внатрешните процеси и организациската структура.

„Исклучително сме благодарни за довербата и поддршката на нашите нови партнери - ова е вид потврда за сè што направивме досега, како и можност да бидеме уште подобри и да растеме заедно. Следејќи ја заедничката визија на Квантокс, тежнееме кон глобално проширување и усвојување на нови знаења, вештини и искуства со зачувување на вредностите и културата на самата компанија “, заклучува Вук Поповиќ.

Со 16-годишно искуство, Quantox е препознатлив како сигурен партнер во светот на дигиталните технологии. По трите успешни аквизиции во последната година, ова е важен чекор напред што ќе не донесе поблиску до нашата визија - да бидеме професионални, да ги негуваме луѓето како приоритетна вредност и да станеме еден од најдоверливите и ефикасни партнери во дигиталниот свет.

Quantox беше советуван од Grubisic & Partners – Corporate Finance како финансиски советник и Four Legal како правен советник, а Sandberg Capital беше советуван од ESFA (финансиски советник), EY (финансиско и даночно внимание) и BDK Advokati (правно).

Новата дигитална ера е пред нашата врата. Со поддршка на клиентите ширум светот и развивање на ИТ потенцијалот во нашиот регион - овозможуваме нашите идеи и визии да станат реалност!

Промовирани огласи »

Показна вежба за последиците од употреба на пиротехника се одржа денеска на плоштадот Македонија во Скопје.

Организатори беа СВР Скопје – Одделение за превенција и Црвениот крст на град Скопје. Вежбата беше во склоп на кампањата за превенција од употреба на пиротехнички средства, а во која се презентираа ризиците од употреба на пиротехника, со цел да се влијае на свеста на граѓаните да не ги употребуваат, информираат попладнево од Министерството за внатрешни работи.

На граѓаните им биле поделени едукативни материјали изработени во соработка со Програмата за развој на Обединетите нации (УНДП).

Министерството за внатрешни работи продолжува со превентивни кампањи со цел на граѓаните да им се укаже за можните последици од употребата на петарди и други пиротехнички средства, посебно актуелна пред и за време на новогодишните и божиќните празници. МВР презема и репресивни мерки, со цел санкционирање на употребата на петарди и други пиротехнички средства и ги потсетува граѓаните за законските одредби во кои е санкционирана употребата на пиротехнички средства и нивната нелегална продажба. Така, Законот за прекршоци против јавниот ред и мир, во член 31 предвидува глоба за оној кој неовластено пу ка од огнено ору жје, употребува пиротехнички средства или сличен експ лозивен или лесно запалив материјал, или на сличен начин го нарушува мирот и безбедноста на граѓаните, нагласуваат од Министерството.

Согласно Кривичниот законик, во член 396 е предвидено недозволеното изработување, држење и тргување со ор ужје или распрскувачки материи.

Притоа, тој кој што неовластено изработува, држи, продава, набавува или врши размена со огнено ор ужје, мун иција или експл озивни материи, ќе се казни со затвор од три до десет години. Ако предмет на делото од ставот 1 е поголемо количество на огнено ор ужје, мун иција или експ лозивни материи, или огнено ору жје, мун иција или експ лозивни материи кои на граѓаните им се забранети, сторителот ќе се казни со најмалку пет години затвор, потсетуваат од Министерството.

(МИА)

Промовирани огласи »

Вицепремиерот за економски прашања Фатмир Битиќи во синоќешната емисија на Клан ТВ најави дека во март 2023 година Владата ќе ја зголеми минималната плата која ќе достигне вредност од 19.600 денари.

Според него, намерата на Владата е двајца членови од семејството да ја покријат месечната потрошувачка кошничка.

Ќе целиме да ја зголемиме минималната плата затоа што платата мора да биде достоинствена. Во март минималната плата ќе биде 19.600 денари, што кога ќе има двајца членови на семејството ќе ја покрие кошничката и ќе остане нешто изјави Битиќи.

Тој дополни дека иако за јратко време минималната плата бележи удвојување, тој лично не е задоволен од лимитот.

Не сакам да заборавам некои работи. Пред 6 години кога минималната плата беше 9 илјади денари бев критичен за минималната плата и денес продолжувам да бидам критичен иако минималната плата е 18 илјади денари, рече вицепремиерот.

Повеќе вести...
барај огласи за вработување » барај останати огласи »