Промовирани огласи »

Показна вежба за последиците од употреба на пиротехника се одржа денеска на плоштадот Македонија во Скопје.

Организатори беа СВР Скопје – Одделение за превенција и Црвениот крст на град Скопје. Вежбата беше во склоп на кампањата за превенција од употреба на пиротехнички средства, а во која се презентираа ризиците од употреба на пиротехника, со цел да се влијае на свеста на граѓаните да не ги употребуваат, информираат попладнево од Министерството за внатрешни работи.

На граѓаните им биле поделени едукативни материјали изработени во соработка со Програмата за развој на Обединетите нации (УНДП).

Министерството за внатрешни работи продолжува со превентивни кампањи со цел на граѓаните да им се укаже за можните последици од употребата на петарди и други пиротехнички средства, посебно актуелна пред и за време на новогодишните и божиќните празници. МВР презема и репресивни мерки, со цел санкционирање на употребата на петарди и други пиротехнички средства и ги потсетува граѓаните за законските одредби во кои е санкционирана употребата на пиротехнички средства и нивната нелегална продажба. Така, Законот за прекршоци против јавниот ред и мир, во член 31 предвидува глоба за оној кој неовластено пу ка од огнено ору жје, употребува пиротехнички средства или сличен експ лозивен или лесно запалив материјал, или на сличен начин го нарушува мирот и безбедноста на граѓаните, нагласуваат од Министерството.

Согласно Кривичниот законик, во член 396 е предвидено недозволеното изработување, држење и тргување со ор ужје или распрскувачки материи.

Притоа, тој кој што неовластено изработува, држи, продава, набавува или врши размена со огнено ор ужје, мун иција или експл озивни материи, ќе се казни со затвор од три до десет години. Ако предмет на делото од ставот 1 е поголемо количество на огнено ор ужје, мун иција или експ лозивни материи, или огнено ору жје, мун иција или експ лозивни материи кои на граѓаните им се забранети, сторителот ќе се казни со најмалку пет години затвор, потсетуваат од Министерството.

(МИА)

Промовирани огласи »

Вицепремиерот за економски прашања Фатмир Битиќи во синоќешната емисија на Клан ТВ најави дека во март 2023 година Владата ќе ја зголеми минималната плата која ќе достигне вредност од 19.600 денари.

Според него, намерата на Владата е двајца членови од семејството да ја покријат месечната потрошувачка кошничка.

Ќе целиме да ја зголемиме минималната плата затоа што платата мора да биде достоинствена. Во март минималната плата ќе биде 19.600 денари, што кога ќе има двајца членови на семејството ќе ја покрие кошничката и ќе остане нешто изјави Битиќи.

Тој дополни дека иако за јратко време минималната плата бележи удвојување, тој лично не е задоволен од лимитот.

Не сакам да заборавам некои работи. Пред 6 години кога минималната плата беше 9 илјади денари бев критичен за минималната плата и денес продолжувам да бидам критичен иако минималната плата е 18 илјади денари, рече вицепремиерот.

Промовирани огласи »

Во овој момент немаме направено дополнителни анализи за тоа во која насока треба да одат цените на патарините. Во регионот во некои држави цените на патарините растат, кај нас остануваат исти, рече министерот за транспорт и врски Благој Бочварски на новинарско прашање дали ќе има поскапување на патарините.

Според него, во овој момент е важно да продолжи изградбата и рехабилитацијата на патната инфраструктура со силна динамика за да го фатиме чекорот со развиените европски земји во делот на патната инфраструктура.

Бочварски рече дека се дава силен придонес преку реализацијата на патната и железничката инфраструктура, нешто што, како што посочи, ќе продолжиме да го работиме и понатаму, но не смееме да ја доведеме во прашање ликвидноста на Јавното претпријатие, но и на буџетските средства за да продолжат да се реализираат со силна динамика патните правци во државата.

Министерот за транспорт потсети дека ценовните шокови направија проблеми во целиот систем на градењето и градежништвото. Тоа, укажа, се почувствува најмногу во изградбата на патната инфраструктура бидејќи во текот на оваа година осцилираат и се покачија енормно цените на градежните материјали, на железото, на асфалтите, на бетоните.

И тоа направи проблем во реализацијата на капиталните проекти но ние во ниту еден момент не запревме ниту еден проект поради овој проблем или растот на цените бидејќи се одржува ликвидност на ЈП за државни патишта. Овде државата и Владата со буџетски средства и секако средствата од меѓународните финансиски институции коишто ги покренуваме и ги добиваме за да реализираме вакви капитални проекти. Сметам дека во овој момент инвестираме многу повеќе во делот на изградбата на патната инфраструктура отколку тоа што го добива ЈП за државни патишта, рече Бочварски, кој на прес-конференција соопшти дека е објавен повик за субвенционирање нови авиолинии.

Тој ги наброја тековните и идните инвестиции и го истакна  дека во голем дел се реализираат токму со  финансиите од наплатата на патната такса. Инвестицијата во автопатската делница на Коридорот 8 од Кичево до Охрид изнесува 600 милини евра, на експресниот пат Градско кон Прилеп над 50 милиони евра, на патниот правец на превојот Плетвар којшто е завршен е над 5 милиони евра, а 66 милиони евра на експресниот пат Штип Радовиш којшто исто така заврши годинава. Ја посочи и инвестицијата во експресниот пат од Штип до Кочани којшто треба до биде пуштен до крајот на годината.

Планот за наредната година е да отвориме градба, доколку се склучи договор со компанијата Бехтел, на преку 120 километри нови автопатишта. Тоа значи дека државата мора да ја следи динамиката на изградбата на патната инфраструктура за да можеме и во регионот да бидеме најдобри во патната инфраструктура бидејќи во нашиот дел се вкрстуваат двата значајни патни коридори, Коридорот 10 и Коридорот 8. Веќе добивме поддршка од ЕУ за Коридорот 8 кој пред само неколку недели беше внесен во мапата на главните коридори, а претходно беше само на мапата на споредните коридори, рече Бочварски. 

Промовирани огласи »

Германија е на пат да стане „држава на питачи“, предупредува германскиот социолог Улрих Шнајдер во интервју за магазинот „Фокус“.

Брзиот раст на цените на енергијата и зголемените животни трошоци се закануваат со „колапс“ на општеството, што може да има драматични последици за Германија, рече тој. 

Наглиот пораст на трошоците за живот доведе до зголемување на сиромаштијата во Германија. Луѓето кои се некако сиромашни станаа уште посиромашни, куповната моќ им се намали уште повеќе, веќе не знаат како можат финансиски да живеат еден месец - предупреди социологот. Тој исто така истакнал дека и припадниците на средната класа почнуваат да доживуваат тешкотии. 

Нема резерви. Скршена машина за перење или возило на кое му треба поправка може брзо да се претвори во катастрофа - објасни Шнајдер. За оние кои сè уште „лебдат“, вели тој, вознемиреноста поради кризата полека се претвора во „вистински страв“, додека за многу од сиромашните, стравот се претвора во „чист очај“.

Германија со децении беше модерна социјална држава. Не смееме да дозволиме тивко да се претвори во состојба на питачи, бидејќи на сиромашните не им го даваме тоа што им треба - потенцира експертот.

Во исто време, тој ја критикуваше германската коалициска влада, обвинувајќи ја дека луѓето со средни и високи примања имаат корист од мерките за поддршка, додека најсиромашните слоеви од населението се „фрлени во неволја“.

Западот го зголеми притисокот на санкциите врз Русија по почетокот на специјалната воена операција. Ова доведе до повисоки цени на струјата, горивото и храната во Европа и во САД. Владимир Путин политиката на задржување и слабеење на Москва ја нарече долгорочна стратегија на западните земји. Според него, санкциите нанесоа сериозен удар на целата глобална економија. Шефот на руската држава истакна дека главната цел на Западот е да ги влоши животите на милиони луѓе.

Инаку како што пишува Фокус, рекордно ниво на сиромаштија во најсилната европска економија е забележано уште пред почетокот на наглиот раст на цените повикувајќи се на зборовите на експертот Улрих Шнајдер.

Според Шнајдер, наглото зголемување на трошоците за живот доведува до осиромашување на германското население.

Шнајдер потсети дека и пред наглиот раст на цените, во Германија е забележан рекорден број сиромашни - 13,8 милиони луѓе. Според експертите, актуелната криза може да доведе до тоа уште 12 милиони граѓани да паднат во категоријата сиромашни. Шнајдер забележува дека многу луѓе немаат финансиски заштеди: експертот верува дека, доколку не се преземат мерки, германското општество ќе биде во опасност од распаѓање.

Во исто време, експертот ги критикуваше постапките на владата: според него, мерките што ги преземаат властите се корисни само за луѓето со високи примања, а најсиромашните делови од населението се оставени сами на себе.

Повеќе вести...
барај огласи за вработување » барај останати огласи »