Промовирани огласи »

Дубаи веќе ја има славата на место, откако е дом на најзначајните згради и вештачки егзотични острови. 

Но, емиратот што е како магнет за туристи жедни за убавина- Катар, веќе има проект за создавање на вештачка Гора во луксузен хотел.

Хотел од синџирот "Rosemont Hotel Dubai" има изготвен проект за затворена прашума, која ќе биде распоредена на околу 7.000 квадратни метри. Тоа ќе биде прва ваква во Блискиот Исток. Во неа ќе клокотат потоци и водопади. Сето ова треба да биде готово во 2018 година и во него да уживаат туристите кои имаат можност да си дозволат ваков раскош.

Елегантната зграда ќе има плажа со песок и стаклен базен во кој ќе пливаат егзотични морски животни. Комплексот ќе вклучува две кули - едната ќе биде хотелот, а во другата ќе бидат приватни станови. Зградите ќе имаат 47 ката. Проектот е пресметан на 550 милиони долари и ќе биде изграден од ZAS Architects.

Јасно е дека штом шумата е тропска, тогаш во неа мора да има и обилен дожд. Таа наскоро ќе личи на тропска густа џунгла со потоци, водопади, дрвја, огромни аквариуми, вештачка плажа и дури водопад.

Футуристичкиот терариум ќе користи рециклирана вода, собрана од кондензација, за да личи максимално влажна клима на вистинските тропски шуми. И, се разбира, сето тоа ќе биде гарнирано и со класичен инфинити базен обесен над улиците на Дубаи.

Сите овие убавини ќе се наоѓаат некаде меѓу 47-те ката на две кули.Хотелот ќе вклучува куглана, кино, 3D анимација, неколку ресторани. Во вештачкиот аквариум пак ќе пливаат вистински ајкули. Дали тоа е опсесија за величие на шеици, или едноставно уште едно чудо што има за цел да привлече повеќе туристи со софистициран шик? Останува да видиме. Хотелот ќе биде управуван од Hilton Worldwide преку брендот Curio.

Промовирани огласи »

Иако партиципацијата и стазата се исти, организаторите на Меѓународниот атлетски маратон во Охрид одлучија мажите да добијат поголеми награди од жените.

Јавноста бурно реагираше на социјалните мрежи поради ваквиот третман, а дали ова е правилно и пракса на вакви натпревари, организаторите треба да одговорат.

Промовирани огласи »

Иако можеби звучи едноставно, луѓето кои штедат се ставаат на второ место а собирањето пари е најважно. Ова се навики на штедачите кои ја знаат разликата помеѓу потребите и желбите.

Една од најголемите лаги кои денес ни ги продаваат е нашите потреби дека всушност се наши желби. Имавме многу клиенти кои ни говорат дека патувањата, новата облека и вечери во ресторани се нивни потреби. Но стварно не се. Добрите штедачи запишуваат се што им треба, што сакаат и своите големи желби. Овие мали разлики ќе ви помогнат секој ден помалку да заштедите-истакнува овој планерски двоец.

Имаат буџет

Добрите штедачи имаат таблици кои редовни ги пополнуваат и знаат на што и точно колку трошат. Прв знак дека некој кој има проблем со пари е кога незнаат колкав им е месечниот проток на пари. Не можете да заштедите ако не знаете колку пари всушност имате.

Добрите штедачи користат хартиени пари

Ова правило не се однесува на сите, но истражувањата покажале дека кога користиме картица трошиме и до 20 посто бидејќи помалку е „болно“.

Штедењето им стана приоритет

Можеби звучи преедноставно, но така е. Луѓето кои одлучиле да штедат, тоа го ставиле на врвот на своите приоритети.

Следат потрошувачка на најмали работи

Многу често трошиме токму на мали, евтини работи. На крајот на месецот тие не одземат многу од сметка, а ние и понатаму мислиме дека тоа се ситници. Запишувајте ги и нив, како кафе, мастики и  така натака.

Следат акции

Ако сакате да заштедите пари, следете акции и попусти. Произведувачите и онака голема количина артикли ги чини и до неколку пати помалку од продажната цена и затоа не треба да бидете прегорди и да пропуштате такви прилики. Тие заработуваат на вас, па зошто да не купувате и вие на акции.

Промовирани огласи »

Секогаш кога патувате со ваше возило надвор од Република Македонија, меѓу другото, на граничните премини ќе ви биде побарана и зелена карта за осигурување на возилото.

Граѓаните на Македонија заедно со соседните земји бараат да се укине зелениот картон за возилата при излез од државата и предлагаат да се прифати европскиот модел во кој зелениот картон е дел од премијата за осигурување од одговорност од употреба на моторни возила (автоодговорност).

И покрај упорните барања на српските граѓани, кои често минуваат низ Македонија кога одат на летување во соседна Грција, засега нема најави или преговори за укинување на оваа обврска.

Со колегите од Македонското биро за осигурување комуницираме редовно за различни прашања. Но укинувањето на зелениот картон во моментов не е предмет на разговор – нагласуваат од Здружението на осигурениците на Србија.

Тие наведуваат дека сопствениците на возила од Србија за во Македонија потребно е да имаат зелен картон бидејќи нашата држава не е во Системот на зелен картон, не е член на Мултилатералната спогодба. Оттаму велат дека надлежните во Македонија овој документ не го бараат на сите што ја поминуваат македонската граница.

Според нашите информации, зелениот картон не е потребен, на пример возачите од Словенија и од Унгарија со самото регистрирање на возилата, докажуваат дека имаат меѓународно осигурување. До скоро во привилегирана позиција беа дури и патниците со хрватски регистарски таблички. Зошто другите држави се во предност во однос на Србија и српските граѓани плаќаат 2.000 динари за таа потврда, а сепак се несомнено најмногубројни патници што минуваат транзит низ Македонија за на грчкото крајбрежје – велат од Здружението на осигуреници во Србија.

Цената на зелен картон на патничко возило до 66 киловати на годишно ниво е 3.690 денари, а за над 66 киловати за една година е 5.536 денари. Цена за патничко возило до 66 киловати за месечно ниво е 1.850 денари, а за возило над 66 киловати e 3.075 денари. За влечните и специјалните возила, мотоциклите, приклучни и работни возила цената е 5.536 денари. Цената за товарните возила и за автобусите е 17.222 денари – велат од АМСМ.

Важност на зелената карта е 12 месеци или во рамките на времетраењето на полисата за автомобилска одговорност.

Од здружението на осигуреници на Србија истакнуваат дека во 1994 година, врз основа на едностраниот договор, кој беше дел од условите на овие земји за членство на Македонија во Системот на зелен картон, на возилата од Хрватска, Словенија и Унгарија им било овозможено во Македонија да влезат без зелен картон.

– Но овој закон не важи и за возачите од Македонија. На возачите од Македонија се уште им е потребен зелен картон за овие три земји.

Тие појаснуваат дека со влезот на Хрватска во Европска Унија, овој едностран договор престана да постои.

Тие напоменуваат дека сега и возачите на Хрватска мора да имаат зелен картон при влез во Македонија. А за возачите од Словенија и Унгарија, договорот сѐ уште е во сила.


Во многу земји, зелениот картон се издава бесплатно или чини премногу симболично, само неколку евра, што ги покрива трошоците за печатење. Како на пример во Германија, Швајцарија, Австрија, Шведска – велат од здружението.

Според нив, во некои земји, се наплаќа само зелениот картон, додека во други цената на картонот е вклучена во цената на полисите на задолжително осигурување од автоодговорност. Во овој случај (кога цената на зелениот картон е вклучена во цената на полисите) возачот нема можност да одлучува дали му е таа потврда потребна или, пак не. А како што велат оттаму граѓаните на Србија купуваат зелен картон само кога е потребно.

Според АМСМ, зелениот картон се издава врз основа на издадена полиса за осигурување од автомобилска одговорност од соодветната компанија и е замена за полисата за осигурување од автомобилска одговорност издадена за матичната земја со важност за сите земји-членки наведени во полисата.

Билјана Муратовска од Асоцијацијата на здруженија на работодавците на превозните трговски друштва на Македонија „Макам-транс“ вели дека станува збор за различен облик на определен надомест за плаќање задолжително осигурување од автоодговорност.


Во Србија потпишан е договор со земјите-членки на ЕУ (националните бироа) да се признава регистрацијата на возилата и тоа фактот дека со самиот чин на регистрација, возилата имаат целосно осигурување за територија на Србија кое важи и на територија на други држави – истакна Муратовска.

Како што вели таа, во Македонија има делење на едно исто задолжително осигурување од автоодговорност на два дела и тоа делот за зелени карти е право на избор на физички и правни лица и се плаќа доколку се излегува надвор од државата, а се однесува само на одговорност од штета за трето лице на територија на држави за каде што важи зелениот картон.


Првиот дел од ова осигурување е задолжително осигурување од автоодговорност за сите сопственици на возила и за разлика од српското се однесува само за територија на нашата држава. Доколку се спојат двата дела од ова осигурување ќе значи зголемување на износот за задолжително осигурување за сите што имаат во сопственост возила без разлика дали излегуваат надвор од државата или не. А доколку не се потпише спогодба за меѓусебно признавање на регистрацијата со земјите-членки на ЕУ, ќе мора да се плаќа за услуга 100, 200 или 500 денари за да се пополни образецот од страна на осигурателните друштва доколку се оди надвор од државата со возило – нагласува Муратовска.

Од „Макам-транс“ посочуваат дека ова би значело минимум 50 отсто покачување на цените што сега се плаќаат како премија за автоодговорност на територија на државата, ќе се укинат износите што се плаќаат дополнително за зелен картон, но ќе има како и во другите држави надомест само за пополнување на образецот за државите со кои нема да биде воспоставено заемно признавање на регистрациите на возилата и автоматско обезбедување целосна автоодговорност за штети на трето лице.
– За да се воспостави ваков систем потребно е пред сѐ да се направи целосно ревидирање на Законот за задолжително осигурување во сообраќајот, негово допрецизирање и бришење на сите членови во кои се дефинирани одредби со одложена примена сѐ до влез на Македонија во ЕУ.

Неопходно е да се промени и постојната тарифа на премии за осигурување на сопствениците на моторни возила од одговорност за штети предизвикани на трети лица каде што спротивно на законските одредби се дефинира пресметка на бонус-малус по принцип на флота на возила и тоа за сите што имаат од шест и повеќе возила, а каде што пред сѐ влегуваат правните лица што вршат превоз на стока и патници – појаснува Муратовска.

Повеќе вести...
барај огласи за вработување » барај останати огласи »