Во секојдневието е нормално после работа да се дружеме со колегите од работа, но доколку сте дел од водечкиот тим, и сте поканети од страна на вашите вработени, ситуацијата постанува комплицирана.
Ако сте лидер на некоја група и прифатете да се дружете со вашите вработени во тимот си ја ризикувате вашата професионална врска со нив. Но, ако одбиете, можете ненадејно да створите лоша слика кај вработените мислејќи дека не ги почитувате доволно и не сте заинтересирани да ги запознаете подобро.
Како и во секоја друга ситуација така и во оваа постојат позитивни и негативни работи за сето ова. На пример позитивни работи би биле: Ако менаџерот одлучи да се дружи со нив после работа, ќе може подобро да ги запознае неговите работници, може да созаде подобра врска меѓусебно, да го зголеми залагањето на работниците на самото работно место. Додека пак негативни би биле: потенцијални проблеми со одговорноста или вработените може да си земат за важност.
Од ова доаѓа прашањето: Како успешно да ја изменаџирате вашата врска со вработените? Дали менаџерите треба да се дружат после работа со вработените или сепак не? Останува на секој менаџер или лидер да одлучи.