Промовирани огласи »

Хрватска на полноќ го одбележа влезот во Шенген зоната со симболично симнување на таблата на граничниот премин Брегане, подигнување на рампата и зелено светло за слободно поминување на местото на поранешната гранична контрола, која од синоќа оди во историја. 

Ја отворивме вратата на Европа без граници“, изјави министерот за внатрешни работи Давор Божиновиќ. „Вечерва славиме нов ден, нова година, нова Европа со Хрватска во Шенген, додаде тој.

На почетокот на 2023 година, Хрватска стана нова членка на Шенген зоната, најголемата област на слободно движење на стоки и луѓе во светот, која ги вклучува сите членки на Европската унија, освен Бугарија и Романија, Кипар и Република Ирска и четири други земји кои не се членки на ЕУ: Швајцарија, Исланд, Лихтенштајн и Норвешка.

По тој повод, за новогодишната ноќ беа одржани посебни свечености на бројните гранични премини на границата со Словенија и Унгарија, меѓу кои и на еден од најголемите премини на хрватско-словенечката граница, БреганеОбрежје. Политичарите од Хрватска и Словенија се собраа да го прослават овој голем момент.

Промовирани огласи »

Изданието Недељник.рс викендов ја апдејтуваше проширената листа на најбогати бизнисмени од регионот, откако пред два дена името на Илија Гечев се најде на 18-тото место на најбогати во регионов како единствен Македонец милијардер.

Денеска беше објавена листата од 31-то до 40 место на најбогати од регионот, а во овој дел од рангирањето се најде Живко Мукаетов, генерален директор и претседател на Управниот одбор на фармацевтскиот гигант АД Алкалоид од Скопје.  На 38.место на листата, неговото богатство се проценува на 651.330.000 евра.

Инаку рангирањето е составено од експерти од две реномирани консултантски фирми кои работат на Њујоршката берза, користејќи релевантни параметри од Stern School of Business New York University (и компаративните компании) и ги вклучија во анализата резултатите од пазарните трансакции во регионот и светот.

Во креирањето на списокот се вклучени и водечките медиуми во регионот: словенечкиот дневен весник Finance (и порталот Finance Manager), хрватскиот економски неделник Лидер, босанскиот неделник Дани (Ослобоѓење) и реномирана медиумска куќа од Северна Македонија, која сакаше да остане анонимна.

Промовирани огласи »

Од 1 јануари не важи одредбата од Законот за личен доход со која се предвидуваше прогресивно оданочување, а нема да се оданочуваат ниту каматите на орочените депозити. Владата ги укина овие одредби од Законот за личен доход кој помина во Собрание.

Оданочувањето на каматите на орочените депозити се одлага до влезот на земјата во Европската унија, а образложението од Владата е дека во време на високи стапки на инфлација, важно е да се поттикнат граѓаните да штедат.

Прогресивната даночна стапка, која требаше да стапи во сила од 1 јануари, според Владата, отвара повеќе дилеми поради што оваа одредба се укина. Најавите се дека ќе се прават анализи и ќе се разгледаат други модалитети за поголема правичност во оданочувањето на личниот доход.

Од аспект на принципот на праведност, ова решение отвора повеќе дилеми, на пример, ако едно лице во повеќечлено семејство има повисока плата, а останатите немаат никаков приход, со претходно поставеното решение тоа лице ќе требаше да плати повисок данок од лица во домаќинство каде сите заработуваат, поединечно помалку, но домаќинството има многу повисоки приливи, напиша неодамна министерот за финансии Фатмир Бесими во неговата колумна „Праведен даночен систем за одржлив, иклузивен и забрзан економски раст“.

Со даночната реформа што Владата ја презентираше на почетокот на декември, не се предвидуваат нови даноци, ниту зголемување на постоечките. Данокот на личен доход и данокот на добивка остануваат 10 проценти.

И данокот на додадена вредност останува 18 проценти, но поради актуелната економска криза, даночната стапка на основните прехранбени производи останува повластена и ќе изнесува пет проценти, додека полуксузните прехранбени производи, кои досега се оданочуваа исто така со пет проценти, ќе се даночат со стапка од 10 проценти за што во тек е изработка на листа на производи кои ќе се даночат со оваа стапка. Од 18 на 5 проценти се намалува и даночната стапка на производите за менструална хигиена.

Поради специфичните глобални економски услови, Владата го измени и првиот концепт за оданочување на данокот на добивка, па наместо првичниот предлог да се ослободат од плаќање на данок на добивка само инвестициите во дигитализацијата и во обновливите извори на енергија, сега реинвестираната добивка нема да се даночи за сите видови инвестиции. Од Владата најавуваат дека со законски измени ќе се утврдат механизми со кои ќе се оневозможи злоупотреба на ова ослободување, односно во случај обврзникот неправилно да ги применува одредбите за реинвестирана добивка, да биде задолжен со петкратен износ од данокот кој би го платил кога не би го користел ослободувањето.

Но, за да стапат во сила ваквите решенија потребно е во Собранието да поминат измените на Законот за данок на добивка и на Законот за додадена вредност, коишто сеуште стојат на дневен ред на 95. собраниска седница.

Оданочувањето на хонораците, кое беше едно од најкоментираните мерки што беа најавени како дел од даночната реформа, ќе почне да се применува од 2024 година за што ќе треба да се изготви и донесе соодветен закон. Хонораците, според најавите, ќе имаат можност на доброволна основа да плаќаат придонеси, и тоа на различна висина од плата, минимална, просечна или до два милиони денари.

Во опција да се воведе времен данок на екстра профит, во буџетот би се слеале 90 милиони евра

Одделно од даночната реформа, Министерството за финансии води разговори со стопанските комори за воведување на вонреден данок на екстра профит по примерот на европските држави како што се Велика Британија, Хрватска, Италија, Унгарија… Иницијативата за воведување на ваков данок, според министерот за финансии, произлегла од јавната дебата што се водеше за концептот на даночна реформа.

Она за што во моментот се разговара е оние компании кои во последните четири години имаат над 10 милиони евра приходи на годишно ниво, при што тоа е 20 отсто повеќе од четиригодишниот просек, дополнително да им се оданочат екстра приходите.

Проценките се дека со овој данок би биле опфатени околу 180 компании, а во буџетот би се слеале 90 милиони евра плус, средства кои би се насочиле кон антикризните мерки.

Промовирани огласи »

Со цел да се дозволи воведување на нови функции кои можеби нема да работат на постарите оперативни системи, WhatsApp е принуден од време на време да ја прекине поддршката за некои верзии на Android и iOS. Во овој случај, WhatsApp сега планира да ја откаже поддршката за постарите уреди кои работат со оперативни системи постари од iOS 12 и Android 5.

Почнувајќи од 31 декември 2022 година, компанијата повеќе нема да дозволува ажурирања на апликации на уреди со постари оперативни системи, а услугата за нив ќе биде прекината.

WhatsApp ја прекинува поддршката за дури 49 телефони, а апликацијата треба да ги извести сопствениците кои сè уште ги користат овие уреди за крајот на поддршката, овозможувајќи им да направат резервна копија на нивните пораки за да не останат без нив.

Подолу можете да ја видите комплетната листа на уреди на кои WhatsApp повеќе нема да работи, а доколку меѓу нив го најдете вашиот модел, време е да купите нов телефон доколку користењето на платформата за пораки WhatsApp ви значи нешто.

Список на телефони на кои WhatsApp повеќе нема да работи:

  • Apple iPhone 5
  • Apple iPhone 5c
  • Archos 53 Platinum
  • Grand S Flex ZTE
  • Grand X Quad V987 ZTE
  • HTC Desire 500
  • Huawei Ascend D
  • Huawei Ascend D1
  • Huawei Ascend D2
  • Huawei Ascend G740
  • Huawei Ascend Mate
  • Huawei Ascend P1
  • Quad XL
  • Lenovo A820
  • LG Enact
  • LG Lucid 2
  • LG Optimus 4X HD
  • LG Optimus F3
  • LG Optimus F3Q
  • LG Optimus F5
  • LG Optimus F6
  • LG Optimus F7
  • LG Optimus L2 II
  • LG Optimus L3 II
  • LG Optimus L3 II Dual
  • LG Optimus L4 II
  • LG Optimus L4 II Dual
  • LG Optimus L5
  • LG Optimus L5 Dual
  • LG Optimus L5 II
  • LG Optimus L7
  • LG Optimus L7 II
  • LG Optimus L7 II Dual
  • LG Optimus Nitro HD
  • Memo ZTE V956
  • Samsung Galaxy Ace 2
  • Samsung Galaxy Core
  • Samsung Galaxy S2
  • Samsung Galaxy S3 mini
  • Samsung Galaxy Trend II
  • Samsung Galaxy Trend Lite
  • Samsung Galaxy Xcover 2
  • Sony Xperia Arc S
  • Sony Xperia miro
  • Sony Xperia Neo L
  • Wiko Zinc Five
  • Wiko Darknight ZT
Повеќе вести...
барај огласи за вработување » барај останати огласи »