Промовирани огласи »

Со цел да се дозволи воведување на нови функции кои можеби нема да работат на постарите оперативни системи, WhatsApp е принуден од време на време да ја прекине поддршката за некои верзии на Android и iOS. Во овој случај, WhatsApp сега планира да ја откаже поддршката за постарите уреди кои работат со оперативни системи постари од iOS 12 и Android 5.

Почнувајќи од 31 декември 2022 година, компанијата повеќе нема да дозволува ажурирања на апликации на уреди со постари оперативни системи, а услугата за нив ќе биде прекината.

WhatsApp ја прекинува поддршката за дури 49 телефони, а апликацијата треба да ги извести сопствениците кои сè уште ги користат овие уреди за крајот на поддршката, овозможувајќи им да направат резервна копија на нивните пораки за да не останат без нив.

Подолу можете да ја видите комплетната листа на уреди на кои WhatsApp повеќе нема да работи, а доколку меѓу нив го најдете вашиот модел, време е да купите нов телефон доколку користењето на платформата за пораки WhatsApp ви значи нешто.

Список на телефони на кои WhatsApp повеќе нема да работи:

  • Apple iPhone 5
  • Apple iPhone 5c
  • Archos 53 Platinum
  • Grand S Flex ZTE
  • Grand X Quad V987 ZTE
  • HTC Desire 500
  • Huawei Ascend D
  • Huawei Ascend D1
  • Huawei Ascend D2
  • Huawei Ascend G740
  • Huawei Ascend Mate
  • Huawei Ascend P1
  • Quad XL
  • Lenovo A820
  • LG Enact
  • LG Lucid 2
  • LG Optimus 4X HD
  • LG Optimus F3
  • LG Optimus F3Q
  • LG Optimus F5
  • LG Optimus F6
  • LG Optimus F7
  • LG Optimus L2 II
  • LG Optimus L3 II
  • LG Optimus L3 II Dual
  • LG Optimus L4 II
  • LG Optimus L4 II Dual
  • LG Optimus L5
  • LG Optimus L5 Dual
  • LG Optimus L5 II
  • LG Optimus L7
  • LG Optimus L7 II
  • LG Optimus L7 II Dual
  • LG Optimus Nitro HD
  • Memo ZTE V956
  • Samsung Galaxy Ace 2
  • Samsung Galaxy Core
  • Samsung Galaxy S2
  • Samsung Galaxy S3 mini
  • Samsung Galaxy Trend II
  • Samsung Galaxy Trend Lite
  • Samsung Galaxy Xcover 2
  • Sony Xperia Arc S
  • Sony Xperia miro
  • Sony Xperia Neo L
  • Wiko Zinc Five
  • Wiko Darknight ZT

Промовирани огласи »

Граѓаните во 2023 година може да очекуваат стабилни цени на брашното и лебот, велат мелничарите. Тоа, нагласуваат, е последица, пред се, од донесувањето на владината Одлука со која на компаниите им се овозможи да плаќаат струја по 80 евра за мегават час.

Како што вели за МИА претседателот на Групацијата на мелничко-пекарската индустрија, Горан Малишиќ, мелничката и пекарската индустрија се борат со сите можни зголемени трошоци за производство преку менаџирање на сопствените залихи на некој основен минимум, во очекување на намалени цени на пченицата што како услов би создало прилики за дополнителна стабилизација на цените и нивно намалување.

Обезбедувањето струја по 80 евра за мегават час е правилна одлука што минусира еден негативен фактор поради кој се зголемуваат цените. Владата фактички спречи дополнителни зголемувања на малопродажните цени и ги намали за соодветниот трошок на електричната енергија, истакнува Малишиќ.

Според него, во изминативе денови, цените на берзите и се намалуваат и се зголемуваат, но генерално, се движат во истите рамки.

Тоа ни дава за право да сметаме на стабилен период до следната жетва, и поради тој факт, стабилен период на цените на суровините, со што последнично нема да предизвика зголемување на малопродажните цени. Како што и се гледа во малопродажните објекти, цените на брашното и основниот леб се намалени од 5 до 10 отсто, во зависност од компанијата производител, нагласува претседателот на Групацијата.

Во нормални прилики, додава, се очекува по март цените на пченицата да одат во надолна линија со што се создаваат услови и за нормализирање на цените.

Проблемот е што домашните и регионалните цени на пченицата се на исто ниво, дури и поголеми од светските берзи, што создаде негативни услови или услови на големо зголемување на цените. Изедначувањето на регионалните и светските цени се уште се одржува, но поради големите количини залиха на пченица во околните земји, се очекува во следниот период намалување кое ќе се одрази позитивно и за индустријата и за граѓаните, објаснува Малишиќ за МИА. 

Промовирани огласи »

Во 2023 година ќе има промени на пазарот на труд. 

Според Џон Брекет од Smash Balloon LLC-a, фирмите ќе се борат за работници и затоа ќе мора да даваат бенефиции. Според него, работниците сакаат флексибилно работно време. 

Културата на фирмата станува приоритет и многу фирми последниве години се посветуваат на оваа тема. Ако кадрите се лојални, тие ќе бидат и попродуктивни.

Глобализацијата значи дека од било која точка на планетата луѓето можат да работат. Работата на далечина помага да бидат успешни исто како кога редовно одат на работа. 

Понатаму следи едукација и соработка. Помина времето кога луѓето цел работен век го поминувале на една работна позиција. 

Се смета дека 2023 година ќе биде постабилна и дека нема да има откази како претходно. 

Се смета и дека хибридната работа ќе биде популарна во 2023 година.Таа дава опција луѓето да се организираат кога ќе заминат на работното место. 

Ќе бидат барани и хонорарните позиции на „кратки патеки“. 

Работата на далечина ќе постои, но нема да доминира. 

Промовирани огласи »

Согласно со Законот за празниците на РМ, 1 јануари (недела), односно 2 јануари 2023 година (понеделник), Нова Година е неработен ден за сите граѓани на Република Северна Македонија, информираат од Министерството за труд и социјална политика.

Истовремено, МТСП на граѓаните им ја честита Новата Година.

Ова се сите празници за 2023 година:

За сите граѓани на РМ: 01 јануари (недела), Нова Година, 02 јануари (понеделник) е неработен ден, 07 јануари (сабота), Божик, првиот ден на Божик според православниот календар, 17 април (понеделник), Велигден, вториот ден на Велигден според православниот календар, 21 април (петок), Рамазан Бајрам, првиот ден на Рамазан Бајрам,

1 мај (понеделник), Ден на трудот, 24 мај (среда) „Св. Кирил и Методиј“ Ден на сесловенските просветители, 02 август (среда), Ден на Републиката, 8 септември (петок), Ден на независноста, 11 октомври (среда), Ден на народното востание, 23 октомври (понеделник), Ден на Македонската Револуционерна Борба, 8 декември (петок), „Св. Климент Охридски“.

За граѓаните од православна вероисповед: 06 јануари (петок), Бадник, ден пред Божик, 19 јануари (четврток), Богојавление (Водици), 14 април (петок), Велики Петок, петок пред Велигден, 2 јуни (петок), Духовден, петок пред Духовден, 28 август (понеделник), Успение на Пресвета Богородица (Голема Богородица).

За граѓаните од католичка вероисповед: 10 Април (понеделник), Велигден, вториот ден на Велигден, 01 ноември (среда), Празникот на сите светци, 25 декември (понеделник), првиот ден на Божик.

За граѓаните од муслиманска вероисповед: 28 Јуни (среда), Курбан Бајрам, првиот ден на Курбан Бајрам. За граѓаните припадници на албанската заедница: 22 ноември (среда), Ден на Албанската азбука.

За граѓаните припадници на српската заедница: 27 јануари (петок), Свети Сава. За граѓаните припадници на ромската заедница: 08 април (сабота), Меѓународен ден на Ромите.

За граѓаните припадници на влашката заедница: 23 мај (вторник), Национален ден на Власите. За граѓаните припадници на еврејската заедница: 25 септември (понеделник), Јом Кипур, првиот ден на Јом Кипур.

За граѓаните припадници на бошњачката заедница: 28 септември (четврток), Меѓународен ден на Бошњаците. За граѓаните припадници на турската заедница: 21 декември (четврток), Ден на настава на турски.

Повеќе вести...
барај огласи за вработување » барај останати огласи »