Промовирани огласи »

Новата година ја започнуваме со уште една трансплантација на црн дроб, на бубрези и на коскени ткива.

Рано утрово на Хируршките клиники започна експлантацијата на органите, откако вчера попладне семејството на пациентка во мозочна смрт даде согласнот за донирање.

Нивната желба да подарат некому живот и здравје, денес донесе трансплантација на црн дроб, два бубрега и на коскени ткива. Благодарност до семејството од мое име и од името на сите екипи кои во изминативе 24 часа работеа и продолжуваат да работат, истакна министерот за здравство д-р Беким Сали.

Тој истовремено искажа благодарност до сите медицински екипи кои изминатите часови работеа на подготовка на донорот, на реципиентите и во операциските сали.

Не радува тоа што се повеќе семејства се одлучуваат да ги донираат органите и да спасат некому живот.

Новата година ја започнуваме со акт на хуманост и добрина. Со надеж и верба, потенцира Сали.

Промовирани огласи »

Министерството за труд и социјална политика ја објави програмата на неработни денови за 2023 година.

Согласно со Законот за празниците на Република Македонија (Сл.весник на РМ број 21/98 и 18/07) во 2023 година неработни денови се:

Неработните денови одбележани со задебелени букви се и продолжени викенди. Погледнете кои ќе бидат тие во претстојната година и испланирајте ги вашите следни авантури:

За сите граѓани на РМ:

  • 01 јануари (недела), Нова Година, 02 јануари (понеделник) е неработен ден,
  • 07 јануари (сабота), Божик, првиот ден на Божик според православниот календар,
  • 17 април (понеделник), Велигден, вториот ден на Велигден според православниот календар,
  • 21 април (петок), Рамазан Бајрам, првиот ден на Рамазан Бајрам,
  • 1 мај (понеделник), Ден на трудот,
  • 24 мај (среда) „Св. Кирил и Методиј“ Ден на сесловенските просветители,
  • 02 август (среда), Ден на Републиката,
  • 8 септември (петок), Ден на независноста,
  • 11 октомври (среда), Ден на народното востание,
  • 23 октомври (понеделник), Ден на Македонската Револуционерна Борба,
  • 8 декември (петок), „Св. Климент Охридски“.

За граѓаните од православна вероисповед

  • 06 јануари (петок), Бадник, ден пред Божик,
  • 19 јануари (четврток), Богојавление (Водици),
  • 14 април (петок), Велики Петок, петок пред Велигден,
  • 2 јуни (петок), Духовден, петок пред Духовден,
  • 28 август (понеделник), Успение на Пресвета Богородица (Голема Богородица).

За граѓаните од католичка вероисповед

  • 10 Април (понеделник), Велигден, вториот ден на Велигден,
  • 01 ноември (среда), Празникот на сите светци,
  • 25 декември (понеделник), првиот ден на Божик.

За граѓаните од муслиманска вероисповед

  • 28 Јуни (среда), Курбан Бајрам, првиот ден на Курбан Бајрам.
  • За граѓаните припадници на албанската заедница
  • 22 ноември (среда), Ден на Албанската азбука.
  • За граѓаните припадници на српската заедница
  • 27 јануари (петок), Свети Сава.

За граѓаните припадници на ромската заедница

  • 08 април (сабота), Меѓународен ден на Ромите.

За граѓаните припадници на влашката заедница

  • 23 мај (вторник), Национален ден на Власите.

За граѓаните припадници на еврејската заедница

  • 25 септември (понеделник), Јом Кипур, првиот ден на Јом Кипур.

За граѓаните припадници на бошњачката заедница

  • 28 септември (четврток), Меѓународен ден на Бошњаците.

За граѓаните припадници на турската заедница

  • 21 декември (четврток), Ден на настава на турски јазик.

Промовирани огласи »

Справувањето со песимистот во вашиот тим може да биде фрустрирачко и да ви одзема многу време. Обидиот да ги игнорирате или да им се спротиставувате на честите негативни коментари од него, можат едноставно да поттикнат дополнителна негативност. Добра вест е тоа што ако бидете проактивни, можете да му помогнете на песимистот да го промени своето однесување и да му овозможите на вашиот тим да постигне поголема продуктивност.

Еве неколку совети како да се справете со песимистот во вашиот тим:

Создадете свест

Ова најдобро функционира ако го тргнете членот на тимот настрана и ќе му објасните дека неговите коментари влијаат негативно. Објаснете му зошто тој е ценет во тимот и појаснете му го влијанието на неговото однесување. На пример, можете да му кажете: „Кога давате негативни коментари, тимот заглавува и не можеме да продолжиме напред“.

Заобиколете ги негативните мислења

Негативноста може да ја намали мотивацијата на тимот. Не се задржувајте на негативните коментари. Побарајте појаснување или повеќе информации за тоа што и зошто така мисли говорникот. На пример, ако некој член од тимот рече: „Овој проект никогаш нема да успее“, замолете го да објасни зошто мисли така. Уште подобро, можете да побарате алтернативни решенија: „Што можеме да направиме за да се увериме дека проектот ќе помине успешно?

Вклучете го целиот тим

Издвојувањето на член од тимот пред сите други може да биде штетно. Притисокот од колегите е далеку поефикасна тактика. Понекогаш социјалните санкции функционираат подобро од санкциите на лидерите. Поставете тимски норми и замолете ги сите да ги почитуваат истите.

Промовирани огласи »

Норвешка го потврди првото место во светот по продажба на електрични автомобили во 2022 година, а Владата најави и дека ќе ги оданочува возилата, насочувајќи го вниманието на електрификација на тешките камиони.

Електромобилите учествувале со 79,3 отсто од продажбата на нови возила лани, што е најмногу откако овој вид возила е пуштен во продажба, објави Норвешката федерација за патен транспорт (ОФВ). Во 2021 година нивниот удел во Норвешка бил 65 отсто, а пред 10 години само 2,9 отсто.

Норвежаните најмногу ги купувале „Тесла модел Ипсилон“, „Фолксваген ИД.4“ и „Шкода енијак“.

Кина е убедливо најголемиот пазар на електромобили, но Норвешка води во светот земајќи го предвид уделот на пазарот, поддржан и од владини субвенции. За да ги поттикне граѓаните да купуваат вакви возила, на пр., Владата ги укина откупните даноци. Во меѓувреме, товарот на буџетот стана поголем и ги натера властите да ја преиспитаат даночната политика.

Електромобилот е новата нормала за Норвежаните, а тоа значи дека треба да ја преиспитаме употребата на парите со коишто располага општеството. Ние сме апсолутно сигурни дека ништо не може да ја загрози иднината на електричните автомобили (во Норвешка). Владата сега мора да се сосредоточи на други транспортни сегменти, како што се тешките камиони, изјави државниот секретар во Министерството за транспорт Јохан Васара. 

Повеќе вести...
барај огласи за вработување » барај останати огласи »