Промовирани огласи »

Од оваа година повратот на данокот на додадена вредност од фискалните сметки наместо 1.800 денари ќе се зголеми на 2.100 денари. Предлог-законското решение е во собраниска процедура и ставено е како шеста точка на денешната 99. пленарна седница. Законот се носи по скратена постапка.

Правото на враќање на ДДВ се остварува за секое календарско тримесечје во кое е издадена фискалната сметка.

На предлог на Министерството за финансии, Владата на 27 декември 2022 година го утврди текстот на Предлог-законот со кој се зголемува максималниот износ на поврат на ДДВ што може да го добие едно физичко лице со скенирање на фискални сметки за едно тримесечје.

Промовирани огласи »

На едно четиричлено семејство во декември минатата година му биле потребни 51.235 денари за задоволување на минималната синдикална кошничка.

Според пресметките на Сојузот на синдикати на Македонија (ССМ) во декември 2022 година на четиричлено семејство му биле неопходни 19.226,11 денари за исхрана и пијалаци, 13.093,22 денари за домување, 3.050,95 денари за одржување на хигиена, а 3.668,61 денари за превоз. За облека и обувки едно семејство во декември требало да издвои 2.255,15 денари, за култура 1.067,86, а за одржување на здравје 801,29 денари.

Вкупно на едно четиричлено му биле неопходни  43.163,17 денари за задоволување на минималната синдикална кошничка, а кога на тоа ќе се додадат трошоците на живот, односно инфлацијата од 18,7 проценти или 8.071,51 денари се доаѓа до бројката од 51.234,68 денари, прецизираат од ССМ.

Промовирани огласи »

Од денес, ексклузивно на KARIERA.mk можете да ги најдете сите активни огласи за вработување на Breadway.

Breadway претставува нешто ново за секого! Кафе! Смути! Пекара! Се на едно место! Моментално го прошируваме својот тим. Придружете ни се!

Моментално се активни следниве работни позиции:

СЛАТКАР/КА
БАРИСТА
ПОМОШНИК/ЧКА ЗА ВО КУЈНА
ПЕКАР/КА
ПИЦА МАЈСТОР/КА
ПРОДАВАЧ/КА

Промовирани огласи »

РКЕ ги објави новите цени на горивата кои ќе важат од полноќ. 

Малопродажната цена на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) се намалува за 1,00 денари/литар, додека малопродажната цена на Екстра лесното масло за домаќинство на (ЕЛ-1) се намалува за 0,50 денари/литар.

Малопродажните цени на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98 не се менуваат.

Од 10.1.2023 година од 00:01 часот максималните цени на нафтените деривати ќе изнесуваат:

  • Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС – 95 79,00 (денари/литар);
  • Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС – 98 81,00 (денари/литар);
  • Дизел гориво ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V) 80,50 (денари/литар)
Повеќе вести...
барај огласи за вработување » барај останати огласи »