Промовирани огласи »

Премиерот Димитар Ковачевски вели дека основните прехранбени производи не поевтинуваат онака како што јавноста очекува затоа што, и покрај тоа што е средина на месец јануари, се уште кај маркетите има залихи на суровини по стара цена.

Според Ковачевски, кај некои од пекарите веќе е регистрирано намалување на цената на белиот леб, а има и намалување на цените на млекото кај одредени млекарници. Ова премиерот го посочи во своето обраќање на конференцијата „Економски предизвици во 2023 година: Како да го одржиме економскиот раст и ја трансформираме економијата“ во организација на Стопанската комора на Северна Македонија

Тој во наредниот период очекува дека ќе има дополнително намалување на цените и кај другите производи од пекарската, млекарската и од месната индустрија кое што намалување, како што рече, очекува да биде како што беше договорено од најмалку десет проценти. 

Владата од 1 декември 2022 ја субвенционира ценатат на електрична енергија за големите компании од прехранбениот сектор и ја продава за 80 евра по мегаватчас, додека цените на горивата во изминатиот период се стабилизираа кај малопродажбата.

Промовирани огласи »

Британската хуманитарна организација „Оксфам“ повика на итна акција за борба против глобалната економска нееднаквост во ерата по ковид-19, откако беше утврдено дека две третини од новото богатство стекнато од почетокот на пандемијата отишло во рацете на еден процент од најбогатите луѓе во светот.

Во извештајот, чие објавување се совпаѓа со годишниот собир на светската елита на Светскиот економски форум во Давос кој почнува денеска, Оксфам наведува дека најбогатите собрале дополнителни 26 трилиони долари на крајот на 2021 година, јави „Гардијан“.

Тоа претставувало 63 отсто од парите од вкупното новостекнато богатство, додека остатокот отишол во рацете на 99 отсто од населението на планетата.

Промовирани огласи »

Малопродажната цена на бензинот ЕУРОСУПЕР БС-95 од полноќ се зголемува за 1,00 денар, а на бензинот ЕУРОСУПЕР БС-98 за 1,50 денари по литар, соопшти Регулаторната комисија за енергетика.

За еден денар поскапува и ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V), а за 1,50 денари Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1).

Литар ЕУРОСУПЕР БС – 95 од утре ќе се продава за 80 денари за литар, ЕУРОСУПЕР БС – 98 за 82,50, ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V) за 81,50 и Екстра лесното 1 (ЕЛ-1) за 81,00 денари.

Се зголемува и малопродажната цена на Мазутот М-1 НС за 0,176 денари и еден килограм ќе чини 39,459 денари. 

Промовирани огласи »

На глобалните пазари, вредноста на доларот во однос на кошничката валути драстично падна минатата недела, бидејќи инфлацијата во САД се намалува, па се очекува дека американската централна банка ќе го намали темпото на зголемување на каматните стапки. Индексот на доларот, кој го покажува движењето на вредноста на САД во однос на другите шест најважни светски валути, падна минатата недела за 1,6 отсто, на 102,20 поени, блиску до најниското ниво од јуни минатата година.

Истовремено, доларот ослабе за 1,7 отсто во однос на европската валута, па цената на еврото скокна на 1,0830 долари, недалеку од највисокото ниво во последните девет месеци. Курсот на доларот во однос на јапонската валута падна, пак, за 3,2 отсто, на 127,85 јени. Вредноста на доларот нагло падна откако во четвртокот беше објавено дека инфлацијата во САД во декември се намали на 6,5 отсто на годишна основа, од 7,1 отсто еден месец порано.

На месечно ниво, сепак, потрошувачките цени во најголемата светска економија паднаа за 0,1 отсто во декември, што беше прв пад од мај 2020 година. Ова ја поддржа тезата дека поради слабеењето на инфлацијата, американската централна банка ќе биде помалку агресивна во зголемувањето каматните стапки во иднина.

Така, пазарот на пари проценува дека челниците на ФЕД на состанокот во февруари ќе ги зголемат клучните каматни стапки за 0,25 процентни поени, а не за 0,50 поени, како што направија на последниот состанок минатата година.

„Зголемувањето на каматните стапки за 0,25 процентни поени би било соодветно во иднина“, рече Патрик Харкер, претседател на филијалата на ФЕД во Филаделфија, на крајот од минатата недела.

Од друга страна, се очекува дека поради јакнењето на инфлацијата во Јапонија, тамошната централна банка наскоро ќе почне да ја заострува монетарната политика, по години водење на крајно лабава политика со цел да се поттикне растот на економијата.

Благодарение на ова, јапонската валута значително зајакна во однос на американската минатата недела. Еврото значително зајакна и во однос на доларот. Европската централна банка, како и Банката на федерални резерви, се очекува да продолжат со умерено зголемување на каматните стапки за да ја ограничат инфлацијата во еврозоната, а еврото беше поддржано од податоци кои даваат надеж дека германската економија, најголемата во блокот, може да избегне рецесија .

Индексот на доларот порасна за околу 8 отсто минатата година, бидејќи американската централна банка го предводи патот во зголемувањето на каматните стапки за да ја спречи инфлацијата, која во средината на годината достигна највисоки нивоа во последните 40 години.

Минатата година ФЕД ги зголеми каматните стапки за вкупно 4,25 процентни поени, на опсег од 4,25 до 4,50 отсто, што е нивно највисоко ниво во последните 15 години. Минатата година, пак, Европската централна банка (ЕЦБ) ги зголеми каматните стапки за вкупно 2,5 процентни поени.

Повеќе вести...
барај огласи за вработување » барај останати огласи »