Промовирани огласи »

УЈП ќе има обврска да ги собере сите податоци за остварените приходи на физичкото лице и компјутерски да му ги достави. Секој граѓанин ќе има лозинка преку која ќе може да влезе во пријавата доставена од УЈП и да направи проверка на своите податоци.

Ако забележи дека во пријавата не се внесени некои од остварените приходи истите ќе може сам да ги додаде.

“Тоа значи дека УЈП ќе предлага годишна даночна пријава во електрнска форма која ќе се вика пред пополнување за да може граѓанинот да направи проверка на податоците. Се работи за подобрување на систем кој значително ќе помогне за намалување на гужвите на шалтерите, и ако добро профункционира значително ќе помогне и за зголемување на приходите во буџетото по овој основ” – рече Павле Гацов, економски аналитичар.

Гацов смета дека со новиот начин на поднесување на даночните пријави нема да се отвори простор за малверазии.

“Како и до сега така и со новиот систем со кои практично граѓаните се ослободуваат од обврската да одат на шалтер се предвидува секој кој ќе се обиде да сокрие дел од приходите остварени во текот на годината, да превземе голем ризик и може да се најде на црната листа на управата за јавни приходи” – додаде тој.

Гацов очекува новиот систем да биде добро направен и да има капацитет да опслужува над 300 илјади граѓани кои ќе имаат обврска да поднесат годишна даночна пријва и да нема откажување на системот како што неколку пати тоа се случува при поднесувњето на годишните даночни биланси од страна на сметководствените бироа.

Новиот систем на поднесување годишна даночна пријави треба да почне да фунцкионира од следната година.

Промовирани огласи »

Просечна личност е најздрава во 30-те години од животот, најбогата во 47 и има најдбар секс на 32 години од животот, покажа едно ново истражување.

Испитувањето што опфати две илјади мажи и жени во Велика Британија покажа дека луѓето во просек се најсреќни во 39-та година од животот и дека со својата кожа најдобро се чувствуваат на 31 година, но процутот на кариерата го доживуваат во 38-та година од животот.

Според студијата, други важни години во животот се 40-тата кога се чувствуваат најзадоволни во љубовта, додека финанисиската состојба е најдобра во 42 -та година. Само 23 отсто од испитаници се изјасниле, дека би го користеле унапредувањето на науката за постигнување на вечен живот.

Ова се најважни години во животот на луѓето:

  • Најздрави сме во 30-тата
  • Најбогати сме во 47-тата
  • Најсреќни сме во 39-тата
  • Најзадоволни со изгледот сме во 31-та
  • Најсреќни во кариерата сме во 38-та
  • Најдобар секс имаме во 32-тата
  • Најзадоволни со врската сме во 40-тата
  • Ја пронаоѓаме вистинската љубов во 32-тата
  • „Изневеруваме“ и се забавуваме на 24-та
  • Имаме најдобри примања во 42-та година од животот.

Промовирани огласи »

Чија е вината за тоа дека жените се уште добиваат помали плати од мажите? Ова е едно од прашањата кои се појавија откако беа обелоденети платите на врвните позициски имиња на BBC и стана јасно дека претставниците на посилниот пол заработуваат значително повеќе од оние на понежниот.

Ако можеме да најдеме кого или што да обвиниме, ќе знаеме што да промениме. Во културата ли е проблемот? Во мажите? Или во жените, премногу плашливи да го побараат она што им припаѓа? Всушност, одговорот е комбинација од сите овие фактори, но само еден од нив може брзо да биде поправена - како жените се гледаат себеси и сопствената вредност.

Тешко е да се зборува за овие работи. Филип Хемптон, кој беше меѓу луѓето, кои подготуваа нарачано истражување од владата за бројот жени на високи позиции во бизнисот, рече по темата на BBC дека „жените дозволиле ова да се случи, бидејќи не направиле ништо за прашањето“. Тој додаде дека во текот на годините во Сити многу мажи сакале директно од него поголеми плати, но ниту една жена не го направила тоа.

Хемптон доби многу критики за коментарите, но дали не е во право? Историјата тука не е дали 20 богати жени од BBC добиле пари колку 40 богати мажи. А е за милиони дами кои не се чувствуваат удобно да кажат: „Може ли да добијам 20% покачување оваа година?“. Дури не зборуваме за нискоквалификувани службенички, кои воопшто немаат можност да преговараат за платата.

Многу жени признаваат дека нивните внатрешни бариери се проблем. И дека веќе им е доста. Се разбира, постојат несвесни предрасуди и од двете страни. Неодамнешно американско истражување покажа дека жените оставиле впечаток на „непопустливоста и антипатичноста“за време на преговори за повисока плата. А мажите се видени на друг начин. Штом дамите се оценети како „непријатни“, ако си побараат повеќе пари, таа предрасуда е очигледна.

Зошто да не ризикуваме да не бидеме допаднати? Прашај за она што го заслужуваш. Биди подготвена да покажеш дека го заслужуваш. Дај примери и контра понуди. Прикажи му на шефот што можеш во рок од 6 месеци и потоа именувај сума. Откриј го она што те запира да заработуваш повеќе пари и започни ја промената.

Промовирани огласи »

За да се вработат во Германија младите денес мора да го познаваат  германскиот јазик, со кој им се отвораат многу врати, а понудата за работа е поразнолика и побогата во големите германски градови.

Соња Таировска Ѓурчак, по потекло од велешко, но со долги години живот и работа во Германија зад себе објаснува како македонските работници полесно можат  да се снајдат за вработување во оваа земја.

Јазикот е денес на прво место. Има и други можности каде има и наш народ во прва рака да помогне што се однесува во самиот почеток. Друго, нашите млади денес сите од школски денови ги изучуваат англискиот и германскиот, така да јас не гледам потешкотии за нашите кои сакаат и имаат можности за вработување во странство. Би додала само: Каде и да се работи во било која држава, треба цврста желба како кон себе така и кон работата затоа што со работата го изградуваме нашиот секојдневен живот кој исто така е зависен од работата. Во денешно време е малку тешко не само за Македонци туку  за секого и насекаде во светот, така барем се изјавува во медумите, но сепак јас почитувам едно правило ,,кој сака да работи може  секаде,,.  Било каде сè се започнува со ,,мало,, и за сè е потребно време, секоја семка фрлена во земја и треба време да никне, а и да порасне, затоа  многу работи ги споредувам со природата која ни е огледало на нашиот живот. Во Германија може да работи секој Македонец ако ги има и ги задоволува критериумите  на работодавецот со соодветна квалификација. Во сите поголеми градови  понудата е и поголема за работа – објаснува Таировска Ѓурчак.

За тоа колку може да се заработи вели дека зависи од работната позиција, но Германија налага и високи трошоци за живот кои мора да се имаат в предвид.  Сепак, смета дека трошоците зависат од самиот човек и од тоа каде и како сака да живее. Објаснува дека за час работа во земјата се исплаќаат по 8.50 евра, за што таа вели дека е мала сума.

Јас лично сум многу против оваа мала сатница, не само што самата личност не може да излезе на крај со овие пари,  туку  ја загрозуваме и сета мрежа на системот кој можеби и неразмислувајќи го доведуваме во еден голем и длабок пад. Сите ние сочинуваме и сме градители на еден систем без разлика каде работиме и во која држава, да опстане државата и се потребни здрави и цврсти темели кои не се градат со ефтина рака или се искористува работната рака. Има и други работи кои ја намалија сатницата,  тоа се извозот  во сите држави со многу ефтина работна рака, за секоја држава ова е самоуништување. Се прашувам само дали е свесно или е несвесно. Како позначајни падови би ги издвоила овде здравството,  пензионерските фондови и сите други фондови кои се исклучиво поддржани од сите вработени. Месечните расходи се многубројни,  сè зависи од личноста каде и како сака да живее. За еден посолиден стан потребни му се најмалку 700 евра. Останатите трошоци  не се под 500 евра, а овие трошоци  можат да се намалат ако се сместува  подалеку од градот во помали места, но со тоа се зголемуваат другите давачки при што  е потребно и сопствено возило и секако времето потрошено на патување кое се скратува од слободното време – додава Таировска Ѓурчак.

Таа од 1973 година живее во Германија и е задоволна од квалитетот на живот кој таму го има. За себе вели дека работела на повеќе работни места, но секогаш се трудела совесно и одговорно да ја извршува својата работа.

Познавање од германскиот јазик имав само еден единствен збот ГУТ,  тоа беше сè. Но, сепак се до сега е навистина гут/добро. Работев на многу работни места од каде и собирав многу знаење како  со јазикот така и со сите работи кои за мене беа многу нови, секаде имав голема одговорност, без разлика на моето познавање на јазикот, ги извршував моите секојдневни работи со многу самодоверливост која брзо беше забележана  од работодавецот, каде стекнував и голема доверба – вели таа.

За Германија додава дека законите и работничките права се почитуваат што е во корист на работникот. 

Извор - Фактор

Повеќе вести...
барај огласи за вработување » барај останати огласи »