Промовирани огласи »

За да се вработат во Германија младите денес мора да го познаваат  германскиот јазик, со кој им се отвораат многу врати, а понудата за работа е поразнолика и побогата во големите германски градови.

Соња Таировска Ѓурчак, по потекло од велешко, но со долги години живот и работа во Германија зад себе објаснува како македонските работници полесно можат  да се снајдат за вработување во оваа земја.

Јазикот е денес на прво место. Има и други можности каде има и наш народ во прва рака да помогне што се однесува во самиот почеток. Друго, нашите млади денес сите од школски денови ги изучуваат англискиот и германскиот, така да јас не гледам потешкотии за нашите кои сакаат и имаат можности за вработување во странство. Би додала само: Каде и да се работи во било која држава, треба цврста желба како кон себе така и кон работата затоа што со работата го изградуваме нашиот секојдневен живот кој исто така е зависен од работата. Во денешно време е малку тешко не само за Македонци туку  за секого и насекаде во светот, така барем се изјавува во медумите, но сепак јас почитувам едно правило ,,кој сака да работи може  секаде,,.  Било каде сè се започнува со ,,мало,, и за сè е потребно време, секоја семка фрлена во земја и треба време да никне, а и да порасне, затоа  многу работи ги споредувам со природата која ни е огледало на нашиот живот. Во Германија може да работи секој Македонец ако ги има и ги задоволува критериумите  на работодавецот со соодветна квалификација. Во сите поголеми градови  понудата е и поголема за работа – објаснува Таировска Ѓурчак.

За тоа колку може да се заработи вели дека зависи од работната позиција, но Германија налага и високи трошоци за живот кои мора да се имаат в предвид.  Сепак, смета дека трошоците зависат од самиот човек и од тоа каде и како сака да живее. Објаснува дека за час работа во земјата се исплаќаат по 8.50 евра, за што таа вели дека е мала сума.

Јас лично сум многу против оваа мала сатница, не само што самата личност не може да излезе на крај со овие пари,  туку  ја загрозуваме и сета мрежа на системот кој можеби и неразмислувајќи го доведуваме во еден голем и длабок пад. Сите ние сочинуваме и сме градители на еден систем без разлика каде работиме и во која држава, да опстане државата и се потребни здрави и цврсти темели кои не се градат со ефтина рака или се искористува работната рака. Има и други работи кои ја намалија сатницата,  тоа се извозот  во сите држави со многу ефтина работна рака, за секоја држава ова е самоуништување. Се прашувам само дали е свесно или е несвесно. Како позначајни падови би ги издвоила овде здравството,  пензионерските фондови и сите други фондови кои се исклучиво поддржани од сите вработени. Месечните расходи се многубројни,  сè зависи од личноста каде и како сака да живее. За еден посолиден стан потребни му се најмалку 700 евра. Останатите трошоци  не се под 500 евра, а овие трошоци  можат да се намалат ако се сместува  подалеку од градот во помали места, но со тоа се зголемуваат другите давачки при што  е потребно и сопствено возило и секако времето потрошено на патување кое се скратува од слободното време – додава Таировска Ѓурчак.

Таа од 1973 година живее во Германија и е задоволна од квалитетот на живот кој таму го има. За себе вели дека работела на повеќе работни места, но секогаш се трудела совесно и одговорно да ја извршува својата работа.

Познавање од германскиот јазик имав само еден единствен збот ГУТ,  тоа беше сè. Но, сепак се до сега е навистина гут/добро. Работев на многу работни места од каде и собирав многу знаење како  со јазикот така и со сите работи кои за мене беа многу нови, секаде имав голема одговорност, без разлика на моето познавање на јазикот, ги извршував моите секојдневни работи со многу самодоверливост која брзо беше забележана  од работодавецот, каде стекнував и голема доверба – вели таа.

За Германија додава дека законите и работничките права се почитуваат што е во корист на работникот. 

Извор - Фактор

Промовирани огласи »

Третина од населението на ЕУ (32,9 отсто) не можат себе си да си дозволат седум дена годишен одмор, а најсиромашни се Романците и Хрватите, објави европската статистичка канцеларија Евростат.

Најсиромашните држави, односно оние земји кои имаат најмногу жители без материјални можности да одат на море, ги предводи Романија во која 66,6 отсто од луѓето ќе си останат дома.

На второ место се граѓаните на Хрватска-62,8 отсто анкетирани Хрвати тврдат дека немаат пари за седумдневно патување.

Дома ќе останат повеќе од половина од граѓаните на Бугарија (56,4), Грција (53,6), Кипар (53,5)  и Унгарија (50,7 отсто).

Најмногу годишни одмори ова лето ќе имаат Швеѓаните-само 8,2 отсто нема да одат на пат.

На летување одат и многу граѓани на Луксембург, а само 13,1 отсто ќе останат дома, на годишен не одат само 13,7 отсто Данци, 14,2 Финци, 15,4 отсто Австријанци и 16,2 отсто Холанѓанци.

Бројот на Европејци кои не одат на годишен одмор во последните пет години се намалил за 5,1 отсто.

Раст е забележан само на Кипар u (5,9 отсто), во Данска (3,2 отсто) и Грција (2,4 отсто).

Промовирани огласи »

Софтверските инженери на Фејсбук привремено ја деактивираа вештачката интелигенција којашто е во експериментална фаза, откако системот успеа да си создаде сопствен начин на комуникација, и практично излезе од нивната контрола, пишува бугарскиот портал „Калдата“.

Програмата која социјалната мрежа се уште ја разработува, ја прави комуникацијата и автоматските команди во Meсинџерот многу пореалистични. Сепак, кога програмерите се обиделе да пуштат два бота да „разговараат“ меѓу себе, програмата ги надминала нивните очекувања.

Сепак, не е првпат да се случи нешто вакво. И во лабораториите на Илон Маск два бота успеаја да креираат свој јазик за комуникација.

Анализата на експертите сепак, не покажала за што двата бота „говореле“ откако го промениле јазикот, и набљудувачите просто не ги разбирале повеќе. Но според нив, тоа покажува дека вештачкиот интелект е способен самиот автоматски да се надградува и развива.

Случајов, се чини, соодветствува со десетиците предупредувања на научници како Илон Маск и Стивен Хокинг, но и многу други кои стравуваат дека популарната приказна за Терминаторите може да стане реалност.

Промовирани огласи »

На 27ми јуни 2017 во малото место East Falmouth, Cape Cod, Америка, студентка од Македонија на летна размена на студенти беше дел од ужасна сообраќајна несреќа.

Во моментот Данче и нејзиното семејство имаат потреба од сите нас, на следниот линк може да ја прочитате страшната приказна и да донираме и да помогнеме сите заедно:

https://www.gofundme.com/sr5vm-danches-traumatic-head-injury-fund

Повеќе вести...
барај огласи за вработување » барај останати огласи »