Промовирани огласи »

ПРВ САЕМ НА СПИЕЊЕ ВО ИСТ ГЕЈТ МОЛ ВО СКОПЈЕ 

Добриот сон е важен за здравјето на луѓето, а тоа зависи од удобноста на креветот, цврстината на душеците, ергономијата на перниците. Од таа причина Ист Гејт Мол заедно со своите првокласни брендови и реномирани брендови од сегментот за уредување на домот, JYSK Neptun, Comodita Home, Ozdilek, Dormeo Home, New Age, Enci Menci го организира првиот саем на спиењето со широка понуда од удобни душеци до мека постелнина, детски кревети, додатоци за спални соби, прочистувачи на воздух и озонери - односно сѐ што е потребно за совршен сон. 
Колекцијата за спални соби и кревети изложена на саемот на спиење е од новата колекција и е со специјални понуди и попусти ексклузивно само за времетрање на саемот. 
Саемот на спиењето се реализира во Ист Гејт Мол Скопје од 28 Јануари се до 12 Февруари. 

https://eastgatemall.mk/saem-na-spienjeto/ 

Со програмата на саемските манифестации и посебно оваа акција, Ист Гејт Мол го пополнува отсуството на соодветен саем кој се однесува на спалните соби. Затоа, заедно со брендовите на Ист Гејт Мол создадовме САЕМ НА СПИЕЊЕ кои во зимскиот период во годината на посетителите ќе им понудат широк асортиман на производи со промотивни услови. 

Промовирани огласи »

Заменик-министерот за финансии, Филип Николовски во „Детектор“ на „Сител ТВ“ кажа дека во моментов имаме најниска стапка на невработеност во Македонија, која изнесува 14,3 отсто.

Стапката продолжи да паѓа и покрај кризата која го зафати целиот свет, вели Николовски.

Николовски смета дека според проекциите на домашните и меѓународните организации кои ја следат економијата, во втората половина на годинава ќе имаме стабилизација и раст како пред кризата.

Промовирани огласи »

Промовирани огласи »

На светските берзи вредноста на доларот во однос на кошницата валути падна и минатата недела, трет пат по ред, но девизните курсеви не варираат многу бидејќи инвеститорите се претпазливи во пресрет на состаноците на неколку од најголемите централни банки во светот.

Индексот на доларот, кој го покажува движењето на вредноста на САД во однос на другите шест најважни светски валути, минатата недела ослабна за 0,05 отсто, на 101,92 поени, блиску до најниското ниво од јуни минатата година.

Истовремено, доларот ослабе во однос на европската валута за 0,1 отсто, па цената на еврото се искачи на 1,0865 долари, недалеку од највисокото ниво во последните девет месеци.

Курсот на доларот во однос на јапонската валута зајакна за 0,2 отсто, на 129,85 јени.

Курсовите на тие валути не флуктуираа многу бидејќи инвеститорите се претпазливи пред седниците на некои од најголемите централни банки во светот.

Меѓу другото, се очекува и првиот состанок на американскиот ФЕД оваа година.

Со оглед на намалувањето на инфлациските притисоци во САД, се очекува дека ФЕД ќе биде помалку агресивен во затегнување на монетарната политика во иднина.

Аналитичарите проценуваат дека американската централна банка на февруарската седница ќе ги зголеми каматните стапки само за 0,25 процентни поени, а не за 0,50 поени како на последната сесија лани.

Покрај тоа, тие веруваат дека конечната каматна стапка со која ФЕД ќе го запре циклусот на покачување може да биде помала од 5 проценти, иако повеќето претставници на ФЕД рекоа дека ќе треба да ги зголемат стапките над нивото од 5 проценти за да ја ограничат инфлацијата.

Минатата година ФЕД ги зголеми каматните стапки за вкупно 4,25 процентни поени, на опсег од 4,25 до 4,50 отсто, што е нивно највисоко ниво во последните 15 години.

Следната недела седница ќе одржат и лидерите на Европската централна банка (ЕЦБ). Поради високата инфлација се очекува натамошно зголемување на каматните стапки, откако лани беа зголемени за вкупно 2,5 процентни поени.

Се очекува британската централна банка дополнително да ги зголеми каматните стапки на седницата следната недела.

Повеќе вести...
барај огласи за вработување » барај останати огласи »