Промовирани огласи »

Десеттото јубилејно издание на фестивалот „Пиволенд“ ќе се одржи од 7 до 12 август на скопското Кале. На манифестацијата ќе настапат САФ, „Ван Гог“, диџеј Чваре, „Саут парк“ и други. Градот Скопје за годинешното издание на „Пиволенд“ издвои 600 илјади денари.

„Сакам да напоменам дека со одржувањето на „Пиволенд“ почнува големата летна забава „Супер Скопје“, која ќе се одржи на повеќе локации во градот. На 18 и 19 август покрај кафулињата на кејот, на 25 и 26 август во Скопската чаршија, на 1 и 2 септември на улицата Македонија и на 8 и 9 септември на Боемската улица. Притоа, на сите овие четири локации на летната забава, која ќе почнува во петок навечер и ќе завршува во сабота навечер, граѓаните на Скопје и посетителите ќе имаат можност да уживаат во добра музика“, изјави градоначалникот на Скопје, Коце Трајановски, на денешната прес-конференција. Во однос на претстојниот Суперкуп на УЕФА, градоначалникот очекува над 20.000 посетители и истакна дека се исполнети сите барања од Европската фудбалска федерација за овој настан.

Промовирани огласи »

Човек од Бор купил земјиште од мештаните на местото каде ќе се наоѓа идниот рудник на бакар и злато, за 5000 евра. 

Потоа за 52.000 евра истиот имот го продал на канадската компанија Nevsum, која во близина на Бор го најде најголемото наоѓалиште на злато. 

На местото каде ќе „никне“ новиот рудник има постари жители кои не се запознаени со ситуацијата, поради што го продаваат имотот за ниска цена. 

Александар Миликиќ од општина Бор им помага на мештаните да ги запознае по која цена треба да го продадат имотот и да не биде тоа за многу евтино како досега. 

Целта е имотот да не се продаде по симболична, туку по реална цена. 

Промовирани огласи »

Американските фирми отвориле 178.000 работни места во јули, според податоците на приватните агенции за вработување.

Најголем раст на новоотворени работни места е регистриран во образованието и здравствената заштита, а во преработувачката индустрија се укинати четири илјади работи места.

Градежните компании отвориле 6.000 нови позиции, а во секторот рударство се отворени 3.000 нови работни места.

Најновите податоци се потврда дека американската економија е на здрави темели.

Промовирани огласи »

Се чини дека жешкото лето и годи на среќата, а градовите Битола и Прилеп летово како да се натпреваруваат во вжештување на атмосферата со делење на добивки од игрите на среќа на Државна лотарија на Македонија. 

Неодамна во Прилеп беа изгребани и доделени две премии од лозот Авантура, а од 1ви август претпразнично во Битола се вози и вториот битолски среќен КИА Спортаж, откако претходно официјалното доделување, во свечена атмосфера,  го реализиравме во салонот на КИА во Скопје.

Низ улиците на Битола вториот Киа Спортаж од инстант лозот Авантура, ќе го вози  семејството Дамјановски, благодарение на среќната рака на Снежана Дамјановска која со својот сопруг не посети во Скопје, а потоа и во Битола на среќното место ДИМПО.

Добитниот лоз Снежана го купила од продажното место ДИМПО ДООЕЛ  кое се наоѓа кај новиот пазар во Битола. Снежана купила еден лоз на кој имало добивка од 60 денари, па решила да го замени за друг од истиот вид и не погрешила, бидејќи токму тој лоз им ја донесе премијата автомобил КИА  Спотраж. Снежана иако е редовен играч на инстант лотаријата  на ДЛМ никогаш не верувала дека токму таа може да биде добитник на премија, па возбудата и неверувањето ја држеа и во моментот кога во рацете ги имаше клучевите од преубавата КИА на денот на доделувањето во салонот на КИА во Скопје, но и на денот на првото возење од пред среќното продажно место во Битола  каде имавме празнично дружење со водителката Марјана и тимот на Државна лотарија на Македонија.

Од 10те автомобили КИА Спортаж премии на лозот авантура, три заминаа во Прилеп, а две во Битола. Натпреварувањето меѓу Битола и Прилеп продолжува, до следната премија.

Инаку,инстант лозотАвантураво фондот на добивки нуди10(десет) автомобили KiaSportage и парични добивки до 50.000,00 денари. Вкупниот фонд на добивки е 37.530.000,00 денари, а секој трет лоз е добитен. Добивката се дознава со гребење на малите автомобили, под што се откриваат девет полиња во кои се прикажани бројки/суми или симболи. Лозот носи парична добивка доколку во три од деветте полиња има три исти суми. Добивкатаавтомобил е остваренаако во 3(три) од деветте полињата се откријат симболи наавтомобил.

Ова е прв член на семејството на инстант лозови што нуди SUV класа на автомобил. Инстантот е подготвен врз основа на истражувањата на пазарот во контактсо играчитена игри на среќа кои за најпосакуван автомобил од класата на SUV го посочија токму KiaSportage, што се совпаѓа со прогласувањетоза‘лидер во квалитет’за2016година.

Играчите на инстант лозот ‘Авантура’ за 60 денари имаат можност да добијат автомобил KiaSportage, со сите платени давачки.

Не пропуштајте ја шансата за добивка. Впуштете се во ‘Авантура’ и изгребете KiaSportage!

Повеќе вести...
барај огласи за вработување » барај останати огласи »