Промовирани огласи »

Министерот за здравство открива потенцијално голем проблем со системот за издавање на електронски здравствени картички кои да потсетиме дека пред изборите тие што доставуваа документи добија информации дека новите картички ќе треба да ги чекаат најмалку една година.  

Министерот Таравари за да го надмине потенцијалниот проблем посочи дека е можно распишување нов тендер за избор на фирма која ќе печати нови електронски здравствени картички (ЕЗК), поради тоа што на поголем број од граѓаните картичките им се неважечки, а дел ги немаат добиено.

Тој на средба со новинари информираше дека денеска ќе има состанок со директорите на Фондот за здравствено осигурување на Македонија на кој ќе стане збор за начините за надминување на проблемот со ЕЗК.

Сакавме ова да го решиме така што ќе биде три во едно, односно лична карта, возачка и здравствена картичка во едно. Но, од МВР ме информираа дека технички е возможно заедно да бидат само лична карта и здравствена картичка. Така што, тоа ќе го направиме, но тоа ќе биде процес кој ќе трае во наредните две до три години. Дотогаш ќе мора да печатиме нови картички, додаде Таравари.

Промовирани огласи »

Десеттото јубилејно издание на фестивалот „Пиволенд“ ќе се одржи од 7 до 12 август на скопското Кале. На манифестацијата ќе настапат САФ, „Ван Гог“, диџеј Чваре, „Саут парк“ и други. Градот Скопје за годинешното издание на „Пиволенд“ издвои 600 илјади денари.

„Сакам да напоменам дека со одржувањето на „Пиволенд“ почнува големата летна забава „Супер Скопје“, која ќе се одржи на повеќе локации во градот. На 18 и 19 август покрај кафулињата на кејот, на 25 и 26 август во Скопската чаршија, на 1 и 2 септември на улицата Македонија и на 8 и 9 септември на Боемската улица. Притоа, на сите овие четири локации на летната забава, која ќе почнува во петок навечер и ќе завршува во сабота навечер, граѓаните на Скопје и посетителите ќе имаат можност да уживаат во добра музика“, изјави градоначалникот на Скопје, Коце Трајановски, на денешната прес-конференција. Во однос на претстојниот Суперкуп на УЕФА, градоначалникот очекува над 20.000 посетители и истакна дека се исполнети сите барања од Европската фудбалска федерација за овој настан.

Промовирани огласи »

Човек од Бор купил земјиште од мештаните на местото каде ќе се наоѓа идниот рудник на бакар и злато, за 5000 евра. 

Потоа за 52.000 евра истиот имот го продал на канадската компанија Nevsum, која во близина на Бор го најде најголемото наоѓалиште на злато. 

На местото каде ќе „никне“ новиот рудник има постари жители кои не се запознаени со ситуацијата, поради што го продаваат имотот за ниска цена. 

Александар Миликиќ од општина Бор им помага на мештаните да ги запознае по која цена треба да го продадат имотот и да не биде тоа за многу евтино како досега. 

Целта е имотот да не се продаде по симболична, туку по реална цена. 

Промовирани огласи »

Американските фирми отвориле 178.000 работни места во јули, според податоците на приватните агенции за вработување.

Најголем раст на новоотворени работни места е регистриран во образованието и здравствената заштита, а во преработувачката индустрија се укинати четири илјади работи места.

Градежните компании отвориле 6.000 нови позиции, а во секторот рударство се отворени 3.000 нови работни места.

Најновите податоци се потврда дека американската економија е на здрави темели.

Повеќе вести...
барај огласи за вработување » барај останати огласи »