KARIERA.mk организира ексклузивна маркетинг работилница на 10.02.2023 во Skopje Marriott Hotel за сите маркетинг професионалци и ентузијасти!
Предавач на работилницата ќе биде:
Еџе Озтурк Доган, Директор на Google Marketing Platform, Турција.
Еџе е технолошки консултант кој што во последните 12 години ја води Google Marketing Platform на Турскиот пазар каде што го овозможува подигнување на дигиталната зрелост во екосистемот преку програмски технологии за рекламирање.
Таа е активен учесник и говорник во организации ширум индустријата како IAB и GARM водејќи се по мислите за дигитални технологии, како што е приватноста, заштитата на податоци и иднината на дигиталниот екосистем. Исто така таа е активист за промоција на различностите, фокусирајќи се на презентацијата на жените во рекламно-технолошката индустрија.
Во мај 2022 таа имаше TEDx talk во Скопје, на тема ,,Дигитална трансформација на мајчинството” со цел зајакнување на родителите на модерниот свет кои што се под притисок и очекување на перфекционизам, додека механизмите за поддршка се намалени.
Пред да се вклучи во Google, Еџе работела како директор за Performance Marketing во Garanti BBVA Payment Systems каде изградила и водела тимови за дигитален маркетинг. Пред ова, Еџе работела како Global Digital Marketing Manager на fintech startup и како Специјалист за социјални медиуми во дигитална агенција. Еџе по професија е индустриски инжинер и има мастер студии по информациски системи.
Доколку сѐ уште немате резервирано карта за настанот тоа може да го направите на следниот линк.
Со сигурност, оваа работилница ќе донесе многу знаења и одлично вмрежување меѓу пријавените учесници од познати компаниии од државата и регионот.