Промовирани огласи »

Економијата на земјата расте и тоа во услови на економска криза и во период на пост ковид криза. Осум квартали по ред се бележи раст на БДП, се наведува во денешното соопштение на СДСМ.

Од таму велат дека во исто време инфлацијата се намалува.

Истовремено инфлацијата се намалува. Три месеци по ред стапката на инфлација опаѓа. Трендот на намалување продолжува и понатаму и во текот на годината стапката на инфлација ќе биде едноцифрена. Растат платите и пензиите. Според усвоената методологија, минималната плата во март ќе се зголеми на мад 20.000 денари, а пензиите за една година бележат раст од 16 проценти, велат од СДСМ.

Промовирани огласи »


Министерот за економија Крешник Бектеши денеска најави нови мерки за справување со инфлацијата и енергетската криза, откако граѓаните преку анкета ќе утврдат како ќе се криеираат.

Денеска остварив работен состанок со Вишиот резидентен директор на НДИ Роберт Скот Хејзлет и Насер Бислими, програмски офицер.

Мерките и активностите кои ги превзема Министерството за економија за поддршка на домаќинствата и компаниите за справување со енергетската и економската криза и подобрување на животниот стандард на граѓаните беа темите за кои разговаравме на работниот состанок.

Исто така, се договоривме во наредниот период со поддршка на НДИ да се спроведе анкета и истражување на национално ниво за потребите и очекувањата на граѓаните и потрошувачите за економската ситуација во Северна Македонија, пред се за инфлацијата, растот на цените и трошоците за живот, соопшти министерот.

Бектеши дополни дека, согласно резултатите од анализата и мислењето на граѓаните, ќе се дизајнираат мерките за поддршка кои ќе се донесат после 30 април годинава.
 

Промовирани огласи »

На едно четиричлено семејство во јануари му биле потребни 50.799 денари за минимални месечни трошоци, покажуваат пресметките на Сојузот на синдикати на Македонија.

Според податоците за синдикалната потрошувачка кошничка објавени денеска, најмногу пари или 19.206 денари се трошат за храна и пијалоци, а 13.313 денари за режиски трошоци. За хигиена биле потребни минимум 3.097 денари, а за превоз 3.668 денари.

Државниот завод за статистика вчера објави дека инфлацијата во јануари изнесува 17,1 проценти.

Промовирани огласи »

Канцеларискиот простор треба да остави слика на доверба, професионализам и надеж за се покоректни работни средини, со што вашите луѓе и клиентите би го добиле најдоброто од одност и опкружувањето. Оставање добар впечаток на клиентите еден е од клучните барања правилно да го опремите канцеларискиот простор.

Издвојте време и обидете се да ја согледате вашата канцеларија со очите на другите луѓе. Можете да дојдете до идеја за тоа како точно вашиот канцелариски простор може да помогне или да пречи во вашето работење.

Постојат многу работи со кои што може да направите во вашата канцеларија да владее пријатна атмосфера и да се чувствувате како дома. Може да ставите амбиентални светилки, убав и полн кауч, убави и смирувачки уметнички слики или пак некое растение за да го разубави просторот.

Сите овие додатоци во вашата канцеларија може да ви помогнат да се навикнете побрзо. Секогаш трудете се да работите во смирена атмосфера,да имате фер и коректен однос со вашите колеги и дозволете си да направите кратка кафе-пауза за да може да се опуштите и да бидете повеќе продуктивни во текот на работата.

Репрезентативниот работен простор всушност може да биде и потенцијален договор за некои клиенти или алтернативно може да ви помогне во остварување на вашите работни соништа.

Добро дизајнираното лого на компанијата поставено на добро место, може да ја преобрази едноличната канцеларија во интересен и жив работен простор.

Повеќе вести...
барај огласи за вработување » барај останати огласи »