Промовирани огласи »

Наспроти најплатените работници во земајва, каде како што објави Фактор убедливо на врвот се работниците од сектор „воздухопловен транспорт“ со 94.537 денари плата.

Наспроти нив работниците кој се најдоа во групата топ пет најниски плати, треба да работат четири месеци за да земат колку што добиваат претходно споменатите за само еден месец.

Еве ја листата на топ пет најмалку платени работници:

Услуги поврзани со одржување на згради и дејности на уредување и одржување на животната средина и природата   21.310 денари

Рибарство и аквакултура  22.918 денари

Производство на облека  23.144 денари

Производство на кожа и слични производи од кожа  23.190 денари

Дејности за подготовка на оброци и служење на храна  23.566 денари.

Промовирани огласи »

,,Фестивалот на чоколадата”  во трговскиот центар Ист Гејт Мол е фицијално отворен и ќе трае до 26 февруари.

Посетителите можат да се информираат и да научат повеќе занимливости поврзани за чоколадата: да се открие ја џунглата со палми од каде расте какао плодот, да се види и искуси чоколадната куќичка на Ивица и Марица, и да се погледне како изгледа процесот на производство на превкусни чоколадни производи, како и да се учествува на чоколадна работилница.

На фестивалот се претставуваат повеќе од 15 брендови на чоколади, трите најголеми македонски фабрики за чоколади и повеќето меѓународни производители на производи направени од чоколада.

Фестивалските денови се исполнети со вкусни задоволства, промоции, забавни активности и многу изненадувања, како и дегустација на ретки видови на чоколада: темна, рубинова, солена.

Погледнете ја целосната агенда на фестивалот тука: https://eastgatemall.mk/event/chocolate-festival/

Се гледаме во Ист Гејт Мол!

Промовирани огласи »

Средната возраст на населението на ЕУ лани била 44,4 години, што е зголемување за 2,5 години во споредба со 2012. Во Северна Македонија, пак, просечната возраст е 41,1 година, а една децени претходно била 36,4, покажуваат податоците што ги објави Евростат. 

Најмладо население во ЕУ има Кипар со просек од 38 години, а најстаро Португалија (46,8) и Италија (48 години).

Во периодот од 2012 до 2022 година, средната возраст на населението се зголемила во сите членки на ЕУ, освен во Шведска, каде што се бележи намалува од 40,8 на 40,7 години.

Од земјите во регионот, најстаро население има Грција каде што просечната возраст е 46,1 година, Хрватска со 45,4, Бугарија 45,1, Србија 44,1. Најмлада популација имаат Црна Гора 39,4 и Албанија 38 години, но и таму во изминатата децени е регистриран раст на средната возраст за 2,5 односно 4,8 години.

Промовирани огласи »

Канва претставува моќна алатка за дизајнирање. Основачот на Canva Мелани Перкинс, ја започнала својата кариера на 19 години. Нејзината идеја за стартап на Канва произлегла поради недостигот на програмите за дизајн кои биле скапи и сложени. Работниот ден и започнувал во дневната соба каде што секое сабајле читала твитови од корисниците за Канва и пишувала дневник.

Првите луѓе кои инвестирале за Канва биле познатите холивудски личности Овен Вилсон, Вуди Харелсон и Бил Тај. Моќната алатка за дизајнирање ја користат околу 25.000 организации. На 14 февруари 2023 година Канва објави официјално дека нивната заедница поминала 15 милијарди дизајни.

Повеќе вести...
барај огласи за вработување » барај останати огласи »