Македонија е над европскиот просек според познавањето странски јазици. Во земјава јазик различен од мајчиниот зборуваат 68,3 отсто од граѓаните.
Според податоците на Евростат што ги објави Еуроњуз по повод Меѓународниот ден на мајчиниот јазик, во Европа околу 65 отсто од населението знае барем еден странски јазик. За споредба, во САД само околу 20 отсто од возрасната популација зборува друг јазик.
Постојат значителни варијации меѓу регионите на Стариот континент. Во нордиските земји голем процент од луѓето знаат најмалку два јазика, додека во Јужна Европа тоа не е случај.
Спротивно на тоа, во Велика Британија, Босна и Херцеговина, Романија, Албанија, Унгарија и Бугарија помалку од 50 отсто од луѓето се повеќејазични.
Според податоците на Евростат што ги објави Еуроњуз по повод Меѓународниот ден на мајчиниот јазик, во Европа околу 65 отсто од населението знае барем еден странски јазик. За споредба, во САД само околу 20 отсто од возрасната популација зборува друг јазик.
Постојат значителни варијации меѓу регионите на Стариот континент. Во нордиските земји голем процент од луѓето знаат најмалку два јазика, додека во Јужна Европа тоа не е случај.
Спротивно на тоа, во Велика Британија, Босна и Херцеговина, Романија, Албанија, Унгарија и Бугарија помалку од 50 отсто од луѓето се повеќејазични