Промовирани огласи »

70 отсто од компаниите кои користеле субвенционирана енергија од државата не ги намалиле цените на прехранбените производи. фирми. Поради несовесните сопственици, сега и оние што ги почитувале правилата ќе плаќаат поскапо за струја, бидејќи владата ја укинува помошта, изјави министерот за економија Крешник Бектеши во емисијата „Економски магазин“ синоќа на ТВ Алсат.

Според прелиминарните податоци, значителен дел од фирмите кои се над 250, а ја користат мерката за субвенционирање на електрична енергија, речиси над 60-70 отсто не ја почитувале истата одлука, а ги задржале истите цени во однос на месецот ноември пред да стапи во сила одлуката за субвенционирање на струјата. Затоа, по крајот на месецот, како што предупредивме, Министерството за економија ќе и предложи на Владата да донесе одлука за укинување на оваа мерка, изјави Бектеши.

Министерството за економија го добил извештајот на Пазарниот инспекторат и по завршната анализа не ја исклучува можноста неговиот ресор да и предложи на Владата укинување на мерката за субвенционирање на електрична енергија.


Имавме повеќе средби со стопанските комори, особено со секторите кои се занимаваат со производство на основни производи, каде сите дојдовме до заклучок дека Владата треба да преземе соодветни мерки за да им помогне за да ги намалат цените на леб, масло, тестенини и млеко. Значителен дел од локалните компании, за жал, не го испочитуваа џентлменскиот договор што го постигнавме меѓу Владата и стопанските комори. Извештајот како министер за економија го прифативме од Пазарниот инспекторат, конечниот извештај треба да се направи до крајот на овој месец. Според прелиминарните податоци, имаме дека значителен дел од компаниите кои ја искористиле мерката за субвенционирање на електрична енергија, би рекол над 60 некаде до 70 отсто, не ја почитувале одлуката и ги задржале истите цени, во однос на месецот ноември, пред да стапи во сила одлуката за субвенционирање на електрична енергија. Затоа Министерството за економија ќе и предложи на Владата да донесеме одлука за укинување на оваа мерка за субвенционирање,рече Бектеши.


Сепак, според него, дел од мерките остануваат за некои релевантни институции.

Мерките за основните и средните училишта ќе останат, тоа го ветивме. За Јавните општински претпријатија ќе останат до крајот на кризата. За компаниите предлогот на Министерството за економија до Владата ќе биде да ги укине и тие средства да ги искористи за поддршка на граѓаните, особено за оние кои немаат големи приходи, најави министерот.

Промовирани огласи »

„Синцеритас“ АД Скопје е фармацевтска компанија чиј фокус на работење е култивирањето и производството на канабис за медицинска намена. Работните практики и политики во нашата компанија се усогласени со највисоките домашни и европски стандарди во фармацевтската индустрија (ISO, GACP, GMP) со цел производство на сув цвет и на масло од канабис со висока чистота и различни концентрации на CBD и THC.

Нашиот тим се состои од талентирани луѓе кои имаат желба за напредок и постојано усовршување. Тоа значи дека бараме талентирани, одлучни луѓе кои се истакнуваат во своето поле на работење и би сакале да ни се придружат со полно работно време во нашето седиште во Скопје, или пак, во лабораториските и производствени капацитети во Росоман. Доколку сте заинтересирани да се придружите на #TeamSinceritas

Моментално се оворени следниве работни позиции:

АНАЛИТИЧАР ВО КОНТРОЛА НА КВАЛИТЕТ
МЕНАЏЕР ЗА KОНТРОЛА НА КВАЛИТЕТ- QC
ФИНАНСИСКИ МЕНАЏЕР
QP - КВАЛИФИКУВАНО ЛИЦЕ
МАШИНСКИ ИНЖЕНЕР
ПРАКТИКАНТИ

Доколку сеуште го барате вашето идеално работно место, сите останати активни работни позиции можете да ги најдете ТУКА.

Промовирани огласи »

Просечната месечна исплатена нето-плата по вработен, во декември 2022 година, изнесува 34 364 денари и во однос на декември 2021 година, е зголемена за 14,8 проценти, објави денеска Државниот завод за статистика.

Ваквото зголемување се должи, пред сѐ, на зголемувањето на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен во секторите: Преработувачка индустрија (20,4 проценти), Уметност, забава и рекреација (20,2 проценти) и Административни и помошни услужни дејности (19 проценти).

Зголемување на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен, во однос на претходниот месец, е забележано во секторите: Транспорт и складирање (10,4  проценти), Дејности во врска со недвижен имот (10,2 проценти) и Уметност, забава и рекреација (8,4 проценти).

Како што објави ДЗС, просечната месечна исплатена бруто-плата по вработен, во декември 2022 година, изнесува 51 387 денари.

Промовирани огласи »

Без разлика дали барате работа, па допрва треба да преговарате за висината на вашите месечни примања или пак веќе долго време работите и сметате дека заслужувате покачување на платата, на ваквите ситуации не треба да им се плашите, туку треба да знаете како да се справите со нив.

Преговарање за прва плата

Доколку сте дојдени на прво интервју, не спомнувајте ја платата, освен ако немате силна причина за тоа или доколку работодавачот не ве праша за вашите очекувања за месечните примања. Доколку работодавачот ве праша колкава плата очекувате доколку се вработите на тоа работно место, немојте да го избегнувате одговорот, бидејќи на тој начин ќе оставите впечаток дека не знаете да си ги процените вашите способности или дека немате јасен став за работното место.

Предложете почетна плата за која би објасниле дека ќе работите додека не се докажете дека работата ви легнала, но дека со зголемувањето на вашето придонесување за компанијата, очекувате да се зголемат и вашите примања.

Барање за покачување на платата

Пред самиот состанок со шефот важно е добро да се припремите. Сумирајте ги вашите достигнувања и успехот во компанијата и поткрепете го секој исказ со докази. Размислете што вашиот шеф би можел да ве праша или да ви приговори за вашето барање и спремете си одговори. Запрашајте се „Што доколку ме одбие?“ и размислете дали сте толку незадоволни што ќе посакате да ја промените работната средина доколку вашиот предлог за зголемување на платата биде одбиен. Секогаш е добро да размислите однапред дали е вистинското време да побарате покачување со оглед на вашиот моментален квалитет на работење и положбата во која се наоѓа компанијата за која работите.

Повеќе вести...
барај огласи за вработување » барај останати огласи »