Аналитичар во Контрола на квалитет

За компанијата: „Синцеритас“ АД Скопје е фармацевтска компанија чиј фокус на работење е култивирањето и производството на канабис за медицинска намена. Работните практики и политики во нашата компанија се усогласени со... повеќе за компанијата »

Аналитичар во Контрола на квалитет

 Задолжително е пријавените кандидати да ги исполнуваат следните услови: 

  • Факултетска диплома по фармација, хемија, технологија, биологија или сродна област.
  • Минимум 1 години работно искуство во фармацевтска лабораторија за КК.
  • Одлично познавање на применливи аналитички методи и постапки.
  • Одлично познавање на процеси за работа во фармацевтска лабораторија за контрола на квалитет, ДПП, ДЛП.
  • Искуство во спроведување различни лабораториски анализи, работа со HPLC, GCMS итн.
  • Добро познавање на пишан и говорен англиски јазик.

Одговорности и работни задачи:

  • Ги спроведува активностите врзани со евиденција на секој прием на аналит за контола на квалитет
  • Ја следи стабилноста на финалните производи и изработува студии на стабилност
  • Учествува во ин-процес контролата на производите
  • Го организира чувањето на контра примероци од извршени анализи
  • Се грижи за архивирање на документација согласно воспоставениот Систем за управување со документација
  •  Изведува периодични калибрации, квалификации и изготвува извештаи од обавените активности.
  • Известува или спроведува истрага за сомнителни резултати од тестирања.
  • Пишува и документира извештаи за резултати надвор од спецификацијата за квалитет
  • Следи резултати по параметри во спецификации и изготвува извештаи за резултати надвор од трендот

Од кандидатите за бараната позиција се очекува да ги поседуваат следните вештини, способности и лични особини:

  • Способност за самостојна и тимска работа со научен и технички персонал.
  • Способност да работи под минимален надзор и можност за флексибилност кон обемот на работа врз основа на промена на приоритети.
  • Самомотивиран, ориентиран кон детали и спремен да прифати дополнителни одговорности
  • Способност за критичко размислување и поседување вештини за решавање проблеми.
  • Одлични интерперсонални, вербални и писмени комуникациски вештини.

Дополнителни информации:

Кандидатите кои ги исполнуваат горенаведените услови, своите биографии можат да ги испратат на е-маил:  [најави се за да го видиш е-маилот]

 

Сакаш да те препорачаме кај компаниите?

Слични огласи »

Внеси нов оглас

барај огласи за вработување » барај останати огласи »