За компанијата: „Синцеритас“ АД Скопје е фармацевтска компанија чиј фокус на работење е култивирањето и производството на канабис за медицинска намена. Работните практики и политики во нашата компанија се усогласени со...
повеќе за компанијата »МЕНАЏЕР ЗА КОНТРОЛА НА КВАЛИТЕТ- QC
Задолжително е пријавените кандидати да ги исполнуваат следните услови:
- Факултетска диплома по фармација и Специјализација за испитување и контрола на лекови.
- Не помалку од 5 години директно искуство во областа на контрола на квалитет / развој на лекови / центри за стабилност.
- Детално разбирање на процедури за контрола на квалитет и релевантни регулаторни стандарди.
- Детално разбирање на регулаторни барања за движење на контролирани / неконтролирани производи помеѓу различни глобални јурисдикции.
- Одлична способност за користење на алатки и техники за статистичка анализа за проценка на рок на траење на производ и услови за чување.
- Одлично техничко знаење за развој на производи, глобални регулаторни барања.
- Одлично познавање на барања за тестирање на стабилност на нови лековити супстанции и производи.
- Одлично познавање и искуство во контрола и производство на лекови.
- Опширно искуство во спроведување и одржување на системи и програми за управување со квалитет. (GMP, ISO900, ISO17025).
Одговорности и работни задачи:
- Целосно управува со одделот за контрола на квалитет (QC).
- Креира и управува со програми и постапки на одделот за QC за сите нови и постоечки производи.
- Спроведува подобрувања на програмата за стабилност, одговорен за проценка на влијанието на промените во целокупната програма за стабилност.
- Управува и контролира тимови за развој на производи во развојот на спецификации на производ и подобрувања на аналитички методи.
- Учествува во подготовката на регулаторните поднесоци.
- Потврдува дека научните податоци кои ги поддржуваат поднесоците ги следат домашните и меѓународните регулативи и сите релевантни насоки и политики.
- Навремено одговара на барањата на регулаторните институции.
- Го управува и контролира спроведувањето на постапките за усогласеност со GMP.
- Развој и валидација на аналитички методи за контрола на производи.
Од кандидатите за бараната позиција се очекува да ги поседуваат следните вештини, способности и лични особини:
- Организираност и ефикасност;
- Способност за тимска работа;
- Способност да работи под притисок, да донесува доверливи одлуки и да биде решителен-на;
- Работа со дадени рокови;
- Следење на интерните правила и процедури;
- Самоиницијативност и самокритичност;
Дополнителни информации:
Кандидатите кои ги исполнуваат горенаведените услови, своите биографии можат да ги испратат на е-маил: [најави се за да го видиш е-маилот]
Слични огласи »