Практиканти

За компанијата: „Синцеритас“ АД Скопје е фармацевтска компанија чиј фокус на работење е култивирањето и производството на канабис за медицинска намена. Работните практики и политики во нашата компанија се усогласени со... повеќе за компанијата »

Компанијата СИНЦЕРИТАС АД има потреба од вработување на практиканти во Секторите: Администрација (Скопје), Финансии и сметководство (Скопје), Производство (Росоман), Лабораторија (Росоман) и Култивација (Росоман).

Услови кои треба да ги исполнува практикантот:

  • Да не е во работен однос;
  • Да има дипломирано или да е студент на завршна година на студии во прв или втор циклус;
  • Со или без работно искуство.   
  • Да поседува добри комуникациски вештини;
  • Да поседува самоиницијативност, одлучност и желба за учење;
  • Да има солидно познавање на англиски јазик;
  • Да има познавање на Microsoft Office пакетот

Работодавачот со одбраните кандидати ќе склучи договор.

Праксата е платена во времетраење од еден до три месеци.

Кандидатите кои ги исполнуваат горенаведените услови, своите биографии можат да ги испратат на е-маил:  [најави се за да го видиш е-маилот] со назнака - "Оглас за практиканти" и Секторот за кој аплицираат.

Сакаш да те препорачаме кај компаниите?

Слични огласи »

Внеси нов оглас

барај огласи за вработување » барај останати огласи »