Промовирани огласи »

НЕПТУН Македонија продолжувајќи ја во својата цел - креирање импакт во општеството во развој на социјалните промени, во месец декември, организираше голема хуманитарна кампања ЗАОКРУЖИ СМЕТКА и донирај за СОС Детско село ЗА СИГУРНА ИДНИНА НА МЛАДИТЕ БЕЗ РОДИТЕЛСКА ГРИЖА. Донаторската акција „Заокружи сметка“ се одржa во сите продажни објекти низ републиката во период од 01.12. 2022 година до 30.12.2022 година.

Секој купувач имаше можност на иновативен начин да донира, со заокружување на својата сметка на каса во износ по свој избор во рамките на сметката.

Се заблагодаруваме на сите 1.453 потрошувачи Нептун кои придонесоа да се соберат финансиски средства и кои ја подржаа нашата кампања и донираа. Собраните средства ќе бидат наменети за едукативна поддршка на децата без родители и родителска грижа поддржани од СОС Детско село.

Како општествено одговорна компанија која се грижи за најранливите категории граѓани, Нептун Македонија и во текот на годината која следува ќе организира различни хуманитарни акции кои се наменети за децата згрижени во СОС Детско село. Сите активности во 2023 година компанијата ќе ги реализира во рамките на мотото “Ајде заедно да овозможиме сигурна иднина на младите без родителска грижа и да менуваме животи на децата без родители и родителска грижа поддржани од СОС Детско село.”

Промовирани огласи »

Најлошото нешто што можете да го направите ако не ви се допаѓа работата која моментално ја работите е да го покажете тоа. Доколку оваа работа е само отскочна даска кон постигнувањето успех и работата од вашите соништа, тогаш треба да дадете сѐ од себе и да ја сработите на најдобар можен начин. Така ќе направите репутација на посветен и вреден работник и ќе го подобрите сопствениот став за себе. Затоа, главата горе, насмевка на лицето и само напред.

Откријте ги причините за ниска мотивација

Првиот чекор во зголемувањето на енергијата на повисоко ниво е пронаоѓање на причина. Ниската мотивација можеби е резултат на физичкиот замор, лошата исхрана или недоволниот сон, можеби малата плата, лошата работна средина….

Истражувајте други можности

Доколку работите нешто што не ви се допаѓа, лесно можете да се почувствувате неинспирирано и како да ви недостасува предизвик. Сепак, треба да ги преземете работите во свои раце и да пронајдете начин да се чувствувате задоволно и исполнето на крајот на работниот ден. Истражувањето на други можности е најдобриот начин да го направите тоа.

Одвојте го слободното време од работата

Разбирливо е дека вашата работа зафаќа голем дел од вашиот ден и живот, но кога почнувате да работите, потрудете се да го оставите својот приватен живот зад себе. Не дозволувајте работата да ви го окупира и држи вниманието и по завршувањето на работното време. Со ваквото однесување само дополнително ќе го отежнете заминувањето во канцеларија наредниот ден. Бидете позитивни и пронајдете мотивација. Утре е нов ден.

Најдете мали работи кои ве мотивираат

Кога денот ви е лош, започнете да го поправате со ситници. Почастете се со омиленото кафе или колаче, гледајте некој добар филм или закажете средба со пријателите. Подарете си топла купка и удобен кревет. Уживајте и со малите префинети нешта избркајте го лошиот ден.

Промовирани огласи »

Кафе со млеко 

Оние кои пијат кафе со млеко, своето тело го сметаат за свет храм. Се грижат за здравиот начин на живот и правилната исхрана, но некој треба да им даде до знаење дека понекогаш мораат малку да се релаксираат и да уживаат во животот.

Макијато

Во макијато уживаат префинетите и добро образовани луѓе, а мала шолја од овој пијалак им пружа дозирано задоволство во текот на денот. Во животот сѐ завршуваат на време па дури и предвреме, така што на нив секогаш можете да се потпрете.

Инстант кафе 

Оние кои сакаат да пијат кафе со додатни вкусови од карамела, чоколадо или ванила се весели и забавни личности кои не мируваат ниту еден миг. Тие се зависници од шеќер, а кафето реално не им се ни допаѓа, па затоа го маскираат со други вкусови.

Кафе без кофеин

Плашливите и несигурни луѓе одбираат бескофеинско кафе. Тие не сакаат возбудувања, се држат до зададените граници и во животот сакаат да играат само на сигурно.

Дупло еспресо

Дуплото еспресо е избор на експлозивните луѓе, кои тешко се концентрираат само на една работа. На животот гледаат како на нешто во кое треба да се ужива со сите свои сетила. Сите оние кои сакаат да се впуштат во љубовна врска со нив, треба да знаат дека ќе им биде потребна многу енергија за да можат да останат во чекор.

Капучино

Обожавателите на капучино се таинствени и романтични души. Иако честопати изгледаат како да се повлечени во себе, кога ќе ви дозволат да ги запознаете, ќе ви покажат дека се креативни луѓе, богати со бујна фантазија.

Промовирани огласи »

Американскиот технолошки гигант „Мета“ планира да отпушти илјадници работници како дел од реформата на организациската структура, пишува американскиот дневен весник „Вашингтон пост“.

Весникот наведува дека Мета, која ги поседува платформите „Фејсбук“ и „Инстаграм“, се подготвува за реорганизација и намалување на големината на компанијата, што може да влијае на илјадници работници.

Компанијата планира да постави и дел од своите менаџери на пониски позиции за да се поправи организациската хиерархија. Се очекува некои работници на кои ќе им се сменат функциите да поднесат отказ, со што дополнително ќе се намали работната сила - пишува весникот.

Намалувањето на проектите и поделбата на работата ширум светот ќе се случи во следните неколку месеци и нема да се случи одеднаш, пишува весникот.

Во ноември минатата година, директорот на „Мета“ Марк Закерберг најави отпуштање на повеќе од 11.000 работници, пишува Capital.ba.

Повеќе вести...
барај огласи за вработување » барај останати огласи »