Промовирани огласи »

Американскиот технолошки гигант „Мета“ планира да отпушти илјадници работници како дел од реформата на организациската структура, пишува американскиот дневен весник „Вашингтон пост“.

Весникот наведува дека Мета, која ги поседува платформите „Фејсбук“ и „Инстаграм“, се подготвува за реорганизација и намалување на големината на компанијата, што може да влијае на илјадници работници.

Компанијата планира да постави и дел од своите менаџери на пониски позиции за да се поправи организациската хиерархија. Се очекува некои работници на кои ќе им се сменат функциите да поднесат отказ, со што дополнително ќе се намали работната сила - пишува весникот.

Намалувањето на проектите и поделбата на работата ширум светот ќе се случи во следните неколку месеци и нема да се случи одеднаш, пишува весникот.

Во ноември минатата година, директорот на „Мета“ Марк Закерберг најави отпуштање на повеќе од 11.000 работници, пишува Capital.ba.

Промовирани огласи »

Водата за пиење за скопјани поскапува од предвидените 23,14 денари просечна тарифа по метар кубен на 26,36 денари. Ваква одлука донела Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги на барањето на ЈП Водовод и канализација да се зголемат цените на услугите. Одлуката треба да биде потврдена на денешната седница на РКЕ и да започне со важење од март, објави Фактор

Станува збор за вонредна промена на тригодишната тарифа за снабдување со вода за пиење на скопското претпријатие за регулиран период 2021 – 2023 година. Во последната година за овој период претходно беше предвидено цената да остане иста како во 2021 и 2022.

Поскапува и услугата собирање и одведување на урбани отпадни води од предвидените 13,25 на 15 денари по метар кубен квадратен. Нова цена ќе има и прочистувањето на отпадни води, која наместо 0,86 ќе чини 0,87 денари годинава. И овие две давачки се на товар на жителите на главниот град со кои се формира конечната цена.

При утврдување на просечната тарифа за водната услуга снабдување со вода за пиење или водоснабдување, Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги имаше предвид цената на водната услуга да не го надминува прагот на достапност, одреден на ниво од 3 отсто од просекот на вкупниот приход по домаќинство во подрачјето во кое се обезбедува водната услуга. Цената на водната услуга ги вклучува тарифата за водната услуга, надоместоците поврзани со користење на водите утврдени со Законот за водите или со друг закон, како и даноците утврдени со закон, се вели во образложението на Регулаторот.

ЈП Водовод и канализација Скопје барањето за поскапувањето на услугата го поднесе лани во ноември. Во него беше посочено дека се бара зголемување на просечната цена на водната услуга снабдување со вода за пиeње за крајот на 2022 година на 38,57 денари за метар кубен, додека за следната 2023 година на 38,81 денар за метар кубен. Тоа значи дека за оваа година само делумно се прифаќа барањето на градското претпријатие за поскапување на главната услуга.

Од веб страната на јавното претпријатие каде е објавен ценовникот за услугите на компанијата, се гледа дека граѓаните односно домаќинствата водната услуга снабдување со вода за пиење ја плаќаат по цена од 18,50 денари. За разлика од нив, за останатите корисници цената достигнува 49,50 денари. Колкави ќе бидат цените за домаќинствата и за останатите корисници по промената на цената се уште не се знае.

Во согласност со Законот за утврдување на цените на водните услуги, ЈП Водовод и канализација – Скопје редовно доставува извештаи до Регулаторна комисија за енергетика. Во однос на тоа до РКЕ соодветно се доставени извештаи за трошоците на претпријатието, кои се зголемени имајќи го предвид зголемувањето на цените на сите ресурси кои ги користи претпријатието. Во овој момент цената на водните услуги и покрај зголемувањето на трошоците како резултат на енергетската криза е непроменета. Околу евентуална промена на цената на водните услуги надлежни се Регулаторна комисија за енергетика и Советот на Град Скопје како основач на претпријатието – гласеше тогашниот одговор од ЈП Водовод и канализација.

Промовирани огласи »

Растат платите кај северниот сосед. Просечната плата во соседна Србија до крајот на годинава ќе изнесува 816 евра. 

Таа во декември минатата година била 718 евра, а во декември годинава се очекува да достигне 816 евра. За „Блиц Бизнис“ ова го тврди Синиша Мали, министер за финансии.

Веќе се гледа дека сме на добар пат да го исполниме ветувањето што го дадовме дека просечната плата во Србија до крајот на 2026 година ќе биде 1.000 евра. Некои му се смееја на претседателот Александар Вучиќ кога ја презентираше проекцијата за просечна плата од 500 евра, а сега гледаме дека веќе сме на многу повисока бројка, која континуирано расте, рече Мали.

Претседателот Александар Вучиќ, ја отвори новата фабрика „Континентал“ во близина на Нови Сад и кажа дека просечната плата во Белград е 930 евра.

Македонија сепак не може да се пофали со такви плати. 

Просечната месечна исплатена нето-плата по вработен, во декември 2022 година, изнесува 34.364 денари и во однос на декември 2021 година, е зголемена за 14,8 проценти, објави Државниот завод за статистика.

Промовирани огласи »

За прв пат во историјата жените земјоделки може да користат платено отсуство за мајчинство, во висина од 81.000 денари како еднократен надоместок, информираше министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Љупчо Николовски.

Министерот Николовски изјави дека ова е преодно решение со кое им се помага на жените земјоделки.

Активно, заедно со МТСП и НФФ работиме на подготовка и донесување на системско решение за уредување на оваа проблематика, рече Николовски.

Целото интервју од гостувањето на министерот Николовски во Тема на денот на Сител ТВ, погледнете го на видеото подолу:

Повеќе вести...
барај огласи за вработување » барај останати огласи »