
За компанијата: Групацијата PRIMA е најнапреден систем кој произведува и продава мебел во регионот. Во Република Хрватска, нашиот малопродажен ланец на салони за мебел вбројува 59 продажни места, додекa во Северна Македонија...
повеќе за компанијата »(преземи го огласот како слика)

Групацијата PRIMA е најнапреден систем кој произведува и продава мебел во регионот. Во Република Хрватска, нашиот малопродажен ланец на салони за мебел вбројува 59 продажни места, додекa во Северна Македонија 6. Во дури 8 фабрики во Хрватска и во странство произведуваме мебел за целокупно опремување на домовите, апартмани, викендици, хотели и работни простори. На тој начин имаме вработено преку 2000 работници од разни профили и подрачја на стручност
Монтер на мебел во Скопје
Потребни способности и квалификации:
- Mотивирана и стабилна личност;
- Организираност, систематичност и темелност во работата;
- Навремено исполнување на обврските зададени по налог на претпоставениот;
- Способност за тимска работа и одговорност;
- Позитивен став и професионално однесување;
- Возачка дозвола Б категорија;
- Со или без претходно работно искуство во монтажа на мебел.
Опис на работни обврски:
- Монтажа на мебел во салоните на Прима мебел;
- Монтажа на мебел во домовите на потрошувачите;
- Работниот ангажман вклучува теренска работа.
Нудиме:
- Едукација и опкружување кое потикнува личен и професионален развој;
- Стимулативни примањa;
- Работа во динамична средина – предизвикувачки и разновидни работни задачи;
- Систем на наградување на успешните вработени.
Цел е да дадеш најдобро од себе, биди таков како што си. Оствари се себеси, исполни и препознај ги своите вредности и примени ги во секојдневниот живот и работа. Ако си задоволен со својата работа, ќе бидеш задоволен и со животот. Тука сме да ти помогнеме на твојот пат кон успехот и остварување на целите. Твојот успех е и наш успех. Од ден до ден, ќе следиме, мотивираме, наградуваме и веруваме во тебе. Ти ја даваме подршката и довербата. Те цениме и разбираме. Се што работиш е важно.
Доколку сакате да станете дел од професионалниот и креативен тим кој што секогаш е инспириран и мотивиран при осмислувањето на решенија за целосно опремување на домот со фокус на желбите и потребите на купувачите Вашата Професионална Биографија (CV) може да ја доставите на [најави се за да го видиш е-маилот] со назнака монтер на мебел во Скопје.
Слични огласи »