Промовирани огласи »

Еве колку заработуваат инфлуенсерите од само една објава на Instagram

Откријте колку заработуваат светските ѕвезди и како варираат цените за платените објави на Instagram зависно од бројот на следбеници.

Познатите личности кои промовираат брендови преку Instagram добиваат значителни суми, а Instagram страницата Wealth открива кои се на врвот на оваа листа. Најголемите ѕвезди како Кристијано Роналдо и Лео Меси бараат до 3,23 милиони долари за една објава, додека Ким Кардашијан, Селена Гомес и Кајли Џенер исто така бараат милионски суми.

На другата страна, инстаграм инфлуенсерите со помал број на следбеници, како што се нано и микроинфлуенсерите, покажуваат дека платените објави можат да бидат пониски, до 500 долари. Shopify наведува дека просечната спонзорирана објава чини околу 1.300 долари.

И покрај високите суми кои се објавуваат за мегазвездите, истражувањата покажуваат зголемена побарувачка за микроинфлуенсерите и инфлуенсерите на средно ниво, чии цени се повеќе достапни за бизнисите.

Проценетите износи се поделени на следниов начин:

  • Наноинфлуенсери (500-10.000 следбеници): 10 до 100 долари по објава
  • Микроинфлуенсери (10.000-50.000 следбеници): 100 до 500 долари по објава
  • Инфлуенсери од средно ниво (50.000-100.000 следбеници) 500 до 5.000 долари по објава
  • Макроинфлуенсери (100.000–500.000 следбеници): 5.000 до 10.000 долари по објава
  • Мегаинфлуенсери (500.000+ следбеници): 10.000 долари па нагоре по објава

Тагови: Instagram Shopify инфлуенсерите

Промовирани огласи »

Привремени отпуштања во авто-фабрики во Канада, Мексико и САД по најава на царини

Стелантис го паузира производството во фабриките во Канада и Мексико, што резултира со привремени отпуштања на работници во САД

Стелантис соопшти дека е „паузирано производството“ во некои од нивните автофабрики во Канада и Мексико поради ново објавените царини. Како резултат на ова, некои од американските вработени ќе бидат привремено отпуштени.

Околу 900 американски вработени, кои изработуваат мотори и печатени делови за канадските и мексиканските фабрики, ќе бидат меѓу оние кои ќе бидат отпуштени поради намалено производство. Овие работници се наоѓаат во пет различни фабрики на средниот запад – фабриките за печатење во Ворен и Стерлинг во Мичиген, како и фабриките за пренос/трансмисија во Индијана, Кокамо пренос и леење, сите во Кокамо, Индијана.

Фабриката за склопување во Виндзор, Онтарио, која произведува Chrysler Pacifica и Voyager, и Dodge Charge Daytona, ќе биде затворена две недели почнувајќи од понеделник. Фабриката за склопување во Толука, Мексико, која произведува Jeep Compass и електричен Wagoneer S, ќе биде затворена до крајот на април, исто така почнувајќи од понеделник.

Тагови: Канада Мексико САД фабрика царина

Промовирани огласи »

KARIERA.mk – Стратешки Партнер на Националната иницијатива за развој на AI вештини!

Подгответе се за новата дигитална ера!

Со особена чест објавуваме дека KARIERA.mk е нов Стратешки Партнер на иницијативата за развој на AI вештини!

Потпишавме меморандум за стратешко партнерство, со заедничка визија за поддршка на образованието, кариерниот развој и дигиталната трансформација во Македонија.

Како една од водечките македонски мрежи за професионален развој со над 700.000 корисници, Kariera.mk активно го поддржува градењето на AI компетенции и отвора нови можности за младите, професионалците и компаниите.

Поддршката за оваа иницијатива ќе овозможи зголемена видливост и достапност на AI обуките до пошироката јавност, со што се поттикнува градење на нови вештини и зголемување на конкурентноста на македонскиот пазар на труд.

📢 Ги повикуваме сите компании и институции кои веруваат во моќта на AI и едукацијата да се приклучат како партнери и поддржувачи на иницијативатa: 👉 https://lnkd.in/eyqK43Fc

Тагови: вештачка интелигенција Кариера Онлајн

Промовирани огласи »

Најди работа во Скопје!

Најновите огласи за работа во Скопје!

Скопје како главен град и економски центар на Македонија нуди широк спектар на можности за вработување во разни индустрии и сектори. Во последно време, пазарот на трудот во Скопје забележува зголемена побарувачка за професионалци од различни области, од технологија и маркетинг до угостителство и администрација. 

Еве некои од најновите и најпопуларни огласи за работа во градот:

Продажен песонал
Data Entry & Transfer Specialist
Технолог за храна
Машински техничар
Специјалист за набавка

Останатите оглси за во Скопје можете да ги најдете ТУКА.

Вчитај повеќе вести...
барај огласи за вработување »