Промовирани огласи »

Во текот на овој викенд, Марк Закерберг објави дека „Meta“ воведува претплата за социјалните мрежи кои се во сопственост на компанијата.

„Meta Verified“ е името на претплатата, која се воведува за да се потврдуваат профили на платформите на „Meta“ (Facebook, Instagram), а пристигнува со некои погодности.

Претплатата од оваа недела прво ќе им биде достапна на корисниците во Австралија и на Нов Зеланд. Слична е со системот кој Илон Маск го имплементирал во „Twitter“, а се однесува на проверување на идентитетот и овозможува пристап во поддршката за корисници.

Закерберг вели дека идејата за претплатата е да се подобри веродостојноста и безбедноста на услугите кои ги нудат сервисите на „Meta“.

Корисниците, кои ќе се претплатат на „Facebook“ и „Instagram“, ќе добијат беџ кој ја потврдува веродостојноста на нивниот идентитет, заштита на својот профил, можност за пристап во корисничката служба и поголема глобална видливост.Претплатата нема да биде наменета за компании, туку за поединци постари од 18 години. Претплатниците за „Meta Verified“ месечно за веб ќе плаќаат 11,99 долари, додека за претплата на „Android“ и „iOS“ платформите ќе изнесува 14,99 долари месечно.

Промовирани огласи »

Луѓето на глобално ниво ќе консумираат поскапа храна. 

Цените на намирниците и натаму ќе растат. Најголемата групација за производство на храна на планетата, Нестле, тврди дека цената на основните прехранбени производи годинава дополнително ќе се зголеми. Швајцарската компанија минатата година ги покачи цените во просек за 8,2 отсто, но смета дека тоа не е доволно. Енергетската криза поради руската инвазија на Украина може да доведе 141 милион луѓе ширум светот во екстремна сиромаштија, се наведува во извештајот што го објави списанието Nature Energy. 

Лани во март, откако Русија ја нападна Украина, цените на храната достигнаа рекорди. 

foto freepik.com/kwangmoop

Промовирани огласи »

Зегин ДОО е првата приватна компанија во Република С. Македонија регистрирана за продажба на лекови. Како една од најуспешните и најголемите компании кај нас, со најдобра инфраструктура и најголема дистрибутивна мрежа, секогаш сме во потрага по талентирани професионалци кои сакаат да станат дел од нашето професионално семејство. Доколку сакате да станете дел од нашиот тим, аплицирајте на отворените работни позиции!

Како активни се следниве работни места:

ФАРМАЦЕВТ / ФАРМАЦЕВТСКИ ТЕХНИЧАР / РАДОВИШ
ДИПЛОМИРАН ФАРМАЦЕВТ / ФАРМАЦЕВТСКИ ТЕХНИЧАР / ЦЕЛА МАКЕДОНИЈА
ФАРМАЦЕВТ / ФАРМАЦЕВТСКИ ТЕХНИЧАР / СКОПЈЕ
ЕЛЕКТРИЧАР
ОПШТ РАБОТНИК, МОЛЕР, ВОДОИНСТАЛАТЕР, ТИШЛЕР - МАГАЦИН

Промовирани огласи »

Можно враќање на дневната ефтина струја од 14 до 16 часот од 1 јули најави претседателот на Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ), Марко Бислимоски.

Можно е враќање на дневната евтина струја, но ќе треба да почекаме за тоа до крајот на грејната сезона. Од октомври до средината на февруари имавме поволни услови, граѓаните заштедија 14 проценти енергија, сите домашни капацитети се во функција и за прв пат над 80 отсто од потребите за енергија ги задоволуваме од домашни капацитети. Позитивните трендови продолжуваат, намалени се загубите, а ЕСМ може да има дополнителни приходи од продажбата на вишоците. Така што имаме добар материјал за почеток на дискусија за враќање на евтината дневна струја, изјави Бислимоски.

Повеќе вести...
барај огласи за вработување » барај останати огласи »