Среќни и успешни вработени се основата на секоја успешна компанија. Среќна работна средина е онаа каде што вработените се чувствуваат ценети и поддржани. Во среќна работна средина, вработените се чувствуваат како да се дел од тим и се способни да работат заедно за да постигнат заеднички цели. Во среќна работна средина, вработените чувствуваат дека нивната работа е важна и дека нивниот придонес е ценет.
Една од компаниите која се грижи за среќата и задоволството на вработените е интернационалната компнија за корисничка поддршка со свои канцеларии во Скопје, Мајорел.
Го споделуваме искуството на Марија Кириловска која работи како Специјалист на корисничка поддршка.
Зошто се приклучи на Мајорел?
За Мајорел имав слушнато многу позитивни коментари од мои пријатели и познаници кои веќе работеа тука, па решив и јас да се приклучам на тимот и ја почувствувам работната средина овде. Верувам дека Мајорел е идеалното место за личен успех и напредок во кариерата за сите оние кои имаат познавање од германски и англиски јазик.
Какво е твоето досегашно работно искуство?
Во Мајорел работам повеќе од 7 месеци и сметам дека оваа е најдобрата одлука што сум ја донела до сега. Да се работи во Мајорел е среќа, а најзаслужни за тоа се самите вработени. Како вработена во Мајорел ја имам целосната поддршка и помош од сите колеги и претпоставени. Многу брзо успеав да се стекнам со вештини потребни за напредок во работата и ефективно и успешно да ги решавам проблемите на клиентите.
Што го прави работно искуство во Мајорел уникатно?
Работното место во Мајорел е уникатно поради фактот што работиме како тим. Сите сме заедно, сплотени, си помагаме и се искачуваме по скалилата на успехот рамо до рамо. Мајорел е место каде што има одлична работна атмосфера, прекрасни колеги кои несебично ги споделуваат своите искуства и помагаат на сите, безброј збиднувања и дружби кои придонесуваат за доброто на фирмата.
Која е твојата препорака за заинтересираните кандидати?
Ги охрабрувам идните кандидати да аплицираат и да станат дел од тимот, бидејќи Мајорел е вистинското место за стекнување врвни вештини, искуства и навики за понатамошен развој и подобрување во кариерата. Но, и место за многу дружења и забави 😊
Мајорел е интернационална компанија со повеќе од 78 000 вработени во повеќе од 41 земја ширум светот, обезбедува корисничка поддршка за едни од најпознатите светски брендови. Канцеларијата во Скопје обезбедува корисничка поддршка на германски и англиски јазик за клиент од туристичката индустрија.
Мајорел вработува без работно искуство, единствен услов е одлично познавање на германски и англиски јазик. Доколку сакате да станате дел од Мајорел, може да аплицирате на следниов линк: Мајорел Скопје вработува Специјалист за корисничка поддршка со германски јазик