Промовирани огласи »

Луѓето на глобално ниво ќе консумираат поскапа храна. 

Цените на намирниците и натаму ќе растат. Најголемата групација за производство на храна на планетата, Нестле, тврди дека цената на основните прехранбени производи годинава дополнително ќе се зголеми. Швајцарската компанија минатата година ги покачи цените во просек за 8,2 отсто, но смета дека тоа не е доволно. Енергетската криза поради руската инвазија на Украина може да доведе 141 милион луѓе ширум светот во екстремна сиромаштија, се наведува во извештајот што го објави списанието Nature Energy. 

Лани во март, откако Русија ја нападна Украина, цените на храната достигнаа рекорди. 

foto freepik.com/kwangmoop

Промовирани огласи »

Зегин ДОО е првата приватна компанија во Република С. Македонија регистрирана за продажба на лекови. Како една од најуспешните и најголемите компании кај нас, со најдобра инфраструктура и најголема дистрибутивна мрежа, секогаш сме во потрага по талентирани професионалци кои сакаат да станат дел од нашето професионално семејство. Доколку сакате да станете дел од нашиот тим, аплицирајте на отворените работни позиции!

Како активни се следниве работни места:

ФАРМАЦЕВТ / ФАРМАЦЕВТСКИ ТЕХНИЧАР / РАДОВИШ
ДИПЛОМИРАН ФАРМАЦЕВТ / ФАРМАЦЕВТСКИ ТЕХНИЧАР / ЦЕЛА МАКЕДОНИЈА
ФАРМАЦЕВТ / ФАРМАЦЕВТСКИ ТЕХНИЧАР / СКОПЈЕ
ЕЛЕКТРИЧАР
ОПШТ РАБОТНИК, МОЛЕР, ВОДОИНСТАЛАТЕР, ТИШЛЕР - МАГАЦИН

Промовирани огласи »

Можно враќање на дневната ефтина струја од 14 до 16 часот од 1 јули најави претседателот на Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ), Марко Бислимоски.

Можно е враќање на дневната евтина струја, но ќе треба да почекаме за тоа до крајот на грејната сезона. Од октомври до средината на февруари имавме поволни услови, граѓаните заштедија 14 проценти енергија, сите домашни капацитети се во функција и за прв пат над 80 отсто од потребите за енергија ги задоволуваме од домашни капацитети. Позитивните трендови продолжуваат, намалени се загубите, а ЕСМ може да има дополнителни приходи од продажбата на вишоците. Така што имаме добар материјал за почеток на дискусија за враќање на евтината дневна струја, изјави Бислимоски.

Промовирани огласи »

Регулаторната комисија за енергетика ги зголемвуа цени на нафтените деривати во просек за 0,92 отсто во споредба со претходната одлука.

Референтните цени на нафтените деривати на светскиот пазар во споредба со претходната пресметка бележат зголемување во просек: кај бензините за 0,733 проценти, кај дизелот за 0,860 отсто, кај екстра лесното масло за 2,010 проценти и кај мазутот намалување за 0,630 отсто. Курсот на денарот во однос на доларот во изминатиот период по кој беа формирани цените со претходната пресметка е повисок за 0,712 проценти - соопштуваат од РКЕ.

Малопродажните цени на бензинот Еуросупер БС-95 и Еуродизел (Д-Е V) се зголемуваат за 0,50 денари за литар, додека малопродажната цена на бензинот Еуросупер БС-98 се зголемува за 1,00 денар за литар.

Малопродажната цена на Екстра лесното масло за домаќинство на (ЕЛ-1) се зголемува за 1,50 денари за литар. Малопродажната цена на Мазутот М-1 НС се зголемува за 0,065 денари за килограм.

Од 21.2.2023 година од 00:01 часот максималните цени на нафтените деривати ќе изнесуваат:

  • Моторен бензин Еуросупер БС - 95 82,00 (денари/литар)
  • Моторен бензин Еуросупер БС - 98 84,50 (денари/литар)
  • Дизел гориво Еуродизел БС (Д-Е V) - 77,00 (денари/литар)
  • Масло за горење Екстра лесно 1 (ЕЛ-1) - 76,50 (денари/литар)
  • Мазут М-1 НС - 2,262 (денари/килограм) 
Повеќе вести...
барај огласи за вработување » барај останати огласи »