Промовирани огласи »

KARIERA.mk – Стратешки Партнер на Националната иницијатива за развој на AI вештини!

Подгответе се за новата дигитална ера!

Со особена чест објавуваме дека KARIERA.mk е нов Стратешки Партнер на иницијативата за развој на AI вештини!

Потпишавме меморандум за стратешко партнерство, со заедничка визија за поддршка на образованието, кариерниот развој и дигиталната трансформација во Македонија.

Како една од водечките македонски мрежи за професионален развој со над 700.000 корисници, Kariera.mk активно го поддржува градењето на AI компетенции и отвора нови можности за младите, професионалците и компаниите.

Поддршката за оваа иницијатива ќе овозможи зголемена видливост и достапност на AI обуките до пошироката јавност, со што се поттикнува градење на нови вештини и зголемување на конкурентноста на македонскиот пазар на труд.

📢 Ги повикуваме сите компании и институции кои веруваат во моќта на AI и едукацијата да се приклучат како партнери и поддржувачи на иницијативатa: 👉 https://lnkd.in/eyqK43Fc

Тагови: вештачка интелигенција Кариера Онлајн

Промовирани огласи »

Најди работа во Скопје!

Најновите огласи за работа во Скопје!

Скопје како главен град и економски центар на Македонија нуди широк спектар на можности за вработување во разни индустрии и сектори. Во последно време, пазарот на трудот во Скопје забележува зголемена побарувачка за професионалци од различни области, од технологија и маркетинг до угостителство и администрација. 

Еве некои од најновите и најпопуларни огласи за работа во градот:

Продажен песонал
Data Entry & Transfer Specialist
Технолог за храна
Машински техничар
Специјалист за набавка

Останатите оглси за во Скопје можете да ги најдете ТУКА.

Промовирани огласи »

Најдобрите протеини во Македонија за мускулен раст и регенерација

Изборот на квалитетен протеински додаток е клучен за поддршка на вашите фитнес цели и подобрување на општото здравје

Изборот на квалитетен протеински додаток е клучен за поддршка на вашите фитнес цели и подобрување на општото здравје. Во Македонија, пазарот нуди разновидни протеински производи кои се истакнуваат по својот состав и вкус. Во продолжение, ви претставуваме пет врвни протеини достапни на македонскиот пазар:

1.OPTIMUM NUTRITION Gold Standard 100% Whey Protein (2.27 кг)
Овој висококвалитетен протеин од сурутка содржи амино киселини кои помагаат во обновата и растот на мускулите. Достапен е во вкус на ванила и е идеален за консумација по тренинг. Цена: 3.990 ден.

2.USN Blue Lab 100% Whey Premium Protein (2 кг)
Овој протеин обезбедува висок процент на протеини по порција и е формулиран за поддршка на мускулната маса и сила. Достапен е во вкус на ванила. Цена: 2.190 ден.

3.QNT Протеин prime whey protein Ванила - 2 kg
Природно богат со амино киселини со разгранет ланец (BCAA), Prime Whey придонесува за раст на мускулите и одржување на тонот на телото. Овој нов опсег е идеален за сите спортови за сила и може да се користи во програма за брзо губење маснотии. Цена 3.990ден.

4.BATTERY WHEY Protein Strawberry (800 г)
Овој протеин од сурутка е одличен избор за спортисти и рекреативци, нудејќи брза апсорпција и поддршка за мускулна регенерација. Вкусот на јагода го прави пријатен за консумација. Цена: 2.150 ден.

5.PROTEINI.SI 100% Natural Whey Protein (500 г)
Овој природен протеин од сурутка е без вештачки додатоци и е идеален за оние кои преферираат чисти и природни состојки. Достапен е во различни вкусови, како што е ледено кафе. Цена: 1.290 ден.

При изборот на протеински додаток, важно е да ги земете предвид вашите индивидуални потреби, цели и преференции. Секогаш консултирајте се со нутриционист или фитнес тренер пред да започнете со нов додаток во исхраната.

Тагови: протеини теретана здрава храна

Промовирани огласи »

Најниската пензија во март изнесува 18.192 денари, a просечната 26.258 денари

Исполнето е ветувањето за зголемување на пензиите од 5.000 денари на над 330.000 пензионери, велат од Влада.

Најниската пензија во март изнесува 18.192 денари, додека просечната околу 26.258 денари, соопштија од Владата.

Исполнето е ветувањето за зголемување на пензиите од 5.000 денари на над 330.000 пензионери. Со исплата на мартовската пензија за 2.500 денари, се заокружи циклусот за линеарно покачување на пензионерите за 5.000 денари. Со сегашното зголемување најниската пензија во март изнесува 18.192 денари, додека просечната пензија изнесува околу 26.258 денари. Пензионерите заслужуваат сигурен и достоинствен живот, се наведува во соопштението.

Дополнително, велат од Владата, доказ дека работиме во интерес на граѓаните покажува и фактот што како Влада имаме став дека нема да ја зголемиме старосната граница за пензионирање која сега е 62 години за жени и 64 години за мажи и најмалку 15 години стаж.

Грижата за пензионерите е наша обврска и цел. Како Влада продолжуваме целосно посветено и одговорно да работиме за подобар и поквалитетен живот за сите граѓани, велат од таму.

Тагови: Влада на РСМ повисоки пензии

Вчитај повеќе вести...
барај огласи за вработување »