Промовирани огласи »

Ајфонот во Америка ќе биде поскап за 43%

Новиот тарифен план на Трамп ги зголемува цените на увозните производи, вклучувајќи кафе, електроника и облека.

САД се наоѓа на прагот на промена која може значајно да ги погоди потрошувачките дека потреби на Американците, по соопштението за новите тарифи што претседателот Доналд Трамп ги воведе за 180 земји. Оваа „златна ера“ што се ветува може да биде со висока цена за граѓаните, кои сега ќе мора да плаќаат повеќе за странските производи.

Сложена испреплетеност

Царините, кои според планот ќе ги оптоварат увозниците, на крајот ќе им се одразат на потрошувачите. Скапи ќе станат странските производи, но и домашните што се произведуваат врз основа на увоз од странство. Аналитичарите предупредуваат дека брендови како Епл ќе ги зголемат цените на своите производи, резултирајќи со значителен пораст во цената на смартфоните и компјутерите. Се проценува дека за 43% ќе поскапат смартфоните Ајфон и паметните часовници, таблетите Ајпад за 42%, а слушалките и компјутерите Мак ер би требало да поскапат за 39%.

Освен електрониката, цените на основните производи исто така значително ќе пораснат. Кафето кое се увезува главно од Латинска Америка, како и чоколадото од африканските земји, најмногу ќе страдаат. Тарифите ќе ги засегнат и увозниците на облека и обувки од Азија, што може дополнително да ги загрижи американските потрошувачи.

Трошоци за автомобилите

Автомобилите ќе станат луксуз што малкуте ќе можат да си го дозволат, особено европските модели. Универзалните тарифи ќе ја зголемат цената на возилата од Европа, Мексико и Канада, вклучувајќи и поевтини автомобили што се произведуваат во овие региони.

Останува да се види како овој нов тарифен систем ќе влијае на општествената и економската динамика во САД. Во меѓувреме, американските семејства ќе треба да ги прилагодат своите буџети и приоритети за да се справат со поскапувањата што доаѓаат.

Тагови: iPhone автомобили Кина САД царина

Промовирани огласи »

Временска прогноза: Дали не очекуваат врнежи или сончеви денови? ☀️🌧

Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец

Променливо облачно време со повремени врнежи од дожд, кои ќе бидат пообилни во источните делови, достигнувајќи над 15 л/м². Ќе дува слаб до умерен северен ветер. Максималните дневни температури ќе се движат од 10 до 16 степени.

Во главниот град се очекува променливо облачно време со повремени врнежи од дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец.

🌡  Температура: 13°C
🌬  Притисок: 981 hPa
💧 Влажност: 75%
💨 Ветер: 2 m/s

Временска прогноза за Скопје. За другите градови кликни ТУКА.

07.04.2025 Понеделник   -4° / 07:07   20:08
0h1h2h3h4h5h6h7h8h9h10h11h12h13h14h15h16h17h18h19h20h21h22h23h





-4°
-3°
-2°













-1°
-2°
-3°

4

4

3

4

4

4

4

4

4

4

3

3

3

3

3

3

3

3

3
08.04.2025 Вторник   -4° / 07:05   20:09
0h1h2h3h4h5h6h7h8h9h10h11h12h13h14h15h16h17h18h19h20h21h22h23h
-4°
-4°
-4°
-4°
-4°
-4°
-4°
-3°














-1°
-2°

2

3

3

3

2

2

2

3

2

2

2

2

2

3

3

3

3

3

3

2

2

2

3

3
09.04.2025 Среда   -3° / 12° 07:04   20:10
0h1h2h3h4h5h6h7h8h9h10h11h12h13h14h15h16h17h18h19h20h21h22h23h
-3°
-3°
-3°
-3°
-3°
-2°
-1°





10°
11°
11°
12°
12°
12°
11°






3

3

3

2

2

2

2

2

2

2

3

4

4

4

4

4

4

3

2

2

2

2

2

2

Промовирани огласи »

Ана Секуловска на „На Каде Одиме?“ - Во Македонија има интерес за претприемништво

🚀 Стартап идеи има многу, ама како да ги претвориш во успех? Слушај ја Ана Секуловска во новата епизода на „НА КАДЕ ОДИМЕ“! 🎧🔥

Во претприемачкиот свет, идејата е само почеток – вистинскиот успех доаѓа со заедницата, менторството и правилните можности. Токму за ова зборуваме во најновата епизода на поткастот „На Каде Одиме“ со нашата гостинка Ана Секуловска, програмски директор во StartUp Club Skopje.

Ана е личност која стои зад многу иницијативи што ги поврзуваат младите претприемачи со ресурсите и поддршката што им е потребна. Како долгогодишен модератор на настани, поткаст водителка и активен член на стартап заедницата, таа има увид во тоа што значи да се започне бизнис во Македонија, со какви предизвици се соочуваат основачите и како можат да ги надминат.

Во оваа епизода зборуваме за стартап културата кај нас, важноста на вмрежувањето, менторството и волонтирањето, како и за улогата на инкубаторските програми во развојот на нови идеи. Доколку сте размислувале за сопствен бизнис или ве интересира што ја движи претприемачката сцена во регионот, оваа епизода е вистинското место за инспирација и практични совети.

📅 Епизодата е достапна на YouTube и Spotify каналите на KARIERA.mk! 🎥🎧

🎧 Слушајте, инспирирајте се и размислете – на каде одиме? 🔎

Ана Секуловска на „На Каде Одиме?“ - Во Македонија има интерес за претприемништво

Тагови: интервју стартап поткаст

Промовирани огласи »

Еве колку заработуваат инфлуенсерите од само една објава на Instagram

Откријте колку заработуваат светските ѕвезди и како варираат цените за платените објави на Instagram зависно од бројот на следбеници.

Познатите личности кои промовираат брендови преку Instagram добиваат значителни суми, а Instagram страницата Wealth открива кои се на врвот на оваа листа. Најголемите ѕвезди како Кристијано Роналдо и Лео Меси бараат до 3,23 милиони долари за една објава, додека Ким Кардашијан, Селена Гомес и Кајли Џенер исто така бараат милионски суми.

На другата страна, инстаграм инфлуенсерите со помал број на следбеници, како што се нано и микроинфлуенсерите, покажуваат дека платените објави можат да бидат пониски, до 500 долари. Shopify наведува дека просечната спонзорирана објава чини околу 1.300 долари.

И покрај високите суми кои се објавуваат за мегазвездите, истражувањата покажуваат зголемена побарувачка за микроинфлуенсерите и инфлуенсерите на средно ниво, чии цени се повеќе достапни за бизнисите.

Проценетите износи се поделени на следниов начин:

  • Наноинфлуенсери (500-10.000 следбеници): 10 до 100 долари по објава
  • Микроинфлуенсери (10.000-50.000 следбеници): 100 до 500 долари по објава
  • Инфлуенсери од средно ниво (50.000-100.000 следбеници) 500 до 5.000 долари по објава
  • Макроинфлуенсери (100.000–500.000 следбеници): 5.000 до 10.000 долари по објава
  • Мегаинфлуенсери (500.000+ следбеници): 10.000 долари па нагоре по објава

Тагови: Instagram Shopify инфлуенсерите

Вчитај повеќе вести...
барај огласи за вработување »