СЛ МАЈНИНГ ДООЕЛ Скопје лого

Административен асистент

(преземи го огласот во Word)

Скопски Легури Мајнинг ДООЕЛ Скопје бара

АСИСТЕНТ НА  ГЕНЕРАЛЕН ДИРЕКТОР

Очекувани квалификации, потребни знаења и способности:

  •  Диплома за завршено високо образование ќе се смета за предност;
  • Претходно работно искуство минимум 1 година;
  • Користење на MS Office пакетот;
  • Познавање и активно користење на пишан и говорен англиски јазик , а познавање на руски јазик ќе се смета за предност;
  • Напредни комуникациски, организациски и планирачки способности, дисциплина и ажурност во извршување на задачи.

Главни одговорности и обврски:

  • Подготовка на распоред, планирање на состаноци и службени патувања;
  • Контрола на извршување на задачи зададени од страна на Генералниот директор;
  • Подготовна на материјали за состаноци;
  • Примање на повици, организирање на конференциски состаноци;
  • Подготовка на презентации;
  • Архивско работење и документација;
  • Барање на информации и податоци;
  • Подготовка на писмена коресподенција од име на Генералниот директор.

Компанијата нуди:

Работа во канцеларија со редовно работно време од 40 часа неделно само во прва смена и обезбеден оброк и одличен финансиски надомест со потенцијал за напредување.

Заинтересирани апликанти, Ве покануваме да ја доставите вашата Биографија на  [најави се за да го видиш е-маилот] со назнака за - Оглас за Асистент на Генерален директор, апликациите ќе се прифаќаат до 18.04.2025 година.

Само потесно селектирани кандидати ќе бидат контактирани.

Ви благодариме за вашиот интерес.

Сакаш да те препорачаме кај компаниите?

Слични огласи »

вести · настани · интервјуа · технологија · hr вести · hr совети · блог
барај огласи за вработување »