Гевеком кастомер сервисис ДООЕЛ лого

Експерти за кориснички услуги на словенечки или хрватски јазик

Плата од 50.000 ден.

За компанијата:

Ние, gevekom, сме контактен центар за првокласна корисничка услуга. Едноставно кажано, ние сме столбот на многу компании кога станува збор за комуникација со клиентите. Континуирано растеме од 2006... повеќе за компанијата »

Биди гласот на водечкиот онлајн моден клиент на gevekom!

Замисли:
Ти си првото лице за контакт со корисниците и се грижиш да ги решиш нивните прашања и недоумици во врска со нарачките, со вратените пратки и со останатите услуги на компетентен начин и со емпатија. Без разлика дали се работи за мода, чевли или додатоци - секогаш помагаш со страст и експертиза. Се пронаоѓаш во работата? Тогаш треба да се запознаеме!

За нас:
Ние, gevekom, сме контактен центар за првокласна корисничка услуга. Едноставно кажано, ние сме столбот на многу компании кога станува збор за комуникација со клиентите. Континуирано растеме од 2006 година и сега имаме над 2.500 вработени на нашите локации во Германија, Шпанија, Србија, Босна, Северна Македонија и Бугарија. Без разлика дали станува збор за е-трговија, мода или начин на живот – растураме кога станува збор за кориснички услуги за преку 80 реномирани партнери. А најдоброто е што: луѓето се нашиот фокус. Заради тоа, неколку пати сме наградувани како „ familienfreundlichstes Contact-Center“.

Ова може да го очекуваш од нас:

  • Бонус за добредојде: Прослави го почетокот со бонус од 37.200 МКД нето!
  • Флексибилност: хибридни опции за работа и работа од дома за здрава рамнотежа помеѓу работата и животот.
  • Индивидуална обука: обука којапомага да напредуваш на професионално и лично поле.
  • Тимски дух: Заедно постигнуваме големи успеси – без разлика дали во секојдневната работа или на нашите тимски настани. 
  • Атрактивни придобивки: Разновидни подароци што го збогатуваат работното секојдневие.

Твои задачи:

  • Ти си првото лице за контакт за прашања на корисниците во врска со нарачките, вратените пратки и информациите за производите - љубезно, совесно и насочено кон изнаоѓање решенија.
  • Обработуваш прашања преку телефон, е-пошта или разговор (chat).
  • Им помагаш на корисниците да ги најдат вистинските производи и да доживеат позитивно шопинг искуство.

Твои карактеристики:

  • Воодушевување за мода, начин на живот и е-трговија или подготвеност да се нурнеш во светот на водечкиот онлајн продавач за мода.
  • Уживаш во контактот со корисници и си услужно ориентиран.
  • Одлично познавање на словенечкиот или хрватскиот јазик  (пишување и говорење) - германскиот се смета се предност.
  • Одлични компјутерски вештини и способност за работа на структуриран и систематски начин.
  • Тимски дух и силни комуникациски вештини.

Локација: Скопје.

Прочита до тука?
Ако прочита до тука, се прашуваме зошто сè уште не сме се запознале! Ако горенаведеното звучи примамливо, со нетрпение очекуваме да ја добиеме твојата апликација. Испрати ни го твоето CV и кратко мотивациско писмо директно на [најави се за да го видиш е-маилот] или аплицирај онлајн на www.gevekom.com.

Се гледаме наскоро? Се надеваме!

Твојот Гевеком регрутинг тим.

Сакаш да те препорачаме кај компаниите?

Слични огласи »

вести · настани · интервјуа · колумни · технологија · hr вести · hr совети · блог
барај огласи за вработување » барај останати огласи »