Промовирани огласи »

Пекарската индустрија се закани дека нема да произведува леб доколку Владата ја донесе мерката за замрзнување на неговата цена на 33 денари.

Ако Владата ја донесе мерката за ограничување на цената на лебот, од следниот ден нема да има леб на пазарот, изјави денеска Горан Малишиќ, престедател на Групацијата за мелничко-пекарската индустрија по состанокот во Стопанската комора на Северна Македонија.

Во саботата министерот за економија Крешник Бектеши најави дека од 1 март ќе биде замрзната цената на лебот на 33 денари. Мерката е на предлог на Министерството за економија поради тоа што анализите покажале дека голем дел од компаниите за прехранбени производи кои добиваа субвенционирана струја, не ги намалиле цените на производите и по три месеци. 

Промовирани огласи »

Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги на Република Македонија донесе Одлука со која се врши намалување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 0,98% во однос на одлуката од 24.2.2023 година.

Референтните цени на нафтените деривати на светскиот пазар во споредба со претходната пресметка бележат намалување во просек: кај бензините за 2,256%, кај дизелот за 3,133%, кај екстра лесното масло за 3,205% и кај мазутот зголемување за 0,011%.

Курсот на денарот во однос на доларот во изминатиот период по кој беа формирани цените со претходната пресметка е повисок за 0,157%.

Малопродажните цени на бензинот ЕУРОСУПЕР БС-98 и ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) се намалуваат за 1,00 ден/лит, додека малопродажната цена на бензинот ЕУРОСУПЕР БС-95 се намалува за 0,50 ден/лит.

Малопродажната цена на Екстра лесното масло за домаќинство на (ЕЛ-1) се намалува за 1,50 ден/лит.

Малопродажната цена на Мазутот М-1 НС се зголемува за 0,064 ден/кг и сега изнесува 41,266 ден/кг.

Од 28.2.2023 година од 00:01 часот максималните цени на нафтените деривати ќе изнесуваат:

  • Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС – 95 81,50 (денари/литар)
  • Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС – 98 83,50 (денари/литар)
  • Дизел гориво ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V) 76,00 (денари/литар)
  • Масло за горење Екстра лесно 1 (ЕЛ-1) 75,00 (денари/литар)
  • Мазут М-1 НС 41,266 (денари/килограм)

Напоменуваме дека ова се максималните цени на нафтените деривати од 00:01 часот на 28.2.2023 година. Трговците на големо и трговците на мало со нафтени деривати и горива за транспорт можат да ги формираат цените на одделни нафтени деривати и горива за транспорт и пониско од највисоките утврдени цени, велат од Регулаторна. 

Промовирани огласи »

Министрите за енергетика на земјите од Европската унија денеска ќе се сретнат во Брисел за да разговараат за претстојните реформи на енергетскиот пазар, објави Ројтерс.

Брисел е подготвен да предложи ремонт на пазарот следниот месец, но земјите од блокот веќе се поделени околу тоа како да го „поправат“ енергетскиот систем - или дали тој воопшто треба да се поправи.

Минатата година Европската комисија вети дека ќе ги реформира правилата на пазарот на електрична енергија, по рекордно високите цени на бензинот, што доведе до скок на цената на струјата за европските компании и граѓани. Целта е да се реформира пазарот на електрична енергија, да се заштитат сметките за енергија на потрошувачите поради краткорочните промени во цените на фосилните горива и да се осигура дека уделот на евтината обновлива електрична енергија, која може дополнително да се намалува, расте во Европа.

Сепак, земјите-членки на ЕУ досега не се договорија како треба да се одвиваат реформите. Шпанија, Грција и Франција се меѓу оние кои бараат радикални реформи.

Во документ споделен со земјите од ЕУ што го видел Ројтерс, Шпанија верува дека реформите треба да им помогнат на државните регулатори да потпишат повеќе долгорочни договори со производителите на електрична енергија за да платат фиксна цена за електрична енергија. Производителите на нуклеарна и обновлива енергија ќе добијат „специјален договор“ од владата по стабилни цени за производство на електрична енергија со децении.

Франција предлага да се потпишуваат долгорочни договори со фиксна цена со енергетските компании. Германија, Данска, Летонија и четири други земји се против сеопфатните реформи и ја предупредија ЕУ да не го реформира „кризниот модел“, многу сложен систем за кој беа потребни децении за да се развие. Тие веруваат дека постојниот енергетски пазар во ЕУ функционира добро и со години ги одржуваат ниските цени на електричната енергија, со помош на обновливите извори на енергија и го избегнаа недостигот во снабдувањето со електрична енергија. Тие земји поддржуваат само ограничени промени, како на пример овозможување на потрошувачите полесно да избираат помеѓу променливи и фиксни цени. Официјални претставници на ЕУ велат дека Брисел сега се чини дека повеќе „наклонува“ кон умерени промени.

Промовирани огласи »

И покрај тоа што просечната плата во Македонија достигна 34.354 денари во декември, таа и понатаму останува најниска во однос на поранешните југословенски републики. Но, вистинската вредност на платите лежи во нивната куповна моќ.

Обично, се вели дека платите се пониски, но и цените во Македонија се пониски. Порталот „Пари“ провери колку има вистина во тоа. Зедовме предвид 5 основни прехранбени производи и ги побаравме нивните цени во онлајн продавниците на земјите во регионот. Потоа, споредивме за колку пари може да се купи секоја од тие пет намирници со просечната плата од секоја земја. Податоците за Македонија се разочарувачки.

ВО НИШТО НЕ СМЕ НАЈЕВТИНИ

Под лупа ги ставивме цените на лебот, јунешкото месо, млекото, сирењето, и сончогледовото масло за јадење. Споредбата на цените покажува дека во ништо не сме најевтини, но затоа, заедно со Словенија, имаме најскапо јунешко месо во однос на сите анализирани земји (за споредбата зедовме јунешка плешка). Убедливо најевтино јунешко месо имаат во Црна Гора.

Што се однесува до лебот, во моментов, додека ги правиме споредбите, еден килограм кај нас е поевтин отколку во другите земји, освен во однос на Србија, каде Владата направи ограничување на цената на лебот на 57 динари за 500 грама леб со точно одредени состојки во лебот, и таа цена ќе важи до 30 јуни 2023 година. Но, како што најави министерот за економија, Крешник Бектеши, во вторник на седница на Владата ќе се донесе одлука за замрзнување на цената на лебот на 33 денари, со важност од 1 март.

Цените покажуваат дека најевтино млеко може да се најде во хрватските онлајн маркети. Македонија има слични цени на млекото со Босна и Херцеговина и со Србија, околу 1,2 евра за литар, со масленост 3,2 проценти.

И цената на сирењето е најниска во Хрватска, а највисока е во Словенија, каде и цената на млекото е најскапа. Цената на кравјо сирење е иста во Македонија, во Србија и во Босна и Херцеговина. Споредбата на сличен тип на сирење покажа дека кај сите три земји еден килограм чини 6,5 евра.

Во Црна Гора има и најевтино масло за јадење, од само 1,1 евро, а кај нас и во Босна и Херцеговина чини 1,9 евра.

Целата анализа на порталот Пари.мк

Повеќе вести...
барај огласи за вработување » барај останати огласи »