Промовирани огласи »

Секој бизнис што не промовира средина на заемно почитување, едноставно ќе има постојан обрт на вработените. Постојан недостаток на ценење и заемна почит сигурно ќе го држи вашиот тим за човечки ресурси зафатен со управување на постојани нови вработувања и откази поради незадоволство. Гласините веднаш ќе се рашират, како и секогаш, и ќе му нанесат сериозна штета на угледот на вашата фирма.

Внимателно изберете ги вашите зборови

Забележете ги вашите вработени кога прават работи како што треба. Фалете ги раскошно пред сите, а критикувајте ги ретко насамо. Обидете се да не претерувате од и со двете страни на оваа равенка, но немојте да бидете бавни во споделувањето на добро одработен бонус.

Поставете пример за тоа како изгледа да имате позитивно расположение и покажете благодарност за добро завршената работа. Водејќи на овој начин, ги стимулирате и другите да споделуваат пофални зборови и охрабрувања.

Одолејте на сите форми на исклучување

Внимавајте на „клановите“што се формираат на вашето работно место. Кога вработените ќе започнат да се одделуваат врз основа на описот на работното место, стажот или кој било друг критериум, тоа може брзо да доведе до ерозија на довербата. Доколку се појави раздор меѓу две вкоренети пријателски групи, елиминирањето на неговите деструктивни ефекти ќе оди многу потешко.

Бидете Транспарентни

Негувањето атмосфера на почит нужно вклучува и нагласување на транспарентноста. Лично, дигурно ви е тешко да почитувате некој што чува многу тајни, а истата динамика е во игра и на макро ниво на работното место. Со промовирање на отвореност и јасна комуникација, заработувате почит демонстрирајќи доверба.

Кога давате приоритет на почитта како вредност на компанијата, можеби ќе бидете изненадени од тоа колку брзо вашиот тим станува посилен и се подобруваат вкупните перформанси. Вработените кои се чувствуваат почитувани, најверојатно ќе им го пренесат тоа на другите и помалку ќе се впуштат во негативно интеракции.

Промовирани огласи »

Од денес на KARIERA.mk можете да ги најдете сите активни огласи за вработување на ХАЛКБАНК.

ХАЛКБАНК АД Скопје е универзална банка за вршење на сите видови банкарски работи во Република Македонија. Од своето основање, Банката бележи значителни остварувања и развој во македонската банкарска индустрија. Во своето работење ги воведе Меѓународниот систем за управување со квалитет EN ISO 9001:2008 и стандардот за управување со информациона сигурност ISO 27001:2005, со што стана прва банка во Македонија сертифицирана со овие престижни стандарди за работа. ХАЛКБАНК АД, Скопје исто така, е прв агент во Р. Македонија за Western Union Money Transfer од САД, за услуги на брз трансфер на пари од и кон земјата и странство.

Банката има широка меѓународна мрежа, која вклучува кореспонденциска поврзаност со 339 банки и отворени сметки во 17 странски банки и константно го проширува својот тим!

Моментално вработува:

РЕФЕРЕНТ ЗА БАНКАРСКИ ОПЕРАЦИИ – СКОПЈЕ
РЕФЕРЕНТ ЗА БАНКАРСКИ ОПЕРАЦИИ - ШТИП

Промовирани огласи »

Пазарот на недвижности во Германија драстично се промени за една година во однос на претходната година. Зголемувањето на каматните стапки имаше последици врз германскиот пазар на недвижности. Освен тоа, се потешко беше да се добијат кредити за недвижен имот, што резултираше со забавување на изградбата на станови.

Цените на недвижностите досега го запреа долгорочниот тренд на раст. На крајот на 2022 година имаше дури и „забележлива корекција на цената“. Но, германскиот пазар за куќи и станови се промени и на други начини, пренесува списанието Fenix.

Хипотекарниот брокер Interhyp утврди кои трендови и иновации моментално го обликуваат пазарот врз основа на повеќе од 500.000 реализирани хипотеки. Ова се најважните наоди од најновиот индекс на цените на недвижностите на Interhyp:

Цените на недвижностите паднаа низ Германија

Цените на недвижностите паднаа низ Германија во 2022 година. Во метрополите Хамбург, Минхен и Франкфурт цените паднаа дури и до 8 отсто во четвртиот квартал.

Во Келн и Штутгарт е забележан пад од 7 отсто, а во Лајпциг и Берлин пад од најмалку 4 отсто.

Постарите имоти повеќе барани

Имотите изградени пред 1990 година биле за 7,5 отсто поевтини во четвртиот квартал отколку во вториот квартал.

Просечниот финансиран имот бил стар 46 години во 2022 година, додека претходната година староста на имотот била 38 години.

Подготвеност за компромис

Додека просечниот станбен простор минатата година бил околу 161 квадратен метар, во 2022 година бил само 156 квадратни метри.

Самоизградбата станува сè поретка: Уделот на изградбата на станови падна од околу 15 на 5 отсто, а изградбата на куќи од околу 15 на 10 отсто, пренесува магазинот Феникс.

Недвижностите не се добра инвестиција

Недвижностите не беа добра инвестиција во 2022 година и очекуваниот приход од изнајмување беше премногу низок со оглед на високите стапки.

Што е со киријата?

Добро упатените во пазарот на недвижности не се оптимисти ниту кога се во прашање цените на изнајмување. Според нивното мислење, со зголемувањето на цените на недвижностите во Германија, се зголемиле и цените за изнајмување.

И покрај фактот дека цената на недвижностите падна, цените за изнајмување сè уште остануваат над просекот во многу случаи, пренесува магазинот Феникс.

Една од причините зошто цените на киријата остануваат високи е хроничниот недостиг на станови со кој Германија се бори во последните децении.

Промовирани огласи »

Иако веќе одреден период се размислува да се укине зимското сметање на времето, таква одлука се уште не е донесена кај нас, а ниту пак во Европа.

Омено, летното сметање на времето во Македонија почнало да се користи од 27 март 1983 година, кога почнало и кај останатите југословенски републики, а истото од 1996 година е регулирано со Законот за сметање на времето.

Денес сите земји во Европа, со исклучок на Исланд, Белорусија, Турција, Русија, Казахстан, Грузија, Ерменија и Азербејџан, а плус Израел и Либан, во ист ден го менуваат времето, а разлика може да се јави само во часот кога тоа се прави, но тоа најчесто е еден или два часа разлика.

Така, и годинава летното време ќе почне во недела на 26 март, рано ноќта кога во 2 часот кога стрелките на часовникот ќе се поместат на 3. Таа ноќ ќе спиеме еден час помалку, но денот ќе се зголеми и сонцето подоцна ќе заоѓа.

Од 2019 година во ЕУ постои предлог да се укине сезонското менување на времето на летно и зимско, но согласност не е постигната. Европскиот парламент ја поддржа иницијативата, но земјите-членки не ја усвоија. Доколку во иднина оваа иницијатива добие зелено светло, многу веројатно е дека ќе има домино ефект и врз земјите кои не се членки на ЕУ, вклучително и Македонија.

Земјите од Северна Америка, со исклучок на Гренланд кој времето го менува по европски терк, промената ја прават втората недела од март, наместо последната. Така, годинава тие часовниците ќе ги поместат рано ноќта на 12-ти.

Повеќе вести...
барај огласи за вработување » барај останати огласи »