Пазарот на недвижности во Германија драстично се промени за една година во однос на претходната година. Зголемувањето на каматните стапки имаше последици врз германскиот пазар на недвижности. Освен тоа, се потешко беше да се добијат кредити за недвижен имот, што резултираше со забавување на изградбата на станови.
Цените на недвижностите досега го запреа долгорочниот тренд на раст. На крајот на 2022 година имаше дури и „забележлива корекција на цената“. Но, германскиот пазар за куќи и станови се промени и на други начини, пренесува списанието Fenix.
Хипотекарниот брокер Interhyp утврди кои трендови и иновации моментално го обликуваат пазарот врз основа на повеќе од 500.000 реализирани хипотеки. Ова се најважните наоди од најновиот индекс на цените на недвижностите на Interhyp:
Цените на недвижностите паднаа низ Германија
Цените на недвижностите паднаа низ Германија во 2022 година. Во метрополите Хамбург, Минхен и Франкфурт цените паднаа дури и до 8 отсто во четвртиот квартал.
Во Келн и Штутгарт е забележан пад од 7 отсто, а во Лајпциг и Берлин пад од најмалку 4 отсто.
Постарите имоти повеќе барани
Имотите изградени пред 1990 година биле за 7,5 отсто поевтини во четвртиот квартал отколку во вториот квартал.
Просечниот финансиран имот бил стар 46 години во 2022 година, додека претходната година староста на имотот била 38 години.
Подготвеност за компромис
Додека просечниот станбен простор минатата година бил околу 161 квадратен метар, во 2022 година бил само 156 квадратни метри.
Самоизградбата станува сè поретка: Уделот на изградбата на станови падна од околу 15 на 5 отсто, а изградбата на куќи од околу 15 на 10 отсто, пренесува магазинот Феникс.
Недвижностите не се добра инвестиција
Недвижностите не беа добра инвестиција во 2022 година и очекуваниот приход од изнајмување беше премногу низок со оглед на високите стапки.
Што е со киријата?
Добро упатените во пазарот на недвижности не се оптимисти ниту кога се во прашање цените на изнајмување. Според нивното мислење, со зголемувањето на цените на недвижностите во Германија, се зголемиле и цените за изнајмување.
И покрај фактот дека цената на недвижностите падна, цените за изнајмување сè уште остануваат над просекот во многу случаи, пренесува магазинот Феникс.
Една од причините зошто цените на киријата остануваат високи е хроничниот недостиг на станови со кој Германија се бори во последните децении.