Промовирани огласи »

Конечно имаме договор со Градот Скопје, ги договоривме сите детали, од исплатата на долгот на ЈСП од 1,5 милиони евра, до пуштањето на јавните повици, изјави членот на приватните превозници, Јовица Зафировски.

На денешната прес-конференција, Зафировски информираше дека јавните повици за сите линии ќе се објават во петок или во понеделник.

На тој јавен повик ќе се пријавиме сите, нема причина да не се пријавиме, условите ни одговараат. Очекуваме дека до 20 овој месец ќе почнеме со работа, рече тој, појаснувајќи дека ќе има три јавни повици, односно три пакети и ќе бидат опфатени сите линии, меѓутоа, со нова прераспределба.

Зафировски рече дека засега немаат потпишано ништо туку ова им било презентирано усно.

Во врска со застареноста на некои од автобусите, Зафировски рече дека целата листа на автобуси е доставена до Град Скопје и дека градоначалничката изразила подготвеност да ги субвенционира во тој дел. 

Приватните превозници во ноември 2022 година престанаа да бидат дел од градскиот јавен превоз поради долгови што бараа да им бидат исплатени од Град Скопје. Кон крајот на ноември и почетокот на декември со повеќе од 300 автобуси паркирани на клучните крстосници го блокираа главниот град. Во меѓувреме, градските власти ги отфрлаа наводите дека им должат пари, но инспекцискиот надзор покажа дека Град Скопје не во право. 

Јавниот градски превоз, во меѓувреме, продолжи да сообраќа само со автобусите на ЈСП, а Град Скопје објави два огласи за приватни превозници на кои не се пријави ниту една компанија.

Промовирани огласи »

На само неколу минути од реката и од центарот на Скопје Double Tree by Hilton Skopje вклучува базен со џакузи, ресторан и топло колаче за добредојде. Со погодна локација кадешто централниот дел од Скопје со сите познати туристички и историски знаменитости, се на 10 минути возење додека меѓународниот аеродром во Скопје е оддалечен само 20 минути.

Моментално вработува:

ГОТВАЧ/КА
СОБАР/КА
ХИГИЕНИЧАР/КА
РЕЦЕПЦИОНЕР/КА
МИЈАЧ/КА НА САДОВИ
ХОСТЕСА
КЕЛНЕР/КА И ПОМОШНИК КЕЛНЕР/КА
ШАНКЕР/КА

Се уште сте невработени? Останатите активни работни позиции можете да ги најдете ТУКА!

Промовирани огласи »

Високо флексибилното работно место ќе продолжи да остане како камен-темелник на иднината на работата дури и за време на постпандемијата и покрај контроверзните и неизвесни резултати.

Сепак, многу вработени кои работат на далечина веруваат дека хибридната работа може да ги балансира придобивките од тоа да се биде во канцеларија и од дома. Многу истражувања покажуваат дека работата од далечина може да ги направи компаниите попродуктивни и попрофитабилни, сепак, вработените и лидерите исто така мора да ги приспособат новите алатки за управување за да обезбедат нивната работна сила да остане ангажирана и навистина инклузивна.

Како клучни ги издвојуваме следниве придобивки од хибридното раотење.

  • Зголемена продуктивност на вработените
  • Намалени трошоци
  • Подобро искуство на вработените и рамнотежа помеѓу работата и животот

За да се избегнат разлики, силоси и губење на знаење, бизнисите треба да развијат поврзување без бариери што им овозможува на хибридните тимови да комуницираат брзо и ефикасно.

Промовирани огласи »

Корисниците ширум светот пријавуваат проблеми со социјалната мрежа Твитер.

Твитер е во прекин, објавија илјадници корисници на оваа социјална мрежа ширум светот.

Според веб-страницата Downdetector, најмногу пријавени проблеми се вчитувањето на почетната страница и твитовите.

Исто така, некои не можат да испраќаат или примаат пораки.

Повеќето од корисниците во последните половина час наоѓаат празна почетна страница, со порака: „Добре дојдовте на Твитер“, по што не може повторно да се вчита.

Засега никој не се огласил за овие проблеми, а не се знае кога ќе се санираат.

Фото: ЕПА

Повеќе вести...
барај огласи за вработување » барај останати огласи »