Промовирани огласи »

Дали ви се случило да забележите дека вашиот глас се менува и звучите различно во различни ситуации или пак додека зборувате со различни луѓе?

Кога зборуваме не ни размислуваме за тоа како звучи нашиот глас, сè додека не забележиме нешто навистина поинакво што едноставно неможе да помине незабележано.

Сите сме поминале низ тоа. Дали кога се јавуваме да прашаме зошто интернетот наеднаш го снема, дали на интервју или пак кога зборуваме со некој кој навистина ни се допаѓа.

Наеднаш гласот прескокнува неколку октави или станува многу тивок како на мало дете. Едноставно звучни чудно и навистина не би сакале да се наоѓаме често во ваква ситуација.

Според истражување направено на еден универзитет, ова е многу чест феномен. Феноменот е најчесто поврзан со тоа како го перципираме статусот на личноста со која разговараме.

Луѓето го менуваат својот глас според тоа колку се чувствуваат доминантни во разговорот. Во истражувањето, научниците симулирале задача со интервју за работа и забележале дека гласот на оние кои учестувале во задачата се променувал значително според тоа колку поголем статус имале оние кои им го правеле интервјуто.

Истражувачите исто така ги прашувале и оние кои учестувале во задачата многу лични прашања за да согледат каква е нивната перцепција за самите себеси.

Од истражувањето заклучокот бил дека, кога разговараме со некој кој го перципираме како подоминантен од нас, интензитетот на нашиот глас се зголемува. Ова се случува поради потсвесната потреба дека се чувствуваме многу понизни и несакаме тоа да се забележи во разговорот.

Перцепцијата на луѓето за нивниот статус во општеството игра огромна улога во тоа како комуницираме и како звучи нашиот глас. Луѓето од висок статус кога разговараат со луѓе кои исто така имаат висок статус воопшто не го променуваат својот глас.

Промовирани огласи »

Размислувате дали во вашиот тим треба да доминираат млади или повозрасни луѓе? Искуство и зрелост или пак нескротлив млад дух, брзина и мотивација?

KARIERA.mk е тим од млади индивидуи и ние ви издвојуваме неколку причини зошто е убаво кога работите опркужени со млади луѓе.

Пониски плати, помалку дополнителни пакети и желба за самодокажување

Бидејќи голем дел од младите работат со скратено работно време – и тоа може да е нивната прва работа – тие можат да се задоволат и со работа на минимална плата, која им нуди флексибилен распоред и можност да научат некои вештини.

Често младите, особено оние на возраст до 21 година, не им се потребни никакви приходи кои постарите работници ги очекуваат.

Свежа перспектива

Многу бизниси можат да имаат корист од ангажирање на Gen Z („генерација на интернет“) вработени кои гледаат на светот од многу различна гледна точка, од постарите генерации.

Даночни олеснувања

Некои држави им нудат на работодавците даночни кредити при вработување на млади работници. Во САД има и специјални даночни олеснувања за сопствениците на претпријатијата кои вработуваат свои деца.

Така и во нашата држава, сите вработени до 28 години подлежат на даночни олеснувања.

Способност да остават впечаток

Помладите кадри не формирале навики, особено работни, до степен, пропорционален со постарите колеги, кои имаат повеќе искуство.

Ова им дава на работодавците подобра можност да ги обучуваат луѓето на методите и практиките кои се добри за нивните компании.

Промовирани огласи »

Ако работите премногу часови во канцеларија, тоа може да предизвикате сериозни срцеви заболувања и полека да се самоубиете без дури и да го сфаќате тоа.

Ново истражување објавено во „Journal of Occupational and Environmental Medicine“, тврди дека работохолиците се сериозно загрозени од срцеви болести.

Луѓето кои работат по 55 часа неделно се подложени на 16% поголем ризик од срцев удар во споредба со оние кои поминуваат во канцеларија 45 часа. А оние кои седат зад бирото 65 часа со 33%.

Причината за тоа е комбинација од фактори како физички замор и психички стрес, тврди авторот на студијата Сејди Корнвеј, асистент професор на Универзитетскиот здравствен центар во Хјустон. При стрес, телото произведува високо количество хормони како кортизол и адреналин кои го зголемуваат холестеролот и крвниот притисок.

Покрај тоа, ако работите премногу, немате време за здрав начин на живот како спорт, правилна исхрана и одмор. Недостатокот на доволно спиење и физичка активност го спречува телото да се ослободи од напнатоста и да се релаксира.

Во случај ако немате избор и мора да работите многу, Хјустон советува да развиете здрави навики кои треба да ја компензираат на некој начин исцрпеноста и да ви помогне да го наполните телото со енергија.

На пример 20 минутни прошетки до работното место, задолжително искористување на паузата за ручек и дополнителен одмор од најмалку 10 минути на секои 2 часа. Пожелно е да внимавате што јадете и да ги потенцирате производите кои содржат протеини, витамини и корисни масти.

Навечер, пак исклучувајте го телефонот, за да обезбедите минимум 7 часа спиење.

Промовирани огласи »

Кога одлучите да работите за себе, тогаш ништо не е тешко бидејќи вие си го кроите животот, ги остварувате соништата и што е најважно, не гледате на времето бидејќи не е залудно потрошено. Луѓето препознаваат кога имате цел, добра идеја и работите од срце. Неодамна една жена ми пријде и токму тоа ми го кажа: дека се гледа оти работам со љубов и душа-ова се зборовите на Александра Ботиќ (35) од Нови Сад која веќе две години прави шатори за деца.

Таа раскажува дека се нашла во ситуација да избира дали да работи или да ја остави работата која и донесува привремено задоволство, во кое никој не и гарантирал сигурност, каде не постоела можност за напредување и каде била принудена да ја трпи и гуши својата личност, слобода и креативност. Конечно, дала отказ и целата заштеда ја вложила во идејата во која верувала.

-Претходно не бев свој газда, но на секоја работа така и пристапував како да работам за себе и давав максимум. Ниту во еден момент не се сомневав во себе, своите вештини и самата идеја-сигурна е таа.

Размислувајќи за своето детство и безгрижен период на растење се сетила на сите игри кои ги сакала, а една од нив била правење шатори од ќебиња и перници.

-Не постои личност која во својот период на растење не уживала во таа градителска игра-во зима би правеле илго, а во лето шатори- се сеќава Александра.

Додека со сопругот Душан (35) ја развивала идејата за Mushroom шатори, сакале тоа да биде еколошки производ, катче кое може да се надградува и што е најважно да се наследува.

-Пренатрупани сме со пластика, а големите компании од денешните деца прават потрошувачи и со самото тоа им градат вредности. Нам целта ни е да допринесеме на креативниот развој, да поттикнеме зачувување на животната средина, да ги мотивираме сами да направат нешто, поправат, склопат, да развиваат моторика и еден дена да направиме подобар и поздрав свет за сите нас.

Единствени материјали кои ги користат се природни и тоа се квалитетно полно дрво и памук.

Шаторот има 4 нозе, 3 дополнителни делови на  кои се навлекува и дрвени чепови кои служат за спојување.

Таа вели дека семејството на нејзиниот сопруг повеќе од 20 години се занимава со изработка на мебел и тие многу им помогнале.

Таа е задолжена за дизајнот, набавка на материјал и се што е во врска со текстил и подоцна со продажба а сопругот е задолжен за производниот дел и изработка на констукцијата. Имаат и неколку дизајнери креативци кои се тука кога имаат многу работа.

Повеќе вести...
барај огласи за вработување » барај останати огласи »