Промовирани огласи »

Гранит АД Скопје e најголемиот македонски градежен изведувач, чија основна дејност е изградбата на патишта и автопатишта, бренд кој е препознатлив и надвор од границите на Република Македонија. Главните активности на ГД Гранит АД Скопје се градежни активности од областа на високо и нискоградбата, со претежна концентрација на капиталните Проекти кои се обемни и знајчани како по нивната големина така и по нивната сложеност.

Моментално се отворени следниве работни позиции:

АВТОЕЛЕКТРИЧАР
МЕХАНИЧАР ЗА ГРАДЕЖНА МЕХАНИЗАЦИЈА И ТЕШКИ ТОВАРНИ ВОЗИЛА
БРАВАР
ВОЗАЧ НА МИКСЕР ЗА БЕТОН
ВОЗАЧ НА КИПЕР

Сите останати активни работни позиции од ГРАНИТ можете да ги најдете ТУКА.

Промовирани огласи »

Цените на прехранбените производи и натаму „во слободен раст“. Граѓаните велат дека веќе се уморни да се жалат бидејќи, како што тврдат, нивните поплаки не се слушнати.

Ако порано, пред година, две можеше да се наполни една кеса со храна, со која може да се „тера“ една недела за 1.500 денари, денес тоа е невозможна мисија. Инфлацијата ги јаде парите, а да сејаде мора, вели една скопјанка.

Според Ценометар вака се движат цените на основните намирници низ скопските маркети.

Килограм банани нема поевтино од 80 денари.

Лимонот над 70, јаболката над 20 денари за килограм. За килогарм компир од маркет ќе треба да издвоите над 40 денари, зависно од маркетот.

Килограм брашно е најевтино во Стокомак – 38 денари, додека во останатите маркети е од 39-49 денари.

За пакет од 900 грама шеќер ќе платите над 50 денари. Зејтинот е од 106-135 денари. За табла јајца (30 јајца) ќе платите од 279-30 денари или 10 денари по јајце. Млакото чини над 70 денари за литар тетрапак.

Промовирани огласи »

Малопродажните цени на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98 и на Екстра лесното масло за домаќинство на (ЕЛ-1) од полноќ се зголемуваат за 1,00 денар за литар, а  на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) за 0,50 денари, одлучи денеска Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги.

Новата цена на ЕУРОСУПЕР БС - 95 ќе биде 82,50 денари, ЕУРОСУПЕР БС - 98 ќе се продава за 84,50, Дизел горивото ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V) за 78,50, а Екстра лесното 1 (ЕЛ-1) по 78,00 денари за литар.

За 0,722 денари поскапува и Мазутот М-1 НС и еден килограм ќе чини 41,988 денари.

Промовирани огласи »

Во Италија за време на Велигден и пролет годинава поради зголемениот прилив на домашни и странски туристи ќе има недостиг од околу 50.000 работници во областа на туризмот.

Минатата година во Италија се забележани 400 милиони ноќевања на домашни и странски туристи, а годинава се очекува поволниот тренд да продолжи и покрај недостигот на туристички работници, соопшти АНСА.

Тешкотиите во наоѓањето кадар во Италија беа забележани со години пред пандемијата на корона, но сега тие стануваат посериозни со релаксирањето на туризмот, особено во областа на Ромања, Сицилија и Сардинија.

Претставниците на здружението на туристички работници во наредните недели ќе ги презентираат конкретните регулаторни предлози на министерката за туризам Данијела Сантанка и министерката за труд Марина Елвира Калдероне, пренесе италијанската агенција.

(Танјуг)

Повеќе вести...
барај огласи за вработување » барај останати огласи »