Промовирани огласи »

Британските медиуми тестираа десетина електрични возила и открија дека имаат големи отстапувања од декларираните капацитети на батериите на студено време.

Електричните автомобили со целосно наполнета батерија губат и до третина од батеријата на студ, пренесува агенцијата Танјуг, повикувајќи се на магазинот What Car, кој тестираше десетина електрични возила.

Тајмс пишува дека возилата биле целосно наполнети пред да бидат оставени преку ноќ на температури од нула до два степени. Автомобилите потоа се возеле на полигон на различни патишта и услови за возење додека не застанат.

Списанието откри кои автомобили имаат најголемо несовпаѓање помеѓу рекламираниот опсег и вистинското растојание поминато во студено време. 

Откриено е дека меѓу тестираните возила има и такви кои иако тврдат дека возилот има опсег од 193 милји, сепак запрело по 130 милји во тестирање, или 33 отсто помалку од рекламираното.

Неко од возилата имале отстапување од 32 проценти, а дел од нив помалку. Најмал процент на отстапување е од 16 проценти.

Вил Најтингел, кој го предводеше тестот, рече дека тој е „дизајниран да им даде на купувачите на автомобили најјасно разбирање за тоа колку милји вообичаено ќе можат да поминат во зимски британски услови“.

Фото: Принтскрин/Твитер

Промовирани огласи »

Од утре поефтини тестенини на рафтовите по маркетите и на млекото и млечните производи. 

Министерот за економија Бектеши најави дека и нивната цена ќе се замрзнува. Најверојатно на листата ќе се најдат и млечните производи, како млекото, урдата и белото сирење.

Бектеши до утре наутро ќе почека да види колку самите производители и увозници ќе ги намалат цените, а потоа со премиерот Ковачевски ќе информираат какви одлуки ќе донесат и кои цени ќе се замрзнат.

Во комуникација сме (со производителите на млечни производи), ги известив дека до утре ќе чекаме нивни одлуки. Во случај ако се примети дека нема намалување ќе донесеме ние како Влада мерка. За тестенините, и со нив сме во комуникација, сами покажаа интерес и таму намалувањето ќе биде многу големо што ќе бидеме поконкурентни во регионот. изјави Крешник Бектеши, министер за економија.

Промовирани огласи »

Компанијата Мета за неколку месеци би можела да се соочи со голема правна одлука, поради која ќе мора да ги затвори социјалните мрежи Фејсбук и Инстаграм во Европа, пренесува Политико.

Ирската комесарка за приватност Хелен Диксон, која ја предводи Ирската комисија за заштита на податоците (DPC), изјави за Политико дека е „многу веројатно“ да се донесе конечна одлука за правната алатка на Фејсбук за испраќање лични податоци во САД. 

Имено Унијата и САД се договорија за нов договор за пренос на податоци, пренесува „Евроњуз“.

Во јули, ирската комисија претстави нацрт-одлука за суспензија на правната алатка на Фејсбук и сега чека одобрување од регулаторите за приватност во другите земји од ЕУ, а документот се очекува да биде усогласен до средината на мај.

Тоа би значело дека американскиот технолошки гигант Мета, кој е сопственик на Facebook, ќе остане без алатки за легален пренос на лични податоци, како што се семејните фотографии и податоците за локацијата, во САД.

Мета во февруари соопшти дека таквата одлука може да доведе до суспензија на нејзините услуги во Европа, вклучувајќи го и Инстаграм.

Доколку Европската комисија не донесе соодветна одлука и ако не можеме да продолжиме да се потпираме на стандардните договорни клаузули или други алтернативни начини за пренос на податоци од Европската унија во САД, можеби нема да можеме да понудиме голем број од нашите најважните производи и услуги, вклучувајќи ги Фејсбук и Инстаграм во Европа, објави Мета.

Ирската одлука ќе донесе проблеми и на другите компании кои ја користат правната алатка за пренос на податоци во САД.

Мрежата на национални органи за заштита на податоците на ЕУ, Европскиот одбор за заштита на податоците, има рок до 14 април да одлучи дали ќе ја потврди претходната одлука на Ирска да ја суспендира правната алатка што ја користат многу компании за пренос на лични податоци во САД, наречена стандардни договорни клаузули.

Ирскиот регулатор, кој е задолжен за Мета и другите големи технолошки компании со седиште во земјата, потоа ќе има еден месец да донесе конечна одлука.

Во меѓувреме, Европската комисија има за цел да подготви нов договор за пренос на податоци со САД пред јули, откако Европскиот суд на правдата ги поништи двата претходни договори поради стравувањата од американски надзор. Диксон рече дека не планира да се повлече од спроведувањето на законите за заштита на податоците и приватноста на ЕУ.

Промовирани огласи »

Асоцијацијата на спортски обложувалници (АСОМ) денеска одржа брифинг со новинари со цел да побара поддршка во борбата за дебата, при носење на новиот Закон за игри на среќа кој Владата сака да го донесе на брза трака со европско знаменце. Асоцијацијата ги повика новинарите да ги отворат прашањата кои се од јавен интерес, од интерес на демократските процеси и правичноста. 

Веќе неколку години имаме состојба на целосно политичко своеволие и насилство од страна на Владата кога станува збор за нашата работа и нашата индустрија. Наместо дебата, конструктивна соработка со одговарање на предизвиците со кои се соочуваат играчите и индустријата, наместо градење на партнерство, имаме целосно игнорирање, непрофесионален третман и скриени интереси кои ги промовира Владата.- истакна Васко Илијевски, Претседател на АСОМ.

Од АСОМ посочија дека предлагањето на Законот за игри на среќа со европско знаменце за кој нема ниедна основа да биде со такво знаменце, е само доказ дека идејата не е да се донесе подобар закон, туку на мала врата да се протне закон кој има друга позадина. 

Како е можно, Владата без дебата, без основна финансиска анализа и импликации од законот, без конкретни докази за ефектите од законот, да сака да протурка нешто што ќе биде колапс на индустријата? Овој закон ќе има страшни последици по буџетот и вработувањата, односно ќе значи оставање на улица 10.000 вработени, играње на црно и враќање на сивата економија на голема врата, и ова го имаме како доказ од регионот конкретно од Албанија, констатира Илијевски.

Од АСОМ потенцираа дека тие се сериозна организација која низ годините понуди многу предлози како да се унапреди целата индустрија по европски терк. Тие истакнаа дека имаат решенија, сериозен правен тим и искуство од европски земји каде нивните членки работат и дека се понудиле вистински да ѝ помогнат на Владата да дојде до подобар закон, но таа останала глува на нивните барања.

Точно знаеме како да се одговори на сите предизвици за евентуални штетни појави бидејќи за тоа има светски докажани пракси. И за ова со години се бориме бидејќи ова е пред сѐ наш интерес. Наш интерес е самата индустрија да напредува, а легислативата да се европеизира. Ова што го прави Владата не е тоа, рекоа од АСОМ.

Тие посочија дека само во последниот месец откако Владата ги прифати измените на Законот за игри на среќа на предлог на Министерството за финансии, на различни начини преку отворени писма до Владата, јавни повици преку медиумите, писма до Делегацијата на Европската Унија во земјава, писма до Собранието итн., се обиделе да ги повикаат на дијалог, но, велат од АСОМ, институциите тенденциозно ги игнорирале.

Владата доби јасна порака и од евроамбасадорот Гир дека не смее да се злоупотребува ЕУ знаменцето за носење закони без дебата. Во комуникација со пратеници и политички групи сите потврдуваат дека нема основ за европско знаменце на овој закон, но сѐ уште не е повлечено. Бараме итно повлекување на Законот за игри на среќа и негово носење во редовна постапка. – потенцираа од АСОМ.

Од АСОМ порачаа дека до крај ќе се борат против закон кој значи затворање на легалната индустрија на игри на среќа, која постои секаде во светот и која во нашата земја во буџетот годишно носи прилив од 250 милиони евра.

Доколку институциите останат глуви на нивните апели и покрај сите обиди за дијалог, од АСОМ најавуваат и масовни протести.

Повеќе вести...
барај огласи за вработување » барај останати огласи »