Промовирани огласи »

Утврдувањето на новиот износ на минимална плата е на дневен ред на денешната седница на Економско социјалниот совет што ќе се одржи во Владата на Република Северна Македонија.

Со седницата на Економско социјален совет ќе претседава министерката за труд и социјална политика, Јованка Тренчевска.

По завршувањето на седницата предвидени се изјави за медиуми на вицепремиерот задолжен за економски прашања, координација на економските ресори и инвестиции, Фатмир Битиќи и на министерка за труд и социјална политика, Јована Тренчевска.

Промовирани огласи »

Зголемените цени и пазарната неизвесност го одбележаа секторот на недвижности ширум светот во 2022 година. Високата побарувачка, повлекувањето на инвеститорите и се поскапите кредити целосно го нарушија пазарот и драстично ги покачија цените на квадратурата и закупот на недвижен имот. Сега, се чини, се појавуваат нови околности и тоа значи дека треба да очекуваме пресврт и на овој план.

По период на скокови на цената на квадратите и до 30 отсто, градежната активност забавува и во Србија. Се намалува бројот на одобрени градежни дозволи, инвеститорите стануваат повнимателни и тоа несомнено го менува односот понуда и побарувачка на пазарот, а со тоа и цената.

По повеќе од 20 години поскапување на недвижностите, оваа година очекуваме пазарот да се смири. Пазарот на недвижности полека влегува во помирна фаза - изјави Борко Драшковиќ, директор на Републичкиот геодетски завод.

Тој потсети дека нагло поскапување имавме во периодот од средината на 2001 година до крајот на 2022 година.

Сега очекуваме дека пазарот ќе се смири. Тоа не значи дека ќе има пад на цените на недвижностите, туку, како што вели, само ќе влеземе во мирен период што се однесува до пазарот на недвижности. Нè очекува многу предвидлив период - изјави Драшковиќ.

Блиц.бизнис

Промовирани огласи »

Мајорел повеќе од една година активно работи на македонскиот пазар, обезбедувајќи корисничка поддршка за своите клиенти, но најголемата поддршка и грижа ја дава на своите вработени, кои се витален дел од компанијата. Добиениот сертификат само ја потврдува веќе докажаната одлична работна средина, компаниска култура и грижата за своите вработени.

Сертификацијата Great Place to Work е глобален авторитет за извонредност на работното место, а компаниите што го заработиле докажано имаат подобро организациско здравје, поголем ангажман на вработените и подобри финансиски придобивки.  Сертифицираните компании се докажани како подобри места за работа, а нивните вработени се поангажирани и попродуктивни.

„Да се биде оценет од вработените со толку високи оценки како Great Place to Work за нас е едно големо признание од страна на колегите” вели Елена Мановска, Генерален Менаџер на Мајорел во Скопје. „Овој процес на сертификација за нас резултираше во валидни и значајни податоци кои ќе ни помогнат во нашата мисија да се развиваме како посакувана компанија за работа“.

Што ја прави компанијата одлично место за работа? Одговорот е различен за секоја организација, но има некои заеднички теми. Одлично место за работа е она за кое вработените се чувствуваат горди што работат, каде што се чувствуваат поддржани и ценети и каде што имаат можност да учат и растат. Тоа е исто така место каде што луѓето се чувствуваат удобно да бидат свои и каде што можат да градат силни односи со своите колеги.

“Да се биде сертифициран како атрактивен работодавач е важна пресвртница за секоја компанија. Тоа значи дека сте одлично место за работа, каде што вработените се среќни и задоволни. Резултатите од анонимната анкета спроведена во Мајорел Македонија од страна на Great Place to Work,  покажуваат дека 90% од вработените овде чувствуваат чувство на другарство, а 89% велат дека правичноста е врвен приоритет. 86% од вработените се чувствуваат горди што работат за нас, а 86% од нив велат дека имаме висок кредибилитет. Имаме и високи оценки за почит, при што 85% од вработените велат дека почитта е интегриран дел од секојдневието во нашата компанија. Горди сме на нашите вработени и горди сме на остварените резултати. Задоволството на вработените за нас е навистина многу важно, со ова докажуваме и на дело дека навистина имаме средина во која вработените се задоволни и среќни. Со сертификатот Great place to work ова го потврдуваме уште еднаш, а задоволството е уште поголемо со тоа што Мајорел Македонија е  една  од ретките компании во нашата земја  кои  го поседуваат сертификатот Great Place to Work,” вели  Виолета Вукелиќ -  HR Менаџер во Мајорел Македонија.

Добрите работодавачи имаат едно нешто заедничко, тие се посветени на веродостојно, фер лидерство и активно негување на вработените. Почитта, довербата и тимскиот дух се главен дел од корпоративната културата.

Како да се приклучите на Мајорел?

Мајорел има отворени работни позиции за Специјалист за Корисничка поддршка со познавање на германски и англиски јазик. Не е потребно претходно работно искуство за да се приклучите на тимот на Мајорел.

За да работите и вие во Great Place to Work, аплицирајте на следнив линк. 

Програмата за сертификација „Great Place to Work® Certified“, препознава посебна посветеност на работодавачите за креирање на вистинското работно место и култура, и се доделува врз основа на проверена постапка. Ова вклучува независни, анонимни повратни информации од вработените и анализа на активности и програми.

Повеќе за Great Place to Work®:

Great Place to Work® е меѓународен истражувачки и консултантски институт кој поддржува компании во околу 60 земји во развојот на нивната корпоративна и култура на работното место. Култура фокусирана на доверба и перформанси не само што обезбедуваат мотивација и лојалност од вработените, туку ги зајакнува и економските перформанси на една компанија. Тоа дава значаен придонес за успешно управување со процесите на промена како што се дигиталната трансформација или демографските промена. Секоја година, Great Place to Work® доделува сертификација на многу добри меѓународни, национални, регионални и секторски специфични работодавци како признание за нивните перформанси врз основа на анонимни анкети на вработените и анализа на корпоративната култура. Германскиот институт со седиште во Келн е основан во 2002 година - www.greatplacetowork.de

Промовирани огласи »

Групацијата на скопските авто такси превозници соопшти дека денеска упатиле барање до Град Скопје за решавање на проблемите со такси превозот, преку кои, според нив, граѓаните ќе добијат делумно почист воздух и делумно намалување на сообраќајниот метеж во градот, како и околу 1.200 до 1.500 нови вработувања.

Тие бараат решение за проблемите со жолтите таблички поради коишто возачите не можат да ги обноват возилата, решавање на проблемите со возачите без лиценци, без фискални таксиметри, со диво наштелувани фискални сметки и таксиметри, не пријавените такси возачи, задолжителните обележја и не совпаѓањето на лиценците со возилата.

Сето ова преставува нелојална конкуренција, сива економија, ја доведува во прашање безбедноста на патниците и другите учесници во сообраќајот, го зголемува метежот во сообраќајот, го зголемува загадувањето во градот и создаваат лоша претстава за такси дејноста во Градот Скопје, се наведува во соопштението.

Како организатор на авто такси дејноста, од Градот Скопје бараат да го среди хаосот во авто такси превозот, да се заложи за поголема безбедност на граѓаните кои користат авто такси превоз и да ја доведе такси дејноста, како што се вели во соопштението, на едно пристојно ниво преку постоечките закони, одлуки и соодветни прописи кои само треба да се спроведуваат.

Повеќе вести...
барај огласи за вработување » барај останати огласи »